Народна Република Македонија
Изглед
(Пренасочено од НРМ)
Народна Република Македонија
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Денес над Македонија |
||||||
Главен град (и најголем) | Скопје | |||||
Службен јазик | македонски | |||||
Уредување | еднопартиски систем | |||||
федерална единица на Југославија | ||||||
• | Одржување на АСНОМ и основање на државата под името ДФ Македонија | 2 август 1944 | ||||
• | од Кралство Југославија | 8 март 1946 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 25,713 км2 |
Народна Република Македонија — името на македонската држава од 8 март 1946 до 12 април 1963. Претходниот назив на државата бил Демократска Федерална Македонија, а Президиумот на Народното Собрание го сменил називот поради уставните промени. На 12 април 1963 година, името на државата повторно било сменето во Социјалистичка Република Македонија, врз основа на Одлуката за прогласување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Народното собрание на Народна Република Македонија, на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите.[1] Во 1991 година, по одржување на референдумското изјаснување, прогласена е независна Република Македонија.
Поважни настани
[уреди | уреди извор]- Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвоила првиот Устав на НР Македонија.
- Формирано е Друштвото на писателите на Македонија.
- Основана е Македонската опера.
- Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија.
- Основан е Македонскиот балет.
- Основан е Институтот за национална историја.
- Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија.
- Основан е Универзитетот Кирил и Методиј.
- Формиран Македонскиот фудбалски сојуз.
- Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
- Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации.
- Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква.
- Во 1963 се случил катастрофален земјотрес во Скопје.
Територијално административна поделба
[уреди | уреди извор]- Во 1952 година, со Законот за поделба на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини, биле за првпат воведени околиите и општините како локални територијални единици. Истата година Народна Република Македонија била поделена на 18 околии, 27 градски општини и 205 општини.
- Во 1955 година, со Законот за подрачјата на околиите и општините, во Народна Република Македонија имало 7 околии и 73 општини.
- Скопската околија се состоела од 9 општини: Бутел, Ѓорче Петров, Драчево, Петровец, Ракотинци, Идадија, Кале, Кисела Вода и Саат Кула
- Битолската околија се состоела од 13 општини: Битола, Бистрица, Демир Хисар, Дихово, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Кукуречани, Мориово, Новаци, Плетвар, Прилеп и Тополчани.
- Кумановската околија се состоела од 9 општини: Клечевце, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Орашац, Ранковце, Старо Нагоричане и Табановце
- Охридската околија се состоела од 9 општини: Белчишта, Брод, Дебар, Кичево, Косел, Осломеј, Охрид, Ресен, Струга
- Тетовската околија се состоела од 7 општини: Врапчиште, Гостивар, Жеровјани, Маврово, Сараќино, Тетово и Теарце
- Титовелешката околија се состоела од 11 општини: Богданци, Богомила, Валандово, Гевгелија, Градско, Кавадарци, Конопиште, Неготино, Отовица, Велес и Чашка
- Штипската околија се состоела од 15 општини: Берово, Босилово, Василево, Виница, Делчево, Кочани, Ново Село, Облешево, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Џумајлија и Штип
- Во текот на 1962 година бројот на општините бил намален на 61.
- Во 1966 година биле укинати околиите.
Литература
[уреди | уреди извор]- Гордана Сиљановска-Давкова, Владимир Митков, Локална самоуправа, Скопје, 2000
- Светомир Шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Одлука за прогласување на уставот на Социјалистичка Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 12 април 1963. стр. 217. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-05-11. Посетено на 11 ноември 2023.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Државност на Македонија |
|
---|---|