Прејди на содржината

Паситеја (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паситеја
Откривање
ОткривачСкот Шепард 2001
Паситеја (месечина)
Паситеја (месечина)

Паситеја (старогрчки: Πασιθέα) или Јупитер XXXVIII — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е од страна на екипа астрономи од Универзитетот на Хаваи предводени од Скот Шепард во 2001 година и првично бил означен под името S/2001 J6.

Паситеја има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23,307 Gm во 727,933 дена, со наклон од 166° до еклиптиката (164° до Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со орбитално занесување 0,3289.

Месечината е именувана во август 2003 година според Паситеја, една од харитите (грациите), ќерка на Зевс (Јупитер).

Таа припаѓа во т.н. Кармина група, составена од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 Gm и наклон од околу 165 °.