Скопски Санџак
Скопски санџак Üsküb Sancağı | ||||||
Санџак на на Отоманското Царство | ||||||
| ||||||
| ||||||
Главен град | Скопје | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 14 век | ||||
- | Лондонски договор (1913) | 30 мај 1913 | ||||
Денес во | Македонија |
Скопскиот санџак на почетокот од османлиските освојувања на Балканот припаѓал на Румелискиот вилает. 1392 година Скопје потпаѓа под османлиска власт и станува административе центар на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак бил прва организирана османлиска провинција на територијата на балканските земји и база за навлегување кон север и запад.
Скопје, станува дел од Отоманското Царство на 6 јануари 1392 година.[1] Прв отомански управител на Скопје бил Паша Јигит Бег.[2] Следен управител бил Исак-бег, кој бил испратен да ги предводи воените операции во Србија во текот на 1439 година. Подоцна Исак-бег бил заменет од неговиот син Иса-бег Исаковиќ на позицијата санџакбег на Скопскиот санџак.[3]
Скопскиот санџак е формиран околу 1553/54 година, т.е. во средина на 16 век. Во рамките на Скопскиот санџак влегувале четири нахии, како и вакафските имоти во Скопје, Скопско, Тетово и Тетовско. Во склоп на Скопскиот санџак влегувале нахиите:
Пред создавањето на Скопскиот санџак, споменатите четири нахии биле во составот на Паша-санџакот. Оригиналот на Опширниот пописен дефтер за Скопскиот санџак (Defter-i mufassal liva-i Uskup) се чува во Главната катастарска управа во Анкара.
Во 1875 година Скопскиот санџак влегува во состав на Битолскиот вилает, а под негова ингеренција биле казите во: Скопје, Кумоново, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
На почетокот од 20. век Скопскиот санџак му припаѓал на Косовскиот вилает.
Афуз-паша изградил повеќе објекти во тогашно Скопје. Подигнал занаетчиско училиште „Ислахане“, во кое учеле сиромашните деца од градот. Во училиштето имало и интернат. Ја изградил и гимназијата „Идадија - мектеби“. Ги уредил коритата на реките Вардар и Серава.[5]
За време на Илинденското востание, 1903 година во Скопскиот санџак, биле опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др. Вкупно во санџакот биле опожарени 94 куќи и испоклани 60 души.
Согласно Мирцштешките реформи, турската влада била приморана да направи реформи во управувањето со Македонија, според кои Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери.
Расформирање
[уреди | уреди извор]Во текот на Првата балканска војна, 1912 година и на почетокот од 1913 година Скопскиот санџак бил окупиран од Кралството Србија. Врз основа на Лондонскиот договор, потпишан на Лондонската конференција 1913 година, неговите територии станале дел од Србија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Archeological exavations "Skopsko Kale"“. skopskokale.com.mk. Архивирано од изворникот на 2011-02-07. Посетено на 2011-02-07.
The handwriting of the triod of the Khludov collection in the Moscow Historical Museum no. 162, completed on 6 January 1392, on the day of the Ottoman conquest of Skopje.
- ↑ Houtsma, Martijn Theodoor (1993), Encyclopaedia of Islam, VIII, Netherlands: E.J. Brill and Luzac and Co., стр. 876
- ↑ Godišnjak (српскохрватски). Sarajevo, SFR Yugoslavia: Društvo Istoričara Bosne i Hercegovine: 46. 1953.
To se najbolje vidi iz sadržine vijesti na osnovu koje znamo za njihovu prisutnost u Bosni 1438 godine, a još bolje iz činjenice da se u proljeće sljedeće godine ovdje pojavio novi skopski sandžakbeg Isa-beg, sin dotadašnjeg skopskog sandžaka Ishak bega koji je bio upućen na akcije u Srbiji
Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том VI, книга I, стр. 7.
- ↑ vest.com.mk Архивирано на 2 август 2014 г., Улицата Афуз-пашина е крстена по турскиот паша Афуз, пребарано на 24 мај 2010 г.