Српска кирилична азбука
Српската азбука е азбука за пишување на српскиот јазик, и ја наоѓаме во две варијанти: кирилична (т.н. „Вуковица“) и латинична (тн. „Гаица“). Адаптацијата на кирилицата посебно за српскиот јазик била направена во 1818 од српскиот јазичар Вук Караџиќ. Азбуката била официјално признаена за државна дури во 1868. Латиничната азбука пак, е заснована на гаицата.
Караџиќ ја засновал неговата азбука на кирилицата, на едноставниот принцип „Пишуваj како што зборуваш и читај како што е напишано“ (срп. Пиши као што говориш и читај како је написано). Српската латиница е иста со хрватската азбука, во главно дело на Људевит Гај. Двете азбуки се користат наизменично.
Кирилицата е потрадиционална, и ужива официјален статус во Србија и Република Српска (БиХ), иако латиницата зела голем замав низ XX век. Српската латиница почесто се користи во Црна Гора. Српскиот јазик и кирилицата исто така имаат официјален и рамноправен статус во Босна и Херцеговина (на федеративно ниво), во Брчко дистрикт и во Федерацијата Босна и Херцеговина.
Заедно со делата на Крсте Мисирков и Венко Марковски, српската азбука била искористена како основа на македонската азбука .
Азбука
[уреди | уреди извор]На оваа таблица се прикаани големите и мали печатни кирилични српски букви, заедно со нивните латински и македонски еквиваленти:
Кирилица Латиница Македонски еквив. |
А а A a А а |
Б б B b Б б |
В в V v В в |
Г г G g Г г |
Д д D d Д д |
Ђ ђ Đ đ Ѓ ѓ |
Е е E e E e |
Ж ж Ž ž Ж ж |
З з Z z З з |
И и I i И и |
Кирилица Латиница Македонски еквив. |
Ј ј J j Ј ј |
К к K k К к |
Л л L l Л л |
Љ љ Lj lj Љ љ |
М м M m М м |
Н н N n Н н |
Њ њ Nj nj Њ њ |
О о O o О о |
П п P p П п |
Р р R r Р р |
Кирилица Латиница Македонски еквив. |
С с S s С с |
Т т T t Т т |
Ћ ћ Ć ć Ќ ќ |
У у U u У у |
Ф ф F f Ф ф |
Х х H h Х х |
Ц ц C c Ц ц |
Ч ч Č č Ч ч |
Џ џ Dž dž Џ џ |
Ш ш Š š Ш ш |
Подолу е прикажана српската ракописна кирилица:
Уникатни букви
[уреди | уреди извор]Лигатурите Љ и Њ, заедно со Џ, Ђ и Ћ биле специјално измислени за српската азбука.
- Караџиќ ги засновал буквите Љ и Њ на идејата на Сава Мркаљ, комбинирајќи ги буквите Л и Н со мек знак (Ь).
- Караџиќ го засновал Џ на буква од романската кирилица.
- Ћ го претставувала звукот ʨ (по МФА). Буквата била заснована на, и прифатена од, буквата Ѓерв, глаголска буква од XII век. Ова буква се користела во пишаниот српски од XII век, и ги означувала г', д' и африкативните звуци дж'.
- Караџиќ ја прифатил идејата на Лукијан Мушицки за буквата Ђ. Била заснована на буквата Ћ, според адаптацијата на Караџиќ.
- Ј била преземена од латиницата.
Љ, Њ и Џ подоцна биле преземени во македонската азбука.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Омниглот - Српски, хрватски и босански
- Српска азбука Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Српска кирилица Архивирано на 4 јуни 2007 г.
Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|