Лужники (стадион)
Стадион „Лужники“ | |
---|---|
Место | Хамовники, Москва, Русија |
Координати | 55°42′57.56″N 37°33′13.53″E / 55.7159889° СГШ; 37.5537583° ИГД |
Започнат | 1955 |
Отворен | 31 јули 1956 |
Реновиран | 1996–1997, 2001–2004, 2013–2017 |
Сопственик | Влада на Русија |
Оператор | Олимписки комплекс „Лужники“ |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | €350 милиони (2013–2017)[1] |
Архитект | PA Arena, Gmp Architekten и Mosproject-4 |
Игра | Русија |
Гледачи | 81,000 |
Стадионот „Лужники“ (руски: стадион «Лужники») — национален стадион на Русија, кој се наоѓа во главниот град Москва. Неговата вкупна сместивост за седење од 81.000 го прави најголемиот фудбалски стадион во Русија и еден од најголемите стадиони во Европа. Стадионот е дел од Олимпискиот комплекс Лужники и се наоѓа во округот Хамовники во Централниот административен округ во Москва. Името „Лужники“ произлегува од поплавните ливади во свиокот на реката Москва каде е изграден стадионот.
Лужники бил главен стадион на Олимписките игри во 1980 година, каде што биле организирани церемонии за отворање и затворање на игрите, како и некои од натпреварите, вклучувајќи го и финалето на фудбалскиот турнир. Стадионот според критериумите на УЕФА спаѓа во категоријата 4. Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА во 1999 година и финалето на Лигата на шампионите во 2008 година. Стадионот исто така бил домаќин на настани како Летната Универзијада 1973 година и Светското првенство во атлетика во 2013 година. Стадионот е именуван како главен за Светското првенство во фудбал во 2018 година и ќе биде домаќин на 7 натпревари од турнирот, вклучувајќи го и финалето.
Во минатото, стадионот бил користен за фудбалски натпревари на ЦСКА Москва, Спартак Москва и Торпедо Москва, меѓутоа, во моментов не постојат клубови чии домаќински натпревари ги играт на стадионот. Денес, стадионот главно се користи како еден од домашните терени на Руската фудбалска репрезентација. Стадионот се користи од време на време за разни други спортски настани и за концерти. Исто така, стадионот е домаќин на финалето на домашниот Куп во Русија.
Стадионот е еден од ретките големи европски фудбалски стадиони кои користат вештачки терен (FieldTurf), одобрен од ФИФА во 2002 година. Сепак, финалната природна трева била ставена за финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2008 година.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Стадионот се наоѓа се наоѓа во округот Хамовники во Централниот административен округ во Москва, југозападно од центарот на градот. Името „Лужники“ произлегува од поплавните ливади во свиокот на реката Москва каде е изграден стадионот. Лужники се наоѓа релативно во близина на центарот на градот и има удобен пристап до главните сообраќајни системи со сите делови на главниот град[2].
Историја
[уреди | уреди извор]Изградба
[уреди | уреди извор]На 23 декември 1954 година, Владата на СССР усвоила резолуција за изградба на стадионот во областа Лужники во Москва.
Одлуката на советската влада била одговор на конкретната актуелна меѓународна ситуација: до почетокот на 1950-тите, советските спортисти за првпат по Големата патриотска војна учествувале на светските спортски турнири, учествувајќи на Олимписките игри. Летните олимписки игри во Хелсинки од 1952 година на Советскиот тим донел 71 медал (од кои 22 злата) и второ место во неофицијалниот тимски пласман. Тоа претставувало голем успех, но зголемениот атлетски развој на Советскиот Сојуз, кој било прашање на државната политика, барало изградба на нов спортски комплекс. Предложениот комплекс требало да ги задоволи сите современи меѓународни стандарди и воедно да служи како база за обука на олимпискиот тим и арена за големи домашни и меѓународни натпревари.
Стадионот бил изграден во 1955-56 како Централен стадион „Ленин“. Градежните материјали биле користени од Ленинград и Ерменска ССР, електрични и дабови греди за гледачите од Украинска ССР, мебел од Рига, стакло од Минск, електрична опрема од Подолск во Московска област и дрвени предмети од Сибир. Освен тоа било неопходно да се уништат околните градби цела (вклучувајќи ја и црквата Св. Троица). Поради тоа што почвата била влажна, речиси целата област околу комплексот морала да се подигне половина метар.
Стадионот бил официјално отворен на 31 јули 1956 година[3], изграден за само 450 дена, и бил национален стадион на Советскиот Сојуз.
Летни олимписки игри 1980
[уреди | уреди извор]Стадионот бил главното место за Летните олимписки игри 1980[4], а сместивоста на гледачите бил 103.000 во тоа време. Настаните што биле организирани на овој стадион биле церемониите за отворање и затворање, атлетика, финалето во фудбал и поединечното јавање[5].
Катастрофата од 1982
[уреди | уреди извор]На 20 октомври 1982 година се случила катастрофата за време на натпреварот на Купот на УЕФА помеѓу ФК Спартак Москва и ХФЦ Харлем. 66 луѓе загинале во стампедото,[6].
1990-тите и 2000-тите
[уреди | уреди извор]Во 1992 година стадионот билпреименуван во стадион „Лужники“. Обемното реновирање започнало во 1996 година и резултирало со намалување на сместивоста[3].
Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА во 1999 година, во која Парма го поразил на Марсеј во вториот финален куп на УЕФА, кој се одиграл како единствен натпревар.
Стадионот Лужники бил избран од страна на УЕФА да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2008, освоено од Манчестер Јунајтед, кој го победил Челзи во финалето на 21 мај.
Во август 2013 година, стадионот бил домаќин на Светското атлетско првенство.
Реновирање
[уреди | уреди извор]Оригиналниот стадион бил срушен во 2013 година. Фасадниот ѕид бил задржан, исто така, поради неговата архитектонска вредност, а подоцна бил повторно поврзан со новата зграда. Изградбата на новиот стадион била завршена во 2017 година.[7].
Организацијата на светското првенство во фудбал во 2018 година било доделено на Русија, а стадионот бил избран од страна на Русија како место за отворање на турнирот, а исто така и место за одржување на финалето на 15 јули 2018 година.
Сместивоста на стадионот била зголемена од 78.000 на 81.000 места[8][9].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „TASS: Sport - Reconstruction of World Cup 2018 opening match stadium to cost 350 mln euros“. Special.tass.ru. 2015-07-09. Архивирано од изворникот на 2020-10-05. Посетено на 2018-06-06.
- ↑ „История создания комплекса“ [Moscow to host Champions League final on natural grass]. Luzhniki Stadium. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 10 December 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Luzhniki Stadium“. The Stadium Guide.
- ↑ Flanagan, Aaron (2017-09-22). „Russia World Cup final venue completed as new look Luzhniki Stadium is revealed“. mirror. Посетено на 2017-12-07.
- ↑ 1980 Summer Olympics official report. Архивирано на 18 ноември 2008 г. Volume 2. Part 1. pp. 48-51.
- ↑ Зайкин, В. (20 July 1989). Трагедия в Лужниках. Факты и вымысел. Известия (руски) (202). Архивирано од изворникот на 2018-09-15. Посетено на 6 February 2012.
- ↑ „Реконструкция Лужников - образец заботы о культурном наследии - мэр“. m24.ru. Архивирано од изворникот на 2017-04-07. Посетено на 2018-06-14.
- ↑ „See the incredible snaps as workmen complete new-look 81,000-seater Moscow stadium in time for 2018 World Cup Final“. The Sun (англиски). 2017-03-23. Посетено на 2017-12-07.
- ↑ FIFA.com (1900-01-01). „Luzhniki Stadium blossoms as it prepares for a new chapter“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-07. Посетено на 2017-12-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лужники (стадион)“ на Ризницата ? |