Тихи Океан
Тихи Океан | |
---|---|
Координати | 0°N 160°W / 0° СГШ; 160° ЗГД |
Површина | 165,250,000 км2 |
Прос. длабочина | 4280 м |
Најг. длабочина | 10.911 м |
Зафатнина | 710.000.000 км3 |
Населени места | Акапулко, Анадир, Енкориџ, Апија, Окленд, Бризбејн, Буенавентура, Каљао, Крајстчерч, Консепсион, Давао, Гвајакил, Хонгконг, Хонолулу, Џакарта, Лима, Лос Анџелес, Мачала, Магадан, Манила, Манта, Мазатлан, Мелбурн, Нов Тајпеј, Нумеја, Осака, Панама, Папете, Сан Диего, Сиетл, Сендај, Шангај, Шизуока, Сува, Сиднеј, Тихуана, Токио, Валпараисо, Ванкувер, Велингтон, Владивосток, Фангареј, Јокохама, Јокосука |
Океани |
---|
Тихи Океан или Пацифик (латински: Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) — најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото Море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км2, а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наоѓа во Мариканскиот Ров близу Маријанските Острови што воедно ја претставува и најголемата длабочина на море во светот.[1] Во Тихиот Океан има голем број острови и островски држави. Исто така во Тихиот Океан постојат околу 25.000 острови (повеќе отколку во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екваторот.[2]
Долж неправилните западни граници на Тихиот Океан, лежат многу рабни мориња, од кои најголеми се Коралното, Јужнокинеското, Јапонското, Тасмановото и Жолтото. Малачкиот Проток е споен со Индискиот Океан на запад, како и Магелановиот Проток на исток со Атлантикот. На север, Беринговиот Проток го спојува со Северноледениот Океан.
Како Тихиот Океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азиската страна на океанот правилно се смета за источна на Тихим океан, додека спротивната страна е западната на Тихиот Океан. Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува на источен и западен дел. Но, на некој места се одделува од таа географска одредница. Тако на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азија, потоа се врти спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа многу појужно се сврти спрема запад како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некои помали острови.
Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнена земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името. Сепак ,подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот Океан е подложно на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнуваат на тоа подрачје. Еден од најопасните е цунами, (кои се последица на подводните потреси) со огромни бранови кои ги уништуваат островите и градовите на својот пат.
Држави и територии
[уреди | уреди извор]Држави и територии кои се наоѓаат во самиот океан или граничат со истиот:
Независни држави
[уреди | уреди извор]- Австралија
- Брунеј
- Вануату
- Виетнам
- Гватемала
- Еквадор
- Ел Салвадор
- Индонезија
- Источен Тимор
- Јапонија
- Камбоџа
- Канада
- НР Кина
- Кирибати
- Колумбија
- Јужна Кореја
- ДНР Кореја
- Костарика
- Малезија
- Маршалски Острови
- Мексико
- СД Микронезија
- Науру
- Никарагва
- Нов Зеланд
- Палау
- Панама
- Папуа Нова Гвинеја
- Перу
- Русија
- САД
- Самоа
- Сингапур
- Соломони
- Тајван
- Тајланд
- Тонга
- Тувалу
- Филипини
- Фиџи
- Хондурас
- Чиле
Територии
[уреди | уреди извор]- Американска Самоа (САД)
- Остров Бејкер (САД)
- Валис и Футуна (Франција)
- Вејк (САД)
- Велигденски Остров (Чиле)
- Гуам (САД)
- Кингменов Гребен (САД)
- Коралноморски Острови (Австралија)
- Кукови Острови (Нов Зеланд)
- Макао (Кина)
- Мидвејски Атол (САД)
- Ниуе (Нов Зеланд)
- Нова Каледонија (Франција)
- Остров Норфолк (Австралија)
- Палмирски Атол (САД)
- Питкерн (ОК)
- Северни Маријански Острови (САД)
- Токелау (Нов Зеланд)
- Француска Полинезија (Франција)
- Хоуленд (САД)
- Хонгконг (Кина)
- Џарвис (САД)
- Џонстонов Атол (САД)
Тихиот Океан како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Тихиот Океан, како на пример:
- „Тихиот Океан, Pacific grows“ — расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Japan Atlas: Japan Marine Science and Technology Center“. Посетено на 4 јули 2007.
- ↑ International Hydrographic Organization (1953). „Limits of Oceans and Seas“ (PDF) (3. изд.). Monte Carlo, Monaco: International Hydrographic Organization. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-07. Посетено на 12 јуни 2010.
- ↑ Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 31-35.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|