ФК Селта Виго
Целосно име | Реал клуб Селта де Виго Real Club Celta de Vigo, S.A.D. | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Небесно сините (Los/Os Celestes) | |||
Скратено име | Селта | |||
Основан | 10 август 1923 | |||
Стадион | Стадион Балаидос (Капацитет: 29,000) | |||
Претседател | Карлос Мурињо | |||
Лига | Ла лига | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
|
Реал клуб Селта де Виго (галисиски превод: Кралскиот Селтик Клуб од Виго; попознат како Селта де Виго или едноставно Селта) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Виго, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Наречени Os Celestes (Небесно сините), клубот е основан во 1923 година како Клуб Селта, по спојувањето на два тима од Виго. Домашниот стадион на клубот е Балаидос, кој собира 29.000 гледачи.
Името на клубот потекнува од Келтите, народ кој некогаш живеел во регионот. Неговиот главен ривал е уште еден галисиски клуб Депортиво Ла Коруња, со кого се натпреварува во галисиското дерби.
Селта никогаш не ја освоила титулата во лигата, ниту Купот на кралот, иако трипати стигнала до финалето во купот. Четвртото место во сезоната 2002-03 било најдоброто место на кое завршил тимот во Ла лига, притоа квалификувајќи се во Лигата на шампионите на УЕФА 2003/04, каде што биле елиминирани од Арсенал во осминафиналето. Во Лигата на Европа 2016-17, Селта стигнала првпат до полуфинале, губејќи од Манчестер Јунајтед.
Историја
[уреди | уреди извор]Основање
[уреди | уреди извор]Селта Виго е формирана како резултат на амбицијата на тимовите во Виго да постигнат повеќе на национално ниво, каде баскиските тимови биле нивните најголеми ривали во шпанското првенство. Идејата било да се спојат два тима за да се создаде помоќен тим на национално ниво. Носител на ова движење бил Мануел де Кастро, познат како „Хендикеп“, спортски писател на Фаро де Виго, кој од 1915 година почнал да пишува во своите написи за потребата од унитарно движење. Слоганот на неговото движење било „Todo por y para Vigo“ („Сите за и за Виго“), што на крајот нашло поддршка меѓу менаџерите на Реал Виго Спортинг и Реал Клуб Фортуна де Виго. Тоа било едногласно поддржано кога самиот Де Кастро го претставил предлогот на собранието на Кралската шпанска фудбалска федерација во Мадрид на 22 јуни 1923 година.
На 12 јули 1923 година, на годишните генерални состаноци на Виго и Фортуна одржани во театарот Одеон и во хотелот Модерно, соодветно, спојувањето било одобрено. Така се родил „Тимот на Галисија“, како што бил наречен. На последниот генерален состанок на Фортуна и Виго за одобрување на формирање на нов клуб одржан на 10 август 1923 година, членовите одлучиле за името на тимот. Различни предложени имиња вклучувале „Реал Унион де Виго“, „Клуб Галисија“, „Реал Атлантик“, „Бреоган“ и „Реал клуб Олимпико“. Последното име било популарно, но тие на крајот се одлучиле за „Реал Клуб Селта“, етничка раса поврзана со Галисија. Првиот претседател на Селта бил Мануел Барцена де Андрес, грофот на Торе Цедеира. На овој состанок бил одлучен и составот кој броел вкупно 64 играчи и вклучувал неколку значајни играчи и од Фортуна и од Виго, а раководени од Френсис Каги.
Во 1947/48, Селта се рангирала на заедничкото најдобро 4-то место (со 2003 година) и стигнала до финалето на Копа дел генералисимо, каде што загубила со 4-1 од Севиља. Локалниот напаѓач Пахињо, кој го освоиЛ трофејот Пичичи за 21 гол во 22 натпревари таа сезона, потоа се преселил во Реал Мадрид.[1]
ЕуроСелта и последователен пад
[уреди | уреди извор]Во доцните 1990-ти и раните 2000-ти, Селта била наречена „ЕуроСелта“ од шпанскиот печат како резултат на нивните европски подвизи. Ова вклучувало вкупна победа од 4-1 против Ливерпул во трката до четврт-финалето на Купот на УЕФА 1998/99.[2] Во изданието на следната сезона тие повторно стигнале до последните осум, со победа од 4-0 во реваншот над Јувентус и 7-0 на домашен терен против Бенфика (вкупно 8-1).[3] На домашен терен, тимот стигнал до финалето на Копа дел Реј во 2001 година, губејќи со 3–1 од Реал Сарагоса во Севиља.[4]
Клучните играчи во тој период ги вклучувало Александар Мостови, Валери Карпин и Хаим Ревиво, иако тимот се потпирал и на други меѓународни играчи, како што е голманот Пабло Каваљеро; дефанзивецот и иден тренер Едуардо Берицо, играчите од средниот ред Клод Макелеле и Мазињо; крилниот напаѓач Густаво Лопес; и напаѓачите Катања и Љубослав Пенев, меѓу другите.
Во 2002–03, Селта била 4-та под водство на Мигел Анхел Лотина (заеднички најдобро со 1948) и се квалификувала во Лигата на шампионите на УЕФА 2003/04. Тие испаднале во осминафиналето од Арсенал со вкупен резултат 5–2.[5] На домашен терен таа година, тимот бил на 19-тото место и претрпел испаѓање во Сегунда дивизион. Иако тимот бил силно расформиран по испаѓањето, Селта веднаш се вратила во првата лига откако завршила на второто место во 2004–05.[6]
Во 2006–07, Селта завршила на 18-тото место и повторно испаднала во Сегунда дивизион. Тимот потоа се борел против испаѓањето во третото ниво и ризикот од банкрот.[7] Овој тренд бил отфрлен во сезоната 2010–11, кога новиот напаѓач Давид Родригес, крилниот напаѓач Енрике де Лукас и менаџерот Пако Херера им помогнале да завршат на шестото место. Тие биле елиминирани во првата нокаут рунда од Гранада по изведувањето пенали, а натпреварот завршил 1–1 во 90 минути.
Враќање во Ла Лига и Европа
[уреди | уреди извор]На 3 јуни 2012 година, Селта се вратила во Ла Лига по петгодишно отсуство.[8] Во нивната прва сезона назад, тие избегнале испаѓање во Сегунда дивизион на последниот ден откако го победиле Еспањол со 1–0 за да обезбедат пласман на 17-то место.[9]
Под водство на ветеранот на „ЕуроСелта“ Едуардо Берицо во 2015–16, Селта завршила на 6-тото место, тоа бил нивниот најдобар резултат во една деценија и заработиле место во Лигата на Европа 2016/17.[10] Во нивното враќање во европските натпреварувања, Селта стигнала до полуфиналето на Лигата на Европа 2016/17, каде што била елиминирана од евентуалниот шампион Манчестер Јунајтед.
Грб и дрес
[уреди | уреди извор]Грб
[уреди | уреди извор]Оригиналниот грб на Селта бил прилично едноставен, со црвен штит со две стилизирани букви Cs (Клуб Селта) и кралската круна на Шпанија; во годината на неговото основање, клубот станал еден од бројните шпански фудбалски клубови на кои им било доделено покровителство од Алфонсо XIII и на тој начин имал право да го користи почесниот реал (Кралски) во нивните имиња и круната на нивната значка. Следната година бојата на штитот била променета во традиционалната небесно сина боја. Како и многу други галисиски клубови, како што се Компостела и Расинг Ферол, на грбот е и црвениот крст на Сент Џејмс кој бил додаден во 1928 година.[11] За време на Втората Шпанска Република (1931–1936), почесната титула и круната биле отстранети од името и грбот на клубот; сепак се вратиле под Франкова Шпанија.
Дрес
[уреди | уреди извор]Домашните бои на Селта се небесно сината и белата. Првично, нивниот домашен дрес се состоел од црвена маица, црни шорцеви и сини чорапи. Подоцна, на непознат датум, оваа боја била сменета во сегашните бои, што е претставник на галисиското знаме.
Селта го имале најдолготрајниот спонзорски договор во шпанскиот фудбал и еден од најдолготрајните во светот, со францускиот производител на автомобили Ситроен од 1985 до 2016 година.[12] Компанијата основала своја фабрика на непосредна близина од Балаидос во 1958 година, а првпат го спонзорирала женскиот кошаркарски тим на клубот во 1980 година. Во 2016 година, спонзорот бил сменет во оној на галисиската пиварница, Естрела Галисија, која се рекламирала на задниот дел од дресовите од 2011 година.[13] Нивниот деловен договор со добавувачот на комплети, Умбро, исто така бил еден од најдолготрајните, од 1986 до 2010 година.[14]
Година | Производител на дресови | Спонзор |
---|---|---|
Бренд | ||
1980–82 | Мејба | Никој |
1982–86 | Адидас | |
1986–10 | Умбро | Ситроен |
2010–13 | Ли-Нинг | |
2013–16 | Адидас | |
2016– | Естрела Галисија |
Играчи
[уреди | уреди извор]Прва екипа
[уреди | уреди извор]- Обновено на 1 септември 2022.[15]
|
|
Резервен тим
[уреди | уреди извор]
|
|
На позајмица
[уреди | уреди извор]
|
|
Рекорди
[уреди | уреди извор]Тимски
[уреди | уреди извор]Од 10 ноември 2022 година:[16]
- Најмногу голови во лигата: 174, Јаго Аспас (2008–2013, 2015–сега)[17]
- Најмногу голови во Ла Лига: 140, Јаго Аспас (2012–2013, 2015–сега)[17]
- Најмногу голови во една сезона: 69 (1998–99)
- Најмногу настапи во лигата: 432, Маноло (1966–1982)
- Најголема победа и најголема победа на домашен терен: 10–1 (против Гимнастик, 23 октомври 1949)
- Најголема победа на гости: 6–1 (против Атлетик Билбао, 24 март 2002)
- Најголем пораз и најголем пораз на гости: 0–10 (против Атлетик Билбао, 11 јануари 1942)
- Најмногу домашни поени во една сезона: 46 (1997–98)[18]
- Најмногу бодови на гости во една сезона: 27 (2015–16)[19]
Индивидуално
[уреди | уреди извор]Од 10 ноември 2022 година. Сите сегашни играчи се со задебелени букви.[16]
|
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fallece Pahíño, histórico goleador del fútbol español“. www.marca.com. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Kelly, Andy (2015-05-06). „Steven Gerrard Liverpool farewell: I was pleased to be taken off on debut“. Liverpool Echo (англиски). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Celta 7-0 Benfica foi há 20 anos. Da volta triunfal à goleada sem volta“. www.dn.pt (португалски). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „El Zaragoza vence al Celta y levanta su quinta Copa del Rey“. El País (шпански). 2001-06-30. ISSN 1134-6582. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Arsenal 2-0 Celta Vigo“ (англиски). 2004-03-10. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ UEFA.com (2005-06-18). „Spanish duo celebrate promotion | Inside UEFA“. UEFA.com (англиски). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „El Celta pide que las instituciones le saquen de la quiebra económica“. La Voz de Galicia (шпански). 2007-11-09. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Reuters | Breaking International News & Views“. Reuters (англиски). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Celta Vigo defy odds as four becomes relegated three in La Liga finale“. the Guardian (англиски). 2013-06-03. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Guajardo, Rodrigo (2016-05-14). „Berizzo feliz con el nivel del Celta: "Hicimos una temporada brillante" » Prensafútbol“. Prensafútbol (шпански). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Historia del R.C. Celta de Vigo“. Архивирано од изворникот на 2022-11-29. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Vigo (2016-05-31). „Citroën abandona la camiseta del Celta“. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Sport (2016-05-31). „Celta: Adiós a un patrocinador histórico: Tras 31 años con Citroën“. sport (шпански). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Vigo, Redacción- (2010-07-01). „El Celta y Umbro concluyen un cuarto de siglo de relación comercial“. Faro de Vigo (шпански). Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „PLANTILLA“ (шпански). Celta de Vigo. Посетено на 5 October 2020.
- ↑ 16,0 16,1 „Players Celta de Vigo“. www.bdfutbol.com. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ 17,0 17,1 „Iago Aspas, Iago Aspas Juncal - Footballer“. www.bdfutbol.com. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Fútbol - Primera División de España - La Liga 1997/1998 - Resultados detallados“. www.los-deportes.info. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ „Fútbol - Primera División de España - La Liga 2015/2016 - Clasificación“. www.los-deportes.info. Посетено на 2022-11-29.