Организација за храна и земјоделство на ООН
Изглед
(Пренасочено од FAO)
Организација за исхрана и земјоделство на ООН
| |
Амблемот на FAO со нејзиното латинско мото, Fiat Panis („Нека има леб“) | |
Кратенка | FAO |
---|---|
Основана | 16 октомври 1945 во Рим |
Вид | Специјализирана агенција |
Правен статус | активна |
Седиште | Рим, Италија |
Шеф | Ку Донгју |
Матична организација | ECOSOC |
Мреж. место | fao.org |
Организацијата за храна и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на Обединетите Нации за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО им помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.
ФАО има осум оддели:
- Земјоделство и заштита на потрошувачите
- Економски и социјален развој
- Рибарство и водостопанство
- Шумарство
- Човечки, финансиски и физички ресурси
- Знаење и комуникации
- Управување со природни ресурси и
- Заштита на околината и техничка соработка.
Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|