Неготино
Неготино | |
---|---|
Град | |
Градскиот плоштад во Неготино | |
Местоположба во Македонија | |
Координати: 41°29′N 22°06′E / 41.483° СГШ; 22.100° ИГД | |
Земја | Македонија |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Управа | |
• Градоначалник | Горан Стојанов(ВМРО-ДПМНЕ) |
Најг. вис. | 150 м |
Население | |
• Вкупно | 12,488 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | +389 043 |
Рег. таб. | NE |
Мреж. место | negotino.gov.mk |
Неготино — град во средишниот дел на Македонија, сместен во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, Неготино е оддалечено 95 км, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 км.
Градот претставува административно седиште на истоимената општина, која опфаќа уште и 12 села.
Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и добивање на вино.
Историја и потекло на името Неготино
[уреди | уреди извор]Антички период
[уреди | уреди извор]Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеја (Antigonea) која што во 3 век п.н.е. ја создал македонскиот владетел Антигон Гонат (278-242 п.н.е.), откако ја освоил Пеонија. Античкиот град бил стратешко седиште, добро укрепено, со импозантни градби и величествени храмови, пространи и раскошни палати изградени од мермер и делкан камен. Древниот град Антигонија постоел до почетокот на VI век, односно 518 година, кога бил разурнат од силен земјотрес, што го зафатил речиси целото подрачје на денешна Македонија. Тогаш катастрофално настрадале Скупи, Стоби, Хераклеја, Астибо, Идомена.
Османлиски период
[уреди | уреди извор]Денешниот град Неготино е создаден во доцниот среден век како занаетчиска населба.
По доаѓањето на Османлиите на овие простори (1385 година), Али Паша-Јанински повторно ја активирал тврдината, бидејќи во непосредна близина, од десната страна на реката Вардар, се протегал патот Скопје-Солун. На преминот од Демиркаписката Клисура неговата војска им наплатувала царина на трговците кои тука проаѓале.
Во првите години од XIX век Неготино било чифлик, составен од триесетина куќи. Го управувале Ќазим-бег и Кантур-бег. Подоцна до чифликот, според преданијата, некој богат трговец, по име Неготин, изградил ан кој служел за одмор и преноќевање на кираџиите и карваните. Се претпоставува дека оттогаш малата населба почнале да ја нарекуваат Неготино.
Во 1821 година богатиот Турчин Хаџи Таир-ага Синан во градот изградил саат-кула, џамија и безистен со околу 15 дуќани. Така почнувала да се образува и да расте населбата, која поради добрата местоположба привлекувала голем број на трговци и занаетчии од околните места. За брзиот развој на Неготино придонеле и неколкуте Евреи кои се доселиле од Солун во 1865 година.[1] Како гратче Неготино првпат се споменува дури во 1837 година. Тогаш овде се изградени црквата „Св. Атанас“ и ќелијно училиште, второ во Тиквешијата после ваташкото. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека Неготино (Тиквеш) имa една убава црква и едно мало училиште, две мошеи (џамии), една медреса, часовник и други старини[2]. Тука се собирал пазар од Велес, Штип, Прилеп, Дојран и Струмица секој четврток, а тука седелe и управни чиновници како ајан, кадија и муфтија[2]. Во 1879 година Неготино станало управно седиште на османлиската власт во Тиквешко. По една година градот веќе имал 1.800 жители, претежно Македонци. На почетокот на 20 век градот имал 700 куќи и чаршија со близу 300 дуќани. Во 1893 година неготинското училиште станало двокласно. Трговијата и занаетчиството се развиваат со позабрзано темпо. Значително пораснало и населението во градот. Се тргувало со грозје, вино, брашно, волна и свила. Трговската стока била пренесувана со сплавови за Солун, преку Вардар кој бил пловен од Велес до устието на Егејското Море. Економскиот подем на гратчето кулминира пред Балканските војни, кога населбата броела дури 700 куќи. Во градската чаршија и воопшто во целиот град, имало околу 300 занаетчиски и трговски дуќани. За време на Балканските војни, дел од градот заедно со чаршијата бил опожарен.[3]
Најнов период
[уреди | уреди извор]Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година. Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснало во современа градска населба со развиена инфраструктура.
Население
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Неготино живееле 2.395 жители, од кои 1.925 Македонци православни, 320 Македонци муслимани, 90 Власи и 60 Роми.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 2.500 Македонци.[5]
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 13.284 жители и спаѓал во групата на средни градови.[6] Етнички гледано, населението е составено од:[7]
Според претпослениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот имал 13.284 жители. Следува табела на националната структура на населението:[8]
Националност | Вкупно |
Македонци | 12 994 |
Турци | 46 |
Роми | 74 |
Албанци | 1 |
Власи | 11 |
Срби | 117 |
Бошњаци | 1 |
Други | 40 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:
Јазик | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
македонски | 13.111 | 98,70 |
турски | 13 | 0,10 |
ромски | 37 | 0,28 |
влашки | 10 | 0,08 |
српски | 81 | 0,61 |
други | 32 | 0,24 |
- Вероисповед
Во Неготино се застапени следните религиски групи[7]:
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Православни | 12.900 | 97,11 |
Муслимани | 158 | 1,19 |
Католици | 15 | 0,11 |
Протестанти | 1 | 0,01 |
други | 210 | 1,58 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Неготино:
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 2.683 |
1953 | 2.744 | 0 | 28 | 4 | 15 | 7 | — | 22 | — | 2.820 |
1961 | 3.920 | 1 | 15 | — | — | 43 | — | 108 | — | 4.087 |
1971 | 6.867 | 0 | 44 | 0 | — | 128 | — | 100 | — | 7.139 |
1981 | 9.913 | 3 | 68 | 2 | 1 | 174 | — | 136 | — | 10.297 |
1991 | 11.940 | 1 | 30 | 50 | 15 | 147 | — | 196 | — | 12.379 |
1994 | 12.226 | 0 | 42 | 36 | 16 | 137 | — | 59 | — | 12.516 |
2002 | 12.994 | 1 | 46 | 74 | 11 | 117 | 1 | 40 | — | 13.284 |
2021 | 11.476 | 6 | 77 | 75 | 14 | 74 | 0 | 85 | 681 | 12.488 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Стопанство
[уреди | уреди извор]Земјоделското производство претставува главна стопанска дејност во општина Неготино. Општина Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Од индустриските култури застапени се тутунот, афионот, градинарските култури и житариците. Во Неготино е сместена и втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“. Во поново време се забележува отворањето на приватни винарии и винарски визби како „Бовин“, „Фонко“, „Дудин“ и други кои извезуваат вина и на странските пазари. Во непосредна близина на градот се наоѓа термoцентралата ТЕЦ „Неготино“.
Редовни настани и манифестации
[уреди | уреди извор]Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), Манастирска вечер и Неготинскиот панаѓур (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.
Личности
[уреди | уреди извор]- Тодор Камчев (1880 - 10 мај 1961, Софија) - тиквешки војвода, учесник во македонско-одринско ослободителните борби од 1903 до 1908 година.
- Александар Станоев (1881 - 1907, Виена) - македонски револуционер од Илинденскиот период и член на ЦК на ВМРО
- Пане Иванов - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација
- Васа Апостолска — учесник во НОВ на Македонија.
- Драга Астарџиева — учесник во НОВ на Македонија.
- Владо Арсов - Шпанац (1910 - 1937) - борец во Шпанската граѓанска војна
- Боро Чаушев (6 ноември 1917 - 22 февруари 2001) - македонски партизан, комунист и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија.
- Лазар Мојсов (19 декември 1920 - 25 август 2011, Белград) - познат политичар и дипломат
- Лазар Манчевски - Пинџур (21 ноември 1922 - 7 февруари 1997) - македонски поет и раскажувач
- Душан Горенчевски (28 април 1933 - 13 март 1997, Белград) - македонски драмски автор и македонист
- Ѓорѓи Спасов(11 август 1949) — македонски политичар, дипломат и универзитетски професор
- Бранко Ѓорчев (23 јуни 1962 – Скопје, 24 февруари 2013) — македонски театарски и филмски глумец
- Кристина Арнаудова ( 21 септември 1979) - пејачка на забавна музика
- Александра Пилева (10 јуни 1980) - пејачка на забавна музика
- Александар Белов (7 февруари 1987) - пејач на забавна музика
- Ѓоко Ѓорчев - пејач на забавна музика
- Мишко Крстевски - пејач на народна музика
- Ацо Ѓорчев - македонски глумец
- Миле Крстев - екс фудбалски репрезентативец
- Сашко Крстев - екс фудбалски репрезентативец
- Трајче Недев - македонски репрезентативец во шах
- Александар Христов - академик
- Ристо Давчевски - писател
- Раде Стојановиќ - ракометен репрезентативец
- Доне Мојсов политичар и дипломат
- Киро Андонов писател
- Наташа Андонова фудбалски репрезентативец
- Ангел Димов - пејач од Србија;[9]
- Тони Делков-градоначалник и политичар.
- Димитар Ѓорѓиев - светски и европски првак во кик-бокс
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Во 1912 и 1913 година околу 80 муслимански семејства се иселиле во Турција.[10]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама од ридот Градиште (од север-североисток)
-
Поглед на автобуската станица во градот
-
Бисти на народни херои сместени до Општинското собрание
-
Булеварот на излезот од Неготино
-
Влезот во чаршијата во Неготино
-
Влезот во музејот на градот Неготино
-
Влезот во црквата „Св. Атанасиј Велики“
-
Градинка во Неготино
-
Градската библиотека „Страшо Пинџур“
-
Градскиот пазар
-
Домот на културата „Ацо Ѓорчев“
-
Желкова куќа
-
Игралиште на влезот во Неготино
-
Информативно-туристички плакат на плоштадот
-
Општинското собрание
-
Основниот суд во Неготино
-
Разрушената Саат-кула
-
Тимјаничка Река низ Неготино
-
Спортската сала во Неготино
-
Стадионот во Неготино
-
Станбена зграда на плоштадот
-
Улица кон центарот на Неготино
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.53
- ↑ 2,0 2,1 Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.71
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.54
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јули 2016.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Grad Beograd mi ukrao penziju
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Се збратимија општините Неготино и Минервино ди Лече“. Општина Неготино. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 2012-09-05.
- ↑ „Потпишан договор за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Наџиката, Унгарија“. Општина Неготино. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 2013-08-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Неготино“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на Општина Неготино
- Центар за дигитизација на националното наследство, Неготинo Архивирано на 17 ноември 2015 г.
- Огласи Неготино Архивирано на 3 декември 2013 г.
|
|