Van Halen (анг: Van Halen) ― поранешен американски хард рок бенд формиран од браќата Еди и Алекс ван Хејлен во Пасаденa, Калифорнија во 1972 година. Van Halen бил познат по своите енергични настапи во живо[3]  и по виртуозноста на главниот гитарист, Еди Ван Хејлен.[4][5] Бендот бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 2007 година.

Ван Хален
Ван Хален за време на турнејата во 2008 година Од лево кон десно: Волфганг Ван Хален, Алекс Ван Хален, Дејвид Ли Рот и Еди Ван Хален.
Животописни податоци
ПотеклоПасадена, Калифорнија, САД
ЖанровиХард рок, Хеви метал[1]
Период на активност1972 - 2020 [2]
ИздавачиWarner Bros., Yessup Recording
СоработнициDavid Lee Roth, The Other Half, Chickenfoot, Mad Anthony Xpress, HSAS, Tribe of Judah, Extreme, The Waboritas,
Мреж. местоwww.van-halen.com
Членови
Eddie Van Halen
Alex Van Halen
David Lee Roth
Wolfgang Van Halen
Поранешни членови
Michael Anthony
Sammy Hagar
Gary Cherone
Mark Stone
Mitch Malloy

Од 1974 до 1985 година, членови на Van Halen биле: Еди Ван Хејлен; братот на Еди, тапанарот Алекс Ван Хејлен; вокалистот Дејвид Ли Рот; и басистот/вокалист Мајкл Ентони.[6] По објавувањето на истоимениот деби албум во 1978 година, бендот се искачил на 19-тото место на поп листата на Билборд и се продал во преку 10 милиони копии во САД. До 1982 година, бендот издаде уште четири албуми (Van Halen II, Women and Children First, Fair Warning, and Diver Down), и сите се сертифицирани како мулти-платинести. На почетокот од 1980-тите, Van Halen бил еден од најуспешните рок-групи во тоа време.[7] Албумот 1984 имал комерцијален успех со 10 милиони копии продадени во САД и четири хит синглови; неговиот водечки сингл, „Jump“, бил единствениот сингл на бендот кој се искачил на прво место во САД.

Во 1985 година, Дејвид Ли Рот го напуштил бендот за да започне соло кариера и бил заменет со поранешниот фронтмен на Montrose, Семи Хагар. Заедно со Хагар, групата издала четири албуми повеќеплатински албуми во текот на 11 години (5150 во 1986 година, OU812 во 1988 година, For Unlawful Carnal Knowledge во 1991 и Balance во 1995). Хагар го напуштил бендот во 1996 година непосредно пред објавувањето на првата збирка најголеми хитови на бендот, Best Of – Volume I. Поранешниот фронтмен на Extreme, Гери Шерон, го заменил Хагар и со бендот во 1998 година го снимил комерцијално неуспешниот албум Van Halen III, пред да се разделат во 1999 година. Van Halen потоа паузирал од објавување музика сѐ до нивното повторното обединување со Хагар во 2003 година за светската турнеја во 2004 година и збирката на најдобри хитови со двојни дискови The Best of Both Worlds. Хагар повторно го напуштил Van Halen во 2005. Во 2006 година се вратил Рот, а Ентони на бас гитара бил заменет од синот на Еди, Волфганг ван Хејлен. Во 2012 година, бендот го издал својот последен студиски албум A Different Kind of Truth, кој имал комерцијален успех и позитивни критки; ова бил, исто така, прв албум на Van Halen со Рот по 28 години и единствен во кој учествувал Волфганг.

Во март 2019 година, Van Halen се наоѓал на 20-то место на листата од RIAA на најпродавани музички уметници во САД[8][9]; бендот има продадено 56 милиони албуми во САД  и преку 80 милиони ширум светот, со што се една од најпродаваните групи на сите времиња.[10][11][12]

Van Halen имаат продадено повеќе од 80 милиони албуми и имаат најголем број на хитови на Billboard Mainstream Rock листата. За време на осумдесеттите години тие исто така имале најмногу Billboard Hot 100 хитови во споредба со другите хард рок и глам метал бендови. Van Halen е на 19 место според продажба на албуми во САД. Во 2007 година, Van Halen бил еден од само петте рок бендови со два студиски албуми продадени во преку 10 милиони копии во САД[13]  и има најмногу мултиплатинести албуми меѓу американските групи. Исто така, Van Halen има 13 хитови кои биле на прво место на рок листата на Билборд. VH1 групата ја сместил на седмото место на листата на 100 најдобри хард рок музичари на сите времиња.[14]

На Еди му бил дијагностициран рак во 2001 година, а починал од болеста на 6 октомври 2020 година.[15][16][17] Еден месец по смртта на неговиот татко, Волфганг потврдил дека Van Halen се расформирал.[2]

Членови на групата

уреди
  • Еди Ван Хејлен - водечки вокал, клавијатури, придружен вокал (1972—2020); водечки вокал (1972-1974)
  • Алекс Ван Хејлен - тапани, перкусии (1972-2020)
  • Дејвид Ли Рот - водечки вокал, акустична гитара (1974-1985, 1996, 2007-2020)
  • Волфганг Ван Хејлен — бас гитара, придружен вокал (2006-2020)
  • Марк Стоун - бас гитара, придружен вокал (1972-1974)
  • Мајкл Ентони - бас гитара, придружен вокал (1974-2006)
  • Сами Хагар — водечки вокал, ритам гитара (1985-1996, 2003-2005)
  • Гери Шерон — водечки вокал (1996-1999)

Дискографија

уреди
  • Van Halen (1978)
  • Van Halen II (1979)
  • Women and Children First (1980)
  • Fair Warning (1981)
  • Diver Down (1982)
  • 1984 (1984)
  • 5150 (1986)
  • OU812 (1988)
  • For Unlawful Carnal Knowledge (1991)
  • Balance (1995)
  • Van Halen III (1998)
  • A Different Kind of Truth (2012)

Наводи

уреди
  1. http://wm11.allmusic.com/cg/amg.dll?p=amg&sql=11:dzfqxqwgldte[мртва врска] allmusic ((( Ван Хален > Overview )))]
  2. 2,0 2,1 Hiatt, Brian (16 November 2020). „Van Halen Considered Reunion Tour With Both David Lee Roth and Sammy Hagar“. Rolling Stone. Посетено на 16 November 2020.
  3. Bookbinder, Dave (April 19, 2017). „How This Band Rocked The Business World“. HuffPost.
  4. Duss, Matthew (September 7, 2007). „The Rise and Stall of Van Halen“ – преку American Prospect.
  5. Pond, Steve (July 14, 1988). „Van Halen Feel the Burn“. Rolling Stone.
  6. Erlewine, Stephen Thomas. „Van Halen – Artist Biography“. AllMusic. All Media Network. Посетено на August 16, 2014.
  7. Vonder Haar, Pete (January 9, 2019). „Van Halen's 1984 Turns 35 Today, Is At Least The Second Best Work With That Title“. Houston Press.
  8. „Gold & Platinum“. RIAA.
  9. „Van Halen band career statistics“. November 8, 2010. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на September 20, 2013.
  10. „More Volume!“. Inc. June 2007. Посетено на September 17, 2019.
  11. Празен навод (help)
  12. Gonzales, Victor (April 5, 2012). „Van Halen at BankAtlantic Center April 10“. Miami New Times. Архивирано од изворникот на 2015-01-13. Посетено на February 11, 2013.
  13. Christe, Ian (2007). Everybody Wants Some: The Van Halen Saga. Hoboken, New Jersey: John Wiley & Sons. ISBN 978-0-470-53618-6.
  14. „Rock the Net-VH1: 100 Greatest Hard Rock Artists“. Посетено на February 16, 2017.
  15. Wolf van Halen (October 6, 2020). „Eddie Van Halen death“. Twitter. Посетено на October 6, 2020.
  16. „Eddie Van Halen, grinning guitar god for a rock generation, dies at 65“. Los Angeles Times (англиски). 2020-10-06. Посетено на 2020-10-07.
  17. Празен навод (help)