Добротица (бугарски: Добротица; романски: Dobrotici или Dobrotiță; Τομπροτίτζας во византиски документи;[1] Dobrodicie во џеновски документи[2]) — бугарски благородник, владетел на де факто независното Кнежевство Карвуна и тврдината Калиакра од 1354 до 1379–1386 година.[3][4][5]

Добротица
Споменик на Добротица во Добрич (Бугарија).
Деспот на Добруџа
Владеење1347 - 1386
ПретходникБалик
НаследникИванко
Роден(а)14 век
Починал(а)1386
Деца

Етничкото потекло на Добротица е спорно, како последица на тоа, едни го сметаат бугарски[6] благородник од династијата Тертер (од куманскиот клан Тертероба ),[7][8] други го сметаат Влав (најчесто од страна на романските историчари),[9] а трети за христијанизиран Турчин.[10] Венецијански извори од крајот на 14 век го бележат Добротица како „деспот на Бугарите“ (DESPOTUM BULGARORUM DOBROTICAM) и на неговото подрачје како „ делови од Загора (Бугарија) подредени на Доботица “ (PARTES ZAGORAE SUBDITAS DOBROTICAE).[11]

Наследници на Второто бугарско царство по смртта на Јован Александар (1371). Јован Страцимир го контролирал регионот околу Видин, неговиот брат Иван Шишман централните региони и деспотот Добротица, источното крајбрежје.

Во 1346 година, Добротица и неговиот брат Теодор биле испратени заедно со 1.000 војници од добруџанскиот владетел Балик да и помогнат на византиската царица Ана Савојска во граѓанската војна против Јован VI Кантакузенос, но биле поразени од Јоргос Факразес. Следната година, по смртта на Балик, тој станал владетел на Добруџа. Во 1348 година Добротица ја презел тврдината Мидија и до 1356 година успеал да ги заземе Козјак (денешен Обзор) и Емона од Византијците.[12]

Во 1366 година царот Јован Александар одбил да дозволи византискиот цар Јован V Палеолог, кој се враќал дома од Унгарија, да помине низ Бугарија. Со цел да ги натера Бугарите, роднина на Јован V, грофот Амадеус VI Савојски, кој тогаш го водел својот Савојски крстоносен поход, ги нападнал бугарските крајбрежни градови. Во есента истата година морнарицата на Амадео ги зазела Анхијалос, Месембрија, Емона и на 25 октомври ја опколила силната тврдина Варна, каде што неговиот напад бил одбиен. Како резултат на тоа, Јован Александар им овозможил на Византијците безбедно поминување низ Бугарија и тие ги задржале освоените градови.[13] Во 1369 година, Добротица и Владислав I Влашки му помогнале на Јован Александар да ги победи Унгарците и да го преземе Видин.[14] Од благодарност, царот му ги подарил на Добротица Емона и Козјак.[15] Подоцна тој изградил морнарица во Варна, која била ангажирана во акции до Трабзон. Џеновските ракописи пишуваат дека неговата морнарица била многу силна иако прилично мала и постигнала успеси против Османлиите и Џенова.[2] Него го наследил неговиот син Иванко во 1386 година.

Името на регионот Добруџа произлегува од турското преведување на неговото име.[16] По него се именувани и градот Добрич и две села во северна Бугарија.

Наводи

уреди
  1. John Kantakouzenos, Historiarum, II, p584-585, ed. Bonn
  2. 2,0 2,1 M. Balard, Actes de Kilia du notaire Antonio di Ponzo, 1360 in Genes et l'Outre-Mer, II, Paris, 1980 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-03-05. Посетено на 2007-01-31.
  3. The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest, John V. A. Fine, John Van Antwerp Fine, University of Michigan Press, 1994, ISBN 0472082604, p. 367.
  4. Cumans and Tatars: Oriental Military in the Pre-Ottoman Balkans, 1185-1365, István Vásáry, Cambridge University Press, 2005, p. 78.
  5. At Europe's Borders: Medieval Towns in the Romanian Principalities, Laurențiu Rădvan, BRILL, 2010, ISBN 9004180109,P. 508.
  6. Васил Н. Златарски, История на българската държава през средните векове, Част I, II изд., Наука и изкуство, София 1970.
  7. Г. Бакалов, История на българите, Том 1, 2003, с457
  8. Петър Николов, Сквирските князе Половци-Рожиновски — клон на династията Тертер, online, retrieved 03-24-2007
  9. Nicolae Iorga, Notes d’un historien relatives aux événements des Balcans in Bulletin de la Section Historique de l'Academie Roumaine, Bucharest, 1913
  10. Halil Inalcik, Dobrudja in Encyclopedia of Islam, II, Leiden, 1991
  11. Васил Гюзелев, уред. (2001). Венециански документи за историята на България и българите от XII–XV в. (бугарски). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. стр. 108, p. 136. Предлошка:Listed Invalid ISBN.
  12. Ioannes Cantacuzenus Historiarum..., II, p384 sq
  13. Fine, Late Medieval Balkans, p. 367
  14. Георги Бакалов, История на България, "Есента, 1369 г."
  15. Гюзелев в. Средновековната крепост Калиакра, с.127
  16. Paul Wittek, Yazijioghlu 'Ali on the Christian Turks of the Dobruja in BSOAS, London, 1952

Извори

уреди
  • Васил Н. Златарски, История на българската държава през средните векове, Част I, II изд., Наука и изкуство, София 1970.