Киеран Ричардсон
Киеран Едвард Ричардсон (роден на 21 Октомври 1984) — англиски фудбалер моментално настапува за Кардиф Сити. Тој е играч од средниот ред по левата страна (лево крило), но во кариерата се покажал исклучително разновиден; има исто така, играно натпревари како лев бек, десно крило, во халфовата линија, а од неодамна и како поддршка за единствениот напаѓач.
Киеран Ричардсон | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 октомври 1984 | ||
Роден во | Лондон, Англија | ||
Висина | м | 1,70||
Позиција | лево крило, лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Слободен играч | ||
Младинска кариера | |||
Манчестер Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2007 | Манчестер Јунајтед | 41 | (2) |
2005 | → Вест Бромвич Албион | 12 | (3) |
2007–2012 | Сандерленд | 125 | (14) |
2012-2014 | Фулам | 45 | (5) |
2014-2016 | Астон Вила | 33 | (0) |
2016 | Кардиф Сити | 6 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2005-2006 | Англија | 8 | (2) |
* Ажурирано на: 22 јануари 2012 ** Ажурирано на: 22 јануари 2012 |
Клупска кариера
уредиПочетокот на кариерата
уредиРичардсон беше школуваан на приватните и неселективни Riverston Independent Day School во Лондон. Тој почна да игра фудбал во Парквуд основното училиште и неговиот талент беше многу очигледен на оваа млада возраст, тој беше капитен на неговиот школски тим и беше поканет да се тренира во Арсенал.
Но наместо тоа, тој потоа се преселил во Вест Хем Јунајтед, каде што ќе почне да тренира професионално. Сепак, пред тој да го направи своето деби за Лондончани, тој беше украден од Манчестер Јунајтед за кој потпиша во 2001 година.
Манчестер Јунајтед
уредиВо текот на својата прва сезона во Манчестер Јунајтед, Ричардсон си го зазема своето место како редовен играч во академијата на Манчестер Јунајтед, односно во резервниот тим. Тој го доби дресот со број 42 во првиот тим, но не успеа да го направи своето деби за нив.
Во текот на летото 2002 година, Ричардсон беше целосно вклучен во првиот тим за време на пред-сезоната. Потоа тој го направи своето прво појавување во дресот на Манчестер Јунајтед на 23 октомври 2002 година, кога влегува како замена при крајот на натпреварот против Олимпијакос во УЕФА Лига на шампиони. Ричардсон набргу потоа го постигна својот прв гол за Јунајтед во лига купот на 5 ноември 2002 година против Лестер Сити, иако тој сè уште не го направил своето деби за клубот во Премиер лигата во тоа време. Ричардсон го имаше својот прв значаен пробив во тимот во текот на сезоната 2002-03. Се појавил во игра девет пати, постигнувајќи гол за првиот тим. Тој, исто така, одигра значајна улога во победата на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед на FA Youth Купот во 2003 година.
На почетокот на сезоната 2003-04, тој го доби дресот со број 23 во тимот. Ова наговестуваше дека може да биде вклучен во повеќе натпревари за првиот тим отколку во текот на претходната сезона. Сепак, во текот на оваа сезона не успеа да се наметне во првиот тим. Тој се појави само трипати, сите од нив во Лига купот и ФА Купот.
За време на сезоната 2004-05 сезона, тој започна да станува вклучен во првиот тим многу почесто. Тој веќе девет пати настапи и постигна еден гол во текот на првата половина од сезоната. Сепак во текот на јануари, Сер Алекс Фергусон реши да го даде на заем со цел да добие повеќе искуство играјќи редовно во првиот тим.
Ричардсон беше поврзан да се пресели во Норич Сити на позајмица, но Фергусон рече дека нема шанси да замине таму бидејќи сака да ја почитува желбата на играчот. Сепак, кога поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Брајан Робсон, менаџерот на Вест Бромвич Албион во тоа време, се распрашувал за давањето на заем на Ричардсон, договорот беше направен веднаш и покрај тоа што од тој момент па сè до почетокот на последното коло на сезоната тие беа на дното на табелата. Според Робсон, Ричардсон направил инстант влијание за да Вест Бромвич Албион се спаси од испаѓање. Тој беше редовен во првите единаесет на Вест Бромвич Албион и, игра во халфовата линија. Тој постигна три гола во 12 настапи како му помага на Вест Бромвич успешно да избегне испаѓање во последното коло од сезоната.
На почетокот на наредната сезоната во англискиот фудбал (2005-2006), Ричардсон одби уште една позајмица во Вест Бромвич Албион со желба да добие место во почетниот тим на Олд Трафорд. Тој по подолга пауза се појави во првите единаесет на Манчестер Јунајтед во септември 2005 година, кога тој се појави како природен лев бек,на местото на повредениот Габриел Хајнце. Тој наскоро се врати во средниот ред сепак, кога тој направи неколку добри натпревари. Во октомври, Ричардсон го прослави својот 21 роденден со потпишување на нов четиригодишен договор со Јунајтед. Тој продолжи да игра и накрајот од сезоната се појави 36 пати во сите натпреарувања и реализира шест гола.
Шансите следната сезона на Ричардсон да заигра во првиот тим беа ограничени, главно игра во Лига купот и ФА Купот. Сепак, Ричардсон го почувствува гневот на Сер Алекс Фергусон кога младинците кој тој ги пушта на терен губат срамно од нисколигашот Кру Александра во Лига купот. Фергусон јавно изјави дека Ричардсон и другите треба да бидат од корист за резервниот тим на Јунајтед. Тој постигна еден од головите за Јунајтед во ФА Куп полуфиналето во победата од 4-1 над Ватфорд, што ги одведе во финалето на новиот Вембли стадион. Ричардсон беше несакан од многу навивачи на тимот во и надвор од теренот за неговиот став и беше наречен "снобски Господ" од страна на Јунајтед fanzine Red Issue.
Сандерленд
уредиНа 16 јули 2007, Сандерленд му плати на Манчестер Јунајтед сума од £5.5 милиони. Ричардсон потпишува четиригодишен договор со "Црните Мачки" чии менаџер во тој момент е поранешниот капитен и легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.
По не баш спектакуларниот почеток на кариерата во Сандерленд, било откриено дека имал стрес фрактура на ’рбетот. Ова го доведе до пауза според која тој беше надвор од акција за речиси четири месеци. Ричардсон го постигна својот прв гол за Сандерленд на 29 декември 2007 година против Болтон Вондерерс. Ричардсон потоа постигна два гола во победата од 2-0 против Портсмут на Стадионот на Светлината на 13 јануари 2008 година, исто така, ја погоди и пречката и пропушти шанса за првпат во својата кариера да реализира хет-трик. Потоа тој се здоби со нова повреда овојпат повреда на тетивата на тренинг, а истата повреда се повтори и во мечот со Ливерпул на Енфилд каде Сандерленд загбележа убедлив пораз од 3-0.
На 23 август 2008 година, Ричардсон постигна погодок против Тотенхем во 56-тата минута, во 2-1 победата на Вајт Харт Лејн. Ричардсон изведе одличен слободен удар и ја погоди пречката на трипати во мечот со Фулам на 18 октомври, а подоцна уште еден гол од слободен удар не му беше признат откако судијата досуди дека Паскал Чимбонда извршил прекршок во живиот ѕидот. На 25 октомври 2008 година, Ричардсон го постигнал победоносниот гол во дербито на Тајн и Вер дербито (против Њукасл), од слободен удар. Ричардсон привлече интерес од Болтон Вондерерс во Јануарскиот трансферен прозорец 2009, но менаџерот Рики Сбраџа инсистираше на тоа дека тој не е за продажба.
Ричардсон го постигна својот прв гол во сезоната 2009-10 за израмнување против Вест Хем Јунајтед, кој заврши 2-2. Ричардсон е користен на неколку позиции во текот на сезоната, додека претежно игра во централниот дел на средниот ред, тој исто така игра и како лев бек - неговите добри настапи на оваа позиција беа големо изненадување, а тој призна дека Светското првенство го инспирирало за тоа и се надева на повик во репрезентацијата.
Пред почетокот на 2010-11 сезона, Ричардсон ја коментираше неговата иднина во клубот и потпишувањето на нов три-годишен договор за тимот сопственик на стадионот на светлината. Тој набргу потоа стана прв избор на лев бек во клубот цитирајќи го Бразилскиот крилен бек Маикон како инспирација за преземање на својата нова позиција, велејќи: "Јас го гледав Светското првенство и видов на кој начин момците како Маикон бомбардираа во нападот - и си помислив "Можам да го направам тоа". Тој ја отвори својата голгетерска сметка за сезоната на 22 јануари нагости против Блекпул постигнувајќи два гола во првото полувреме. По имплементирањето на него, во напаѓачка улога, менаџерот на Сандерленд, Стив Брус ја поздрави флексибилноста на Ричардсон велејќи: "Јас морав да побарам од него да игра на пет или шест позиции оваа сезона и тој едноставно ужива во секоја од нив. Брус додаде: "Ричардсон е одличен играч во поле. Во првата половина тој беше брилијантен, неговото темпо беше одлично. Ричардсон постигна гол директно од слободен удар во следниот натпревар на Сандерленд, поразот од 4-2 дома од Челзи. Ричардсон го направи своето 100-то појавување во Премиер Лигата за Сандерленд дома на 12 февруари, против Тотенхем асистирајќи му на Асамоа Гијан да го открие резултатот во поразот од 2-1.
Фулам
уредиНа 31 август 2012 Ричардсон потпишал за Фулам за трансфер-сума од околу 2 милиони фунти.[1] Тој го постигнал својот прв гол за лондонскиот клуб во ремито 2-2 со Саутхемптон на 7 октомври.[2]
Астон Вила
уредиПо испаѓањето на Фулам од Премиер лигата во сезоната 2013-14, Ричардсон потпишал двегодишен договор со екипата на Астон Вила. Откако го комплетирал трансферот му бил доделен дресот со број 18. кој претходната сезона бил носен од Јакуба Сила. Своето официјално деби го имал на 16 август 2014, кога го започнал натпреварот против Стоук Сити во Премиер лигата и ги одиграл сите 90 минути во победата со 1-0 како гостин на Британија стадионот.
Статистика на кариерата
уредиКлуб | Сезона | Лига | Куп | Лига Куп | Европа | Друго1 | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | ||
Манчестер Јунајтед | 2002–03 | 2 | 0 | 1 | 0 | 1 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | 9 | 1 |
2003–04 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | |
2004–05 | 2 | 0 | 1 | 0 | 3 | 1 | 2 | 0 | 1 | 0 | 9 | 1 | |
ВБА (заем) | 2004–05 | 12 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 0 | 0 | 12 | 3 | |
Манчестер Јунајтед | 2005–06 | 22 | 1 | 4 | 3 | 5 | 1 | 5 | 1 | 0 | 0 | 36 | 6 |
2006–07 | 15 | 1 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 1 | 0 | 0 | 24 | 3 | |
Вкупно | 41 | 2 | 10 | 4 | 13 | 3 | 16 | 2 | 1 | 0 | 81 | 11 | |
Сандерленд | 2007–08 | 17 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | – | 0 | 0 | 18 | 3 | |
2008–09 | 32 | 4 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 35 | 4 | ||
2009–10 | 29 | 1 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 32 | 1 | ||
2010–11 | 26 | 4 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 29 | 4 | ||
2011–12 | 21 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | 23 | 2 | ||
Вкупно | 125 | 14 | 5 | 0 | 7 | 0 | – | 0 | 0 | 137 | 14 | ||
Вкупно | 178 | 19 | 15 | 4 | 20 | 3 | 16 | 2 | 1 | 0 | 230 | 28 |
Титули
уредиМанчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 2006-2007
- Лига куп : 2005-06
- ФА Комјунити Шилд : 2003
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Kieran Richardson: Fulham sign Sunderland midfielder for £2m“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 31 August 2012. Посетено на 31 August 2012.
- ↑ "Southampton 2–2 Fulham" BBC Sport. 7 October 2012. Retrieved 2 December 2012.