Портал:Војна
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ВОЈНА
Војна е вооружен судир на две или повеќе држави и/или други општествени групи. Таа се одвива на еден или повеќе фронтови, а завојуваните страни обично држат одредена територија која можат да ја одржат или загубат.
Во последно време, за војната се користат алтернативни еуфемистички изрази како: конфликт, вооружен судир, непријателства и слично.
Избрана статија
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека клучната битка за време на Пелопонеската војна се војувала кај местото Егоспотами, каде Спартанците ги поразиле Атинјаните што резултирало со нивна победа во војната?
- ... дека Кублај Кан имал план да ја освои Јапонија, но сепаик не успеал и бил поразен?
- ... дека во Првата светска војна за прв пат на бојното поле биле употребени и тенкови?
Избран војсководец
Александар Македонски Александар III Велики, роден на 20 јули 356 п.н.е. во Пела ,Македонија — починал на 10 јуни 323 п.н.е. во Вавилон) бил крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. Прочитајте повеќе
Избрана војна
Втората пунска војна (218.-201.г.п.н.е) е најпозната по тоа што Ханибал ги минал Алпите со карван од слонови и од север ненадејно навлегол во Римското Царство. Но тој всушност не ја постигнал целта - да го освои градот Рим и конечно да го порази.
Ханибал знаел дека римјаните имаат слаба коњица, затоа развил силна коњичка војска, која била главен фактор на успех врз римските легии.
На почетокот, војната се одвивала на три места: во Италија, кајшто Ханибал неколку пати ги победил Римските легии, во Хиспанија кајшто брат му на Ханибал, Хасдрубал Барцид, ги бранел Картагинските колонијални градови со променлив успех, сè додека конечно не се повлекол кон Италија, и во Сицилија, кајшто Римјаните оствариле воена превласт. Прочитајте повеќе
Избрана слика