Хафеланд (германски: Havelland) — географска област и округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Источен Пригниц-Рупин и Горен Хафел, сојузната покраина Берлин, округот Потсдам-Мителмарк, градот Бранденбург и сојузната покраина Саксонија-Анхалт (окрузите Јерихов и Штендал).

Хафеланд
Landkreis Havelland

округ
Знаме на Хафеланд Landkreis HavellandГрб на Хафеланд Landkreis Havelland
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеРатенов
Површина
 • Вкупна1.717 км2 (663 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно169.334
 • Густина99/км2 (260/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.HVL
Мреж. местоhttp://www.havelland.de
Хафеланд

Историја

уреди

Округот бил основан во 1993 со спојување на претходните окрузи Науен и Ратенов.

Географија

уреди

Географски, името Хафеланд е име за областите долж реката Хафел и областа опкружена од латиничната буква „U“, опкружена од нејзиниот тек помеѓу градот Берлин и устието со реката Елба. Областа, исто така, ги вклучува градовите Бранденбург и Потсдам, кои не се дел од округот. Округот главно се протега на областите северно од реката Хафел.

  Црвениот орел е хералдичко животно на Бранденбург. Главата на орелот е дел од грбот на Ратенов. Лебедот е често користен како симбол на областа Хафеланд.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Општинска заедница
  1. Фалкензе
  2. Кецин
  3. Науен
  4. Премниц
  5. Ратенов


Слободни општини

  1. Бризеланг
  2. Далгов-Дебериц
  3. Миловер Ланд
  4. Шенвалде-Глин
  5. Вустермарк

1. Фризак

  1. Фризак1, 2
  2. Миленберге
  3. Паулиненауе
  4. Песин
  5. Рецов
  6. Визенауе

2. Ненхаузен

  1. Коцен
  2. Меркиш Лух
  3. Ненхаузен1
  4. Штехов-Ферхезар

3. Ринов

  1. Голенберг
  2. Гросдершау
  3. Хафелауе
  4. Клесен-Герне
  5. Ринов1, 2
  6. Зеблик
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

52°38′N 12°38′E / 52.633° СГШ; 12.633° ИГД / 52.633; 12.633