13 август
датум
13 август — 225-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (226-и во престапна година). Остануваат 140 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
1624 | Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер. |
1792 | Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI. |
1814 | Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија. |
1914 | Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија. |
1923 | Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција. |
1961 | Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува. |
1964 | Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства. |
1998 | Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна. |
2001 | Потпишан е Охридскиот рамковен договор. |
Родени:
Починале:
1447 | Филипо Марија Висконти — војвода на Милано. |
1826 | Рене Теофил Јасинт Ленек — француски лекар, пронаоѓач на стетоскопот. |
1863 | Ежен Делакроа — француски сликар, претставник на романтизмот во француското сликарство. |
1882 | Вилијам Стенли Џевонс — англиски економист. |
1895 | Трајко Китанчев — македонски општественик, литерат, револуционер, просветен работник. |
1908 | Стеван Сремац — српски писател. |
1910 | Флоренс Најтингел — англиска медицинска сестра, основач на првото училиште за болничарки. |
1912 | Жил Масне — француски композитор. |
1917 | Едуард Бухнер — германски хемичар, добитник на Нобелова награда. |
1936 | Иван Георгов — македонски педагог. |
1946 | Херберт Џорџ Велс — англиски писател. |
1974 | Тина Брукс — американски џез-музичар. |
1984 | Тигран Петросјан — ерменски и советски шахист, поранешен светски шаховски првак. |
1985 | Слободан Алигрудиќ — српски и југословенски глумец. |
1995 | Симеон Гугуловски — македонски оперски пејач. |
2024 | Лазар Лечиќ — македонски кошаркар и тренер. |