18 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1842 | Свечено отворен споменикот „Валхала“ — сала на истакнатите дејци и владетели во историјата на германските народи сместен во околината на Регенсбург, Баварија. |
1867 | Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари. |
1912 | Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912). |
1943 | Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. |
1962 | После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета. |
1967 | Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. |
1972 | Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина. |
1994 | Британската кралица Елизабета II за првпат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија. |