Алијанса од осум нации
Алијансата од осум нации бил воен сојуз од осум држави Германија, Јапонија, Русија, Велика Британија, Франција, САД, Италија и Австроунгарија кој во 1900 година ја нападнал северна Кина за да го задуши Боксерското востание и да ослободи странските мисионери кои тогаш биле опколени од востаниците во Пекинг. Сојузничките сили од осумте нации броеле околу 45.000 војници.
Со успехот на инвазијата, подоцнежните фази се развија во казнена експедиција, која ги ограбуваше Пекинг и Северна Кина повеќе од една година. Борбите завршиле во 1901 година со потпишување на Боксерскиот протокол.[1]
Историја
уредиЗаднина
уредиПо избувнувањето на Боксерското востание во ноември 1899, започнал нападот врз бизнисите и индустриите на странците кои живееле во северна Кина. Боксерите, селанско движење кое било против секакво странско влијание, во 1899 и 1900 година ги напаѓале и ги убивале странските верски мисионери, странските државјани и кинеските христијани низ северна Кина. Владата на Ќинг и Кинеската царска армија ги поддржале боксерите и, под команда на генералот Ронглу, ги опколиле странските дипломати и цивилите кои се засолниле во Легацискиот кварт во Пекинг.[2]
Дипломатскиот кор бил под опсада 55 дена, од 20 јуни до 14 август 1900 година.
Под опсада во Пекинг била и католичката катедрала бранета од 43 француски и италијански војници, 33 странски католички свештеници и калуѓерки и околу 3.200 кинески католици.[3]
На 14 август 1900 година, сојузниците тргнале од Тијанџин кон Пекинг за да го ослободат Легацискиот кварт од опсадата.[4]
Воен ангажман, казнени експедиции и грабежи
уредиЗа да се задуши Боксерското востание (а не само за да се спасат странците во Пекинг), било одлучено да се формира голема мултинационална сила, и на тој начин се создала Алијансата. Трупите на Алијансата биле составени од контингенти на пешадија, коњица и артилериски трупи, поддржани од маринци, како и од воени бродови, кои припаѓале на осум различни држави и приближно броеле околу 55.000 војници.
Сојузничките трупи на 14 август 1900 го нападнале и го окупирале Пекинг. Брзо ја поразиле Царската армија и ставиле крај на опсадата, а исто така и на бунтот на боксерите. Царицата Довагер Циси, царот и високи владини претставници побегнале од Царската палата и се засолниле во Сиан. Го пратиле Ли Хонгжанг на мировни преговори со Алијансата.[5]
Додека сојузничките трупи се движеле од Пекинг кон Северна Кина егзекутирале луѓе обвинети или осомничени дека се или дека личат на боксерските бунтовници.[6] Додека сојузниците биле во Пекинг, тие ги ограбиле палатите и владините згради нанесувајќи непроценлива штета на кинеското културно наследство (вклучувајќи ги Забранетиот град, Летната палата, Ксишан и Старата летна палата). Повеќе од 3.000 позлатени бронзени Буди, 1.400 уметнички дела и 4.300 бронзени дела во храмот Сонгжу (嵩祝寺) биле ограбени.[1][7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hevia, James L. 'Looting and its discontents: Moral discourse and the plunder of Beijing, 1900–1901' in R. Bickers and R.G. Tiedemann (eds.), The Boxers, China, and the world Lanham, Maryland:Rowman & Littlefield Publishers, 2009
- ↑ Grant Hayter-Menzies, Pamela Kyle Crossley (2008). Imperial masquerade: the legend of Princess Der Ling. Hong Kong University Press. стр. 89. ISBN 978-962-209-881-7. Посетено на 2010-10-31.
- ↑ Thompson, 85, 170–171
- ↑ O'Conner, David The Boxer Rebellion London:Robert Hale & Company, 1973, Chap. 16. ISBN 0-7091-4780-5
- ↑ Michael Dillon (December 2016). Encyclopedia of Chinese History. Taylor & Francis. стр. 124. ISBN 978-1-317-81716-1.
- ↑ Beheading a Chinese Boxer at IMDB
- ↑ 剑桥中国晚清史 (1985. изд.). 中国社会科学出版社. 1985. ISBN 9787500407669.