Иван II
Иван II Иванович Убавиот (руски Иван II Иванович Красный) бил кнез на Големото московско кнежевство и голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство во периодот од 1353 до 1359 година.
Иван II Московски | |
---|---|
Голем кнез на Москва | |
На престол | 27 април 1353 – 13 ноември 1359 |
Претходник | Симеон I |
Наследник | Дмитриј I |
Роден(а) | 30 март 1326 Москва, Големо московско кнежевство |
Починал(а) | 13 ноември 1359 Москва, Големо московско кнежевство | (возр. 33)
Почивалиште | |
Consort | Федосија Александра Ивановна |
Деца | Дмитриј I Љуба Ивановна Иван Иванович Марија Ивановна |
Династија | Рурик |
Татко | Иван I |
Мајка | Елена |
Вероисповед | православие |
Иван Иванович е вториот син на големиот кнез Иван Калита и го наследил поголемиот си брат Симеон Гордиот, кој како кнез починал од црната смрт заедно со своите синови, на тој начин неоставајќи никакви наследници. Пред да стане кнез, тој раководел со градовите Руза и Звенигород. Тој успеал да ги одржи и зачува блиските односи на кнежевството со Златната орда, но не успеал да ја зголеми територијата на кнежевството.
Во ова време сѐ уште се водела битка околку доминацијата на Московското Кнежевство над останатите кнежевство во денешна североисточна Русија. На Иван II од голема корист и помош му биле московските бојари и свештенството.
Од втората сопруга Александра Ивановна Велеминова, ќерка на тогашниот градоначалник на Москва, Иван Иванович имал неколку деца, од кој еден и и неговиот наследник Дмитриј Донски.