Мелих Џевдет Андај
Мелих Џевдет Андај (турски: Melih Cevdet Anday; 13 март 1915 – 28 ноември 2002) — турски поет, романописец, есеист, драмски автор, патописец и преведувач и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Мелих Џевдет Андај | |
---|---|
Melih Cevdet Anday | |
Изворно име | Melih Cevdet Anday |
Роден/а | 13 март 1915 Истанбул, Турција |
Починат/а | 29 ноември 2002 Истанбул, Турција | (возр. 87)
Животопис
уредиМелих Џ. Андај роден е во Истанбул, Турција на 13 март 1920 година. Професионален новинар и колумнист на најстариот и тиражен угледен дневен весник „Џум Хуриет“, познат публицист и професор по естетика на Државниот универзитет за театар во Истанбул.
Автор е на книгите: „Чуден“ (поезија, 1941), „Дрвото што си го загуби мирот“ (поезија, 1946), „Телеграф“ (поезија, 1952), „Еден до друг“ (поезија, 1956), „Исток-запад“ (есеи, 1961), „Окованиот Одисеј“ (поема, 1963), „Зборувајќи“ (есеи, 1964), „Оние што се внатре“ (драма, 1965), „Комедија во развој“ (есеи, 1965), „Бадијалџии“ (роман, 1965), „Советски Сојуз, Азербејџан, Узбекистан, Бугарија и Унгарија“ (патописи, 1965), „Стапчињата на Микадо“ (драма, 1967), „Врз иселеничкото море“ (поезија, 1970), „Тајна заповед“ (роман, 1970), „Четири драми“ (1972), „Дневникот на Исус“ (роман, 1974), „Нови богови“ (есеи, 1974), „Смртта на коритото“ (поезија, 1975), „Ра-зија“ (роман, 1975), „Еден социјалистички свет“ (есеи, 1975), „Збор врз јазикот“ (есеи, 1975), „Материјализам и идеализам“ (есеи, 1977), „Забрана“ (есеи, 1978), „Гилгамеш зад бесмртноста“ (поезија, 1981), „Париски текстови“ (есеи, 1982), „Кон светлината“ (есеи, 1984), „Познат свет“ (есеи, 1984), „Времето кое тече и стои“ (спомени, 1984), „Возвишеноста на љубовта“ (есеи, 1990).
Автор е на предговорот за „Избор од современата македонска поезија“ (Истанбул, 1978). Избор од поезијата на македонски јазик „Еден Нов Свет“ е објавен во Скопје, 1989 година. Добитник е на највисоката државна награда за литература на Турција.