Старо Лагово
Старо Лагово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Старо Лагово | |
Координати 41°17′40″N 21°32′8″E / 41.29444° СГШ; 21.53556° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20100 |
Старо Лагово на општинската карта Атарот на Старо Лагово во рамките на општината | |
Старо Лагово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото лежи 7 километи јужно од Прилеп. Негови соседни населби се: Ново Лагово, Волково, Чумово и Беровци. Во селото има 3 извора кои на лето пресушуваат. Во дворовите на куќите има бунари. Старо Лагово — село од збиен тип. Селото е мало и не се дели на маала. Потезите во околу селото се нарекуваат: Бел Камен, Каменица, Боздо, Чекут, Подово, Гладница, Арапица, Слива, Ѓупски Маала и Дујгас.
Историја
уредиДо 1912 година селото се нарекувало Лагово. Истата година на 2,5 километри е основана колонистичка населба населена со Срби од Далмација - Ново Лагово. Од тогаш селото се вика Старо Лагово. Старо Лагово било читлукајбијско село. Жителите биле момоци во читлуците. Поради тоа во селото нема стари родови. За време на Турците во Старо Лагово ниедна христијанска куќа земја немала. Во 1912 година затекнати се 5 читлуци: Сулејманов, Фајков, Мединче, Тарагоски и Селим-Чосески. Сопствениците живееле во Прилеп. Турчинот Мединче во 1909 година изградил убава триспратна кула која постои и денес. Денес е манастир на Православната Охридска Архиепископија. Постојниот параклис и манастир и е посветен на Успение на Пресвета Богородица. После 1912 година селаните си откупиле поголем дел од земјата. Само Заревци од Прилеп (со потекло од Зрзе) со аграрната реформа добиле околу 30 хектари земја. Таа земја им е одземена во 1949 година. Старо Лагово нема црква до 2002 година. Селските гробишта се источно од селото. Селска слава е вториот и третиот ден од Велигден.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старо Лагово живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Во 1954 година има 14 стално населени куќи. Четири семејства преку лето живеат таму, а на зима во Прилеп. Бројот на домаќинства низ годините изнесувал:
Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 27 Македонци и 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 96 | 95 | 205 | 161 | 93 | 74 | 47 | 49 | 17 | 30 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиСтаро Лагово е македонско село.
Во Старо Лагово ги има следните родови:
- Карамановци (две куќи - слава Митровден), познати по тоа дека како момци секаде шетале по селата. Во Старо Лагово дошле од селото Карамани, Битола.
- Ташковци (една куќа - слава Митровден). Дошле во 1910 година од Мало Коњари, а претходно живееле во Галичани.
- Славевци (една куќа - слава Свети Никола). Дошшле во 1916 година од Прилепец.
- Мариовци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Вепрчани, Мариово.
- Лешковци (четири куќи - слава Свети Никола). Дошле во 1926 година од Сланско, Поречие.
- Дурлевци (една куќа - слава Света Петка). Дошле во 1930 година од соседно Волково.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1431 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 313. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- 10 без 10 / Старо Лагово Архивирано на 24 ноември 2009 г.
- Одметникот Јован се сели во Старо Лагово? Архивирано на 4 март 2016 г.
- СТАРО ЛАГОВО СО НОВ ВОДОВОД