Прејди на содржината

Македонско дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
с Отстранета заштита на "Старомакедонска азбука": Зачестен спем
с Заштитена "Старомакедонска азбука": Зачестен спем ([edit=sysop] (истекува 10:53, 1 ноември 2008 (UTC)) [move=sysop] (истекува 10:53, 1 ноември 2008 (UTC)))
(нема разлика)

Преработка од 11:53, 31 октомври 2008

Мои на живо Господари (епитет за македонците на старомакедонски јазик)

Старомакедонската азбука (старомакедонско писмо или античкомакедонска азбука) е писмо што се користело од македонците за време на Кралство Македонија[1]. Писмото до скоро време беше непознато и се тврдеше дека македонците го користеле само грчкото писмо. Со новите откривања, се увиде дека писмото е пишувано со симболи, тоа е слоговно писмо и видовите на симболите можат да се сретнат во три форми: коси симболи, симетрични симболи и асиметрични сумболи[2]. Писмото го користел старомакедонскиот јазик што подоцна бил присилно заменет со старогрчкото писмо а со тоа и престанала употребата на старомакедонската азбука. Во деветтиот век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо се заменети со новата македонска азбука - глаголицата. Старомакедонската азбука е дешифрирана со помош на Каменот од Розета и нејзиниот среден текст. Средниот текст е испишан со старомакедонска азбука[3].

Светски погледи кон писмото на старомакедонскиот јазик

Светската научна јавност не го има широко прифатено ова писмо. Наместо старомакедонското писмо, во светот се користи старогрчката азбука за пишување на јазикот и за бележење на гласовите. Тоа произлегува од фактот дека старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле двете користени во Античка Македонија.

Слоговни знаци

Со откривањето на средниот текст на Каменот од Розета и неговото вистинско претолкување се дојде до можност да се започне правилно толкување на писмото, неговото озвучување и начиот на користење на писмото. Во средниот текст на Каменот од Розета се пронајдени, документирани и дешифрирани околу 4500 знаци. релативно големиот обем дал добра можност за подлабоко истражување на писмото. Двајцата македонски научници што го открија писмото, Аристотел Тентов и Томе Бошевски, заклучиле дека писмото е составено од три групи на знаци и тоа: симетрични знаци, асиметрични знаци и коси знаци. Исто така во средниот текст има забележано и присуство на пиктографи и лигатури. Со комбинација на овие три групи на знаци се добиваат слогови и пишувањето е слоговно. Јазикот се чита и пишува од десно кон лево.[4]

Асиметрични слоговни знаци

Асиметричните слоговни знаци се знаци за пишување на симболи на рамнина во осум различни положби. Со самото тоа што можат да се сретнат во осум различни положби, тие означуваат осум различни звучни вредности. Тие обележуваат слогови што една согласка може да се комбинира со осум самогласки. Во текстот се дешифрирани 12 согласки и тоа[5]:

Податотека:Asymmetrical syllabic signs.gif

Понатака, секоја согласка се комбинира со самогласка во осумте различни позиции и се довива бројка од 96 знаци. Секој знак се сретнува во осум различни позиции како на пример:

Осум можни положби на еден симбол

Знаците што се дешифрирани во тектот се бележани и со соодветни нумерички вредности, базирано врз познатиот математичар Кардан. Така да, секој симбол си има своја нумеричка вредност бележани со броеви од 1 до 9999. Броевите од 1 до 9999 се пишувале во облик на лигатури а тоа значи дека секој знак има една заедничка вертикална црта но разликата е во тоа што секој знак има различни странични цртички[6].

Податотека:Cardan.gif
Нумерички систем според Кардан

Симетрични слоговни знаци

Симетричните слоговни знаци дејствуваат и функционираат на сличен начин како и асиметричните слоговни знаци, но разликата е во тоа што симетричните се запишуваат и можад само да се сретнат во четири различни позиции, за разлика од асиметричните што можат да се сретнат во осум различни позиции. Со таа комбинација се добиваат четири различни слогови на една согласка со четири различно самогласки. Такви знаци има шест и тие се:

Секој знак поединечно може да се запише во четири различни позиции горе, долу, лево и десно како на приемерот:

Со комбинација на согласка- самогласка се добиваат 24 различни знаци, како на примеров:

Податотека:Asimetriccni copy.gif
Можни комбинации со согласката п

Коси слоговни знаци

Косите слоговни знаци функционираат на ист начин како и симетричните слоговни знаци, можат да се сретнат и запишат во четири различни позиции. Една согласка може да е во пар со самогласка во четири различни позиции. Такви дешифрирани коси слоговни знаци има 6 и тоа [7]:

Како што веќе напоменавме, секој накосен знак се сретнува во четири различни позиции. Со комбинација можат да се добијат 24 различни слоговни знаци[8].

Специфичен слоговен знак

Во текстот е дешифриран и забележан и специфичен знак. Тој знак исто така може да има четири различни позиции и форми како на примерот[9]:

Знаци за изолирани пишување

Знаци за изолирани пишување на согласки

Покрај слоговниот систем на пишување, дешифрирани се и изолирано согласки односно согласки што стојат сами без никакво самогласки или други парови. Такви изолирано согласки се сретнати три. Појавата на коса црта во составот на основниот знак врши функција на вирам а тоа значи дека косата црта ја елиминира самогласката на слогот каде се наоѓа[10].

Знаци за изолирано пишување на самогласки

При пишувањето на старомакедонски јазик, има потреба да се забечежуваат и изолирани самогласки. Слично функционираат како и изолираните согласки. Немаат повеќе позиции, се наоѓаат само во една позиција. Во старомакедонскиот јазик има 7 изолирани самоглакси [11]:

Пиктографски знаци

Со развитокот на старомакедонскиот јазик, во неговиот состав се зачувале и остатоци од поранешниот развој на јазикот, влијание врз него од друг јазик или постар стадиум на јазикот. Така, во склопот на системот на пишување на старомакедонскиот јазик се забележани и група на пиктографи што се користеле за пишување. Овие знаци не се вклопуваат во слоговната концепција и тие се сретнуваат најчесто во форма на вертикални црти.[12]

Податотека:Pictographic signs 1.gif

Покрај овие пиктографски знака, забележани се уште два знака што не се вклопуваат во слоговната концепција. Првиот знак ја означува стилизираната форма на Богот на мртвите од египетската митологија а додека вториот ја претставува стилизираната форма на змија. Овие симболи најверојатно се воведени од влијанието на египетскиот јазик.[13]

Податотека:Pictographic signs 2.gif

Пишување на лигатури

Комплицираноста на системот на пишување на старомакедонскиот јазик е доста здобиена и со користењето на лигатурите. Имено, покрај основниот начин на пишување со слогови во обичен ред, има и пишување на слогови еден над друг- таканаречени лигатури. Со лигатурите се изразува специфичноста и уникатноста на старомакедонскиот јазик. Лигатурите се сретнуваат со два до три знака, најчесто се запишува со лигатура почеток на збор, а додека ако ја има и на крајот на зборот тогаш таа е запишана најчесто со еден или два знака. [14]

Податотека:Writing of ligatures.gif

Озвучување

Озвучувањето на јазикот и слоговите на старомакедонскиот јазик, е направено според домородното население, односно врз јазикот на староседелците на територијата на Македонија. Карактеристично за слоговните писма е тоа што со слоговите и нивната функција јасно се воочува карактристиката на јазикот и јазичните единици. Сличниоста помеѓу старомакедонскиот јазик и денешниот модерен македонски јазик е голема, ги има потполно истите согласки и самогласки. Разликата е во тоа што во старомакедонскиот јазик ги има буквите шч и ' што се користеле во средновековниот и црковномакедонскиот јазик а денес не се сметаат за самостојни гласови. При озвучувањето на јазикот, се дошло до озвучување на симетрични слоговни знаци, асиметрични слоговни знаци, коси слоговни знаци, специфични слоговни знаци, знаци за изолирани согласки, изолирани самогласки, пиктографски знаци и лигатури.[15]

Озвучување на асиметрични слоговни знаци

Со текот на истржувањето и испитувањето, денес се познати и озвучени сите 12 асиметрични знаци за согласки.

Податотека:Asimetrichni so ozvuchuvanje 3.gif
Асиметрични знаци за согласки

Какошто веќе напоменавме има големи сличности помеѓу модерниот македонски јази и старомакедонскиот јазик. Така на пример од полето на ортографијата буквите Р и Ј ги имаат истите вредност во двете фази на развојот. Од остнатите букви се забележуваат сличности и со буквите Ж, З, Ѕ, С, Ц, Ч и Ш.[16] Озвучени и опишани се сите форми и положби на буквите како што е прикажано на сликата подолу.

Податотека:Asimetrichni komplet tabela 1.gif
Комплетна табела на озвучени согласки и нивните положби

Озвучување на симетрични слоговни знаци

Според расположливите материјали и резултатите од истражувањата за македонскиот јазик, денес се озвучени шест симетрични слоговни знаци, па така имаме:

Озвучување на симетрични слоговни знаци

Секој знак од горе наведените при пишување на старомакедонски јазик, можат да се користат во четири различни позиции, коминирани со различни самогласки. Во следната табела се покажани комбинациите на секој знак поединечно [17]:

Табела на озвучени симетрични слоговни знаци

Озвучување на коси слоговни знаци

Како што веќе и ги објаснивме овие знаци, ќе напоменеме повторно дека главна карактеристика на оваа група на симболи е тоа што преовладува косата црта. Така симболите се разликуваат од асиметричните и симетричните знаци по форма и вредност. Со истражувањето озвучени се знаци што можат да се сретнат во четири позиции, слично како кај симетричните. Интересно е да се напомене, дека согласката Љ често оди во комбинација со самогласката У, што е карактеристика за старомакедонскиот и македонскиот современ јазик. Во следната табела се покажани дел од косите симболи [18]:

Коси симболи
Коси симболи

Озвучување на специфични слоговни знаци

Според истражувањата и резултатите, добиено е озвучување на четири специфични знаци, што потсетуваат на денешната македонска буква Д по форма и изговор (од лево кон десно: ДО, ДЕ, ДА, ДИ) [19]:

Специфични симболи

Озвучување на знаци за изолирани согласки

При анализирање и дешифрирање на старомакедонскиот јазик, забележана е и употреба на изолирано согласки, покрај тоа што јазикот е слоговен. Од досегашните забележани, озвучени согласки имаме:

Изолирано согласки

Карактеристично за старомакедонскиот јазик е тоа што изговорот на согласката преминува во меко Р. Такво меко Р и денес се користи во македонскиот јазик. Овој развој е битен, бидејќи за време на тој период за прв пат почнале да се разликуват буквите Л и Р, што се пресликало во пишувањето на јазикот, неговиот изговор и понатака во денешниот македонски јазик. Понатака е забележан и изговорот на изолираната самогласка В при формирање на слог со И и со О во предлогот ВО[20] :

Озвучување на знаци за изолирани самогласки

Според достапните материјали за истражување на старомакедонскиот јазик, најчесто употребува знак за изолирана самогласка е знакот | што го претставува звукот И. Знакот | се корити како сврзник И и како обележување на множина на именки и придавки на старомакедонски јазик. Покрај сврзникот | (и), често се користи и хоризонталната црта — што го означува сврзникот а. Озвучувањето е следно [21]:

Озвучување на изолирано самогласки

Озвучување на пиктографски знаци

При анализирањето и проучувањето на расположливите материјали за старомакедонскиот јазик, особено на Каменот од Розета, се забележува зачестена употреба на пиктографот за Господ или Бога. Знакот е со три вертикални црти. Мора да се напомене дека ист ваков знак е користен во православието за означување на истиот поим. Други два пиктографи, што се тесно поврзани со пиктографот Бога :

Податотека:Wiring for sound pictographic 3.gif (божен)
Податотека:Wiring for sound pictographic 4.gif (најбожен)

Понатака, пиктографот за Бога се користи и во посложена пиктографска конструкција што означува титула светост (од десно кон лево: оТ(Р)ЛадопсоГ еВeЗаН ИоМ еЃИ оТ(Р)ладопсоГ еВeЗаН ИоМ ) што објаснето со денешни зборови Господин Господин или господарите на господарите. Истата таква титула се користи во денешната Македонска Православна Црква и е единствена таква титула во светот. Како друг позначаен пиктограф е и пиктографот Податотека:Wiring for sound pictographic 9.gif што значи и се чита како Господа или Господал(р)та [22].

Озвучување на лигатури

Озвучувањето и звучната вредност на лигатурите се зачувани и при комбинација со други, како на пример во комбинација на два со предлогот НА, било тоа да се еден врз друг или еден на друг. Почетоците на зборовите најчесто биле запишувани со лигатури и понатака со додавање на симболи се добивал зборот. Лигатурите најчесто се состоеле од 2 или 3 знака. Запишувањето и озвучувањето било следно:

Правила за пишување

Пишување на суперлативи на придавките

Една од поголемите карактеристики и заеднички особини помеѓу денешниот и старомакедонскиот јазик е зачувувањето и користењето на суперлативниот префикс нај за придавки. Во следната табела прикажано е формирањето на суперлативната форма [23]:

Податотека:Writing superlatives of adjectives.gif
Формирање на суперлативот

Пишување на множина кај именките

Запишувањето и озвучувањето на множината на именките на старомакедонскиот јазик е идентично како и со денешниот македонски јазик. Тоа втората поголема карактеристика за старомакедонскиот јазик и за врските со денешниот македонски јазик. Истат оваа лингвистичка појава е потврдена и од истражувањата на Oriental Institute при универзитетот во Чикаго, релевантна институција што се занимава со проучување на старомакедонскиот јазик[24]. Формирањето на множината на страмакедонскиот јазик е според следното: Податотека:Writing plural of nouns.gif

Неопределена и определена форма кај именките

При истражувањата, се забележала и доста честа употреба на определениот и неопределениот член. Членовите се речиси идентични со денешните македонски членови, разликата е во одреденн мал број на членски форми што се разликуваат од стандардните. Се забележуваат членовите то и та и во помал број случаево членот мо, што асоцира на падежна форма или остаток од падеж [25].

Податотека:Form of nouns 1.gif - еднина
Податотека:Form of nouns 2.gif - множина
Податотека:Form-of nouns 3.gif


Примери

Прекар на фараонот. Прекарот бил користен само од македонците и поради тоа таков збор не постои во првиот и третиот текст на Каменот од Розета[26].
Податотека:Names of territories 1.gif
Име за Египет (Аѓупто)[27].
Имиња на македонски богови[28].

Видете исто така

Референци

  1. http://209.85.135.104/search?q=cache:B_ADiiUAOlkJ:www.korenine.si/zborniki/word/povzetki07.doc+%22Ugotavljanje+pisave+in+jezika+antičnih+Makedoncev%22&hl=de&ct=clnk&cd=2&gl=de
  2. http://209.85.135.104/search?q=cache:B_ADiiUAOlkJ:www.korenine.si/zborniki/word/povzetki07.doc+%22Ugotavljanje+pisave+in+jezika+antičnih+Makedoncev%22&hl=de&ct=clnk&cd=2&gl=de
  3. http://209.85.135.104/search?q=cache:B_ADiiUAOlkJ:www.korenine.si/zborniki/word/povzetki07.doc+%22Ugotavljanje+pisave+in+jezika+antičnih+Makedoncev%22&hl=de&ct=clnk&cd=2&gl=de
  4. Слоговни знаци
  5. Асиметрични слоговни знаци
  6. Асиметрични слоговни знаци
  7. Коси слоговни знаци
  8. Коси слоговни знаци
  9. Специјален знак
  10. Изолирано согласки
  11. Изолирани самогласки
  12. Пиктографски знаци
  13. Пиктографски знаци
  14. Лигатури- пишување
  15. Озвучување на симболите
  16. Озвучување на асиментрично слоговни знаци
  17. Озвучување на симетрични слоговни знаци
  18. Озвучување на коси слоговни знаци
  19. Озвучување на специјални знаци
  20. Озвучување на изолирани согласки
  21. Озвучување на изолирани самогласки
  22. Озвучување на пиктографи
  23. Пишување суперлативи
  24. Пишување множина
  25. Неопределен и определен член
  26. Прекар на царот
  27. Имиња на територии
  28. Имиња на богови

Надворешни врски


Статијата „Македонско дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).