Алергија
Алергија | |
---|---|
Уртикарија е вообичаен алергиски симптом. | |
Специјалност | Имунологија |
Имуниот заштитен механизам не е секогаш корисен. Постојат цела низа на болести, а меѓу нив има и некои многу тешки каде што имуниот механизам на судирот антиген - антитело и воопшто имуниот реактивен механизам е одговорен за патолошка реакција (болест). Внесувањето на антиген го сензибилизира (оптоварува) организмот, го стимулира да произведува антитела и ги стимулира клеточните имунолошки процеси, така што при повторно внесување на истиот антиген во организмот наместо заштитна реакција настанува тешка реакција во борба меѓу антигенот и хуморалниот и клеточниот имун систем.Алергијата најчесто се појавува од конзумирање храна.Затоа при појава на алергија итно мора да се преземаат мерки како алергијата да исчезне.
Анафилактички реакции и болести
[уреди | уреди извор]Хулоралните алергиски реакции предизвикуваат брз и непосреден тип на алергиска односно анафилактичка реакција. Брзите реакции се јавуваат не подолго од 6 часа, а нејкасно 12 часа од непосредниот контакт со антигенот. Во анафилактички реакции се вбројуваат:
- Анафилактички шок
- Артусов феномен (локална анафилакса)
- Серумска болест (уртикарна реакција - кожна)
- Бронхијална астма
- Пеницилински алергиски шок
Касниот тип на алергиски процеси претставуваат исклучително ќелиска т.е. клеточна имуна реакција. Ја пренесуваат чувствителните лимфоцити, а никогаш антителата. Реакцијата се јавува касно а најрано после 12 часа, почесто после 24 часа, а најчесто после неколку дена или недели. Додека брзата реакција нема латентен период касната реакција обавезно го има. Судирот антиген - антитело има централно место во алергиската реакција.
Анафилактички шок
[уреди | уреди извор]Анафилактичкиот шок е најбурна непосредна брза реакција, во судирот помеѓу антиген - антитело, се предизвикува при повторно вбризгување на истиот антиген со кој претходно организмот бил сензибилизиран. Генерализираната реакција е толку јака што типичните појави не можат да се пратат бидејќи во прв план настапува инсуфициенција на крвотокот со тежок колапс кој брзо доведува до смрт. Анафилактичкиот шок е тежок генерализиран облик на анафилаксија предизвикана од широкото дејство на хистамичност и други вазоактивни супстанции. По примарното давање инекција од коњски серум на лабораториско животинче настапува активна специфична сензибилизација. Се создаваат антитела чиј титар веќе после една недела е многу висок. Осетливоста може да трае и до две години доколку се земе серум од сензибилизирано животно и се пренеси на друго животно од иста врста после 8-12 часа. Животното примател постанува осетливо, односно сензибилизирано. Анафилактичката реакција е типична за животни од иста врста. Секој вид има свое "шок ткиво" кое најјако реагира во судирот антиген - антитело. Хуморалните антитела мораат да се фиксираат на клетката и да на тоа место ги дочекаат антигените со кои ќе реагираат. Во крвотокот можат да се создадат растворливи комплекси антиген - антитело кои се врзуваат за ткивото и го оштетуваат со посредство на медијаторите (хистамин и други активни супстанции). Човекот реагира со анафилактички шок при повторно давање на инекција, серум, антибиотици (поготово пеницилин), белковински препарати и слично. Смртните случаи се забележуваат веднаш по давањето на неколку микрограми јак концентриран антиген. Во продолжниот облик на шок се забележуваат низа симптоми и состојби кои се сметаат типични за човекот, како што се грч на мазната мускулатура, на бронхијалиите (асматично гушење), на артериолите во малиот крвоток (недоволно полнење на левата комора од срцето - смален систален и минутен волумен). Оштетувањето на ендотелните капилари предизвикува осип односно ортикарија, сериозна оксидација, голем губиток на плазма со згуснување на крвта, зголемување вискозноста на крвта. Асфикцијата, хипоксијата, лошото снабдување на мозокот со оксидирана крв, претставуваат најопасни појави во анафилактичкиот шок. Ако ја замислиме анафилактичката реакција во фази, се добива следниот редослед:
- Судирот антиген - антитело во одредени пропорции создаваат растворливи имуни комплекси заедно со комплементот. Оштетените клетки се слепуваат во крвотокот, распаѓаат и ослободуваат активни медијаторни супстанции од типот на хистамин хепарин и слично.
- Растворливиот имун комплекс антиген - антитело се врзува за ткивата. Медијаторните материи се ослободуваат и ги пореметуваат структурите за кои се врзани комплексите, се зголемува капиларната пропусливост, се пореметува базолната мембрана на гломерулот, артериите и слично.
- Антителата во текот на сензибилацијата се фиксираат за ткивата. При поново давање на антиген кој не влегува во реакција со слободните антитела се врзува за фиксираните антитела на кои им се придружува и комплементот. Се ослободуваат и медијаторите кои предизвикуваат васкуларна и воспалителна реакција.
Медијаторите на анафилактичките реакции се голем број на биоген амини и други биоактивни супстанции.
- Хистаминот е биоген амин кој се создава во маст ќелиите (лаброцити) во ткивата и од слободните баволини ќелии при оштетување слабо дејство на ткивата. Главното дејство му е преместување на микроциркулацијата со зголемување на капиларната пропустливост. Второ важно дејство на хистаминот е контракција (стеснување) на бронхијалната мускулатура пропратена со асматични напади. Се јавува исто и пореметување во микроциркулацијата проследено со паѓање на крвниот притисок, зголемување на капиларниот притисок, осип, чешање на кожата, паѓање на телесната температура.
- Сератонинот е биоген амин кој се ослободува од тромбоцитите и маст ќелиите. Делува бронхијално статички, го зголемува крвниот притисок за кратко време со стеснуавње на периферните садови, а потоа доаѓа до брза дилатација (проширување на крвните садови) и паѓање на крвниот притисок. Сератинот е медијатор на болката.
- Хепаринот се ослободува од маст ќелиите и покрај антикуалното дејство други дејствија во анафилактот и реакции сè уште не се познати.
- Плазматички кинин имаат одлучувачка улога во тешкиот васкуларен колапс при анафилактичкиот шок, се ослободуваат од крвните белковини. Кинините ја зголемуваат капиларната пропусливост предизвикуваат вазодилатација.
Артусов феномен
[уреди | уреди извор]Францускиот физиолог Артус со повеќекратно вбризгување на коњски серум под кожа кај зајаци предизвикал непосредна реакција на антиген - антитело првенствено со локални промени. После 5 - 8 такви вбризгувања во интервал 5 до 6 дена се јавува црвенило, натечување и некроза (распаѓање на ткиво). Туѓите белковини (антигени) после повеќе кратно вбризгување предизвикуваат перосетливост. На местото на инектирањето после 20 дена се создаваат доволно антитела, да при повторен контакт со вбризгани антигени дојди до анафилактацона реакција. Артусовиот феномен кај човекот се запазува - развива кај луѓе поедници кои примиле повеќепати антигенски материјал во поткожна инекција. Токсинот на шарлакот, дифтеричкиот токсин или големите дози на антибиотикот пеницилин, можат да предизвикуваат јака локална реакција со едем -оток, крварење и неркоза на ткивата.
Серумска болест
[уреди | уреди извор]Друг прототип на непосредна хуморална реакција антиген - антитело е серумска болест. Тоа е преосетливост на инектирање, внесување на страни антигени во голема количина посебно оние кои се наоѓаат во серумите за пасивна имунизација. Кај човекот се јавува отекување на местото на инектирањето, зголеување на регионалните лимфни жлезди, покачување телесна температура, осип, и чешање како и оток и болки во зглобовите. Поретки се зголемувањето на слезинката и оштетување на бубрезите. Симптомите се (последица) - резултат на локализацијата во ткивата на растворливите комплекси антиген - антитело. После неколку дена повторно доаѓа до раст на антителата. Симптомите добиваат облик на генерализирана артусова реакција.
Бронхијална астма
[уреди | уреди извор]Денес во светската астмологија преовладува ставот дека астмата е дефинитивно инфламаторна болест и таквиот став е поткрепен со многубројни експериментални истражувања и докази, како и клинички иследувања и студии. Дефинитивно се напушти концептот од претходните 20 тина години за астмата како реверзибилна опструкција на дишните патишта која ја карактеризира бронхијална хиперреактивност (БХР), бидејќи овие две најбитни обележја на астмата се всушност последица на инфламацијата. Во овој 21 век астмата останува енигма на етиолошки план, но на тераписки план синтагмата од пред неколку децении дека "астматичарите гушејќи се остаруваат" е заменета со нова (благодарејќи на успешниот третман) која гласи: астматичарите живеејќи нормално и квалитетно, доживуваат длабока старост.
Алергиски синдроми од непосреден тип.
[уреди | уреди извор]Во оваа група непосредни реакции спаѓаат алергиските заболувања, осипни, кожни реакции, (копривњача), бронхијална астма, поленска треска, алергија на некои лекови и др. Најчест пат на влегување на алергените е преку вдишување, односно преку слузокожата на носот и дишните патишта кои предизвикуваат алергиска кивавица и бронхијална астма. Потоа преку гастроинтестиналниот тракт можат да се ресорбираат неразградени белковини и предизвикуваат судар на антиген - антитело. Тоа се случува најчесто кај децата, со прехранбени артикли, како што се: млеко, јајца, риба, јаготки и др. Преку кожата организмот може да се сензибилизира со директен контакт на алергени како што се разни бои, козметички препарати, облека (посебно од синтетички материјал). Најчест тип појави се осип, чешање и егзем.
Алергиски реакции на лекови
[уреди | уреди извор]Несоодветните реакции на лекови се значаен проблем во клиничката медицина. Кај хоспитализираните болни тие се застапени и до 30%. Се класифицираат со несоодветни реакции, независно од лековите, потоа реакции во врска со лековите, кои понатаму се класифицираат како реакции кај болни кои не се преосетливи на лекови (предозирање, споредни ефекти, секундарни ефекти и интеракција на лекови) и реакции кај болни преосетливи на лекови (сензибилизација, интолеранција, анафилактоксинска и анафилактоидна реакција и идиосинкразија). Во сензибилизацијата на лекови се застапени сите механизми на преосетливост: И-тип на реакција клинички се јавува како: анафилактички шок, уртикарија и ангиоедем, бронхоспазам; ИИ-тип, гематолошки нарушувања, оштетувања на бубрегот; ИИИ-тип, алергиски вискулит и ИВ-тип, контактни алергиски дерматит, оштетувања на бел дроб со лекови, оштетувања на црн дроб со лекови, оштетувања на централниот нервен систем после вирусни вакцини. Псевдоалергиските реакции имаат клиничка слика на анафилактичка реакција и алергиски васкулит. Лекови кои најчесто предизвикуваат алергиски реакции се антибиотици (пеницилин), аналгетици (аспирин и метемизолски препарати), јодни контрасни средства, анестетици и друго.
Алергиски реакции на храна
[уреди | уреди извор]Поимот "алергија на храна" ("нутритивна алергија") не соочува со бројни контроверзии, дезинформации, екстравагантни салонски анегдоти и е секогаш привлечна (пикантна) тема во немедицинските медиуми. Само одделни клинички алерголози, нутриционисти и "клинички еколози" со сериозност пристапуваат кон овој проблем а официјалната медицина истиот го маргинализира, и покрај фактот што тој нуди драгоцени базични имуно(пато)-лошки сознанија и универзално аплицирачки модели. Во време на напредната технологија на преработка, складирање и транспорт на прехранбените производи од еден во друг крај на Земјината топка, за човекот - консумент тоа се нови провокации за реактивниот и адаптивен имунитет. Како и гастрономијата општо, и нутритивната алергија е тесно поврзана со менталните и психолошко - емотивни сфери на човековото егсизтирање. За разлика од медикаментите кои се внесуваат инцидентно и при соодветни индикации (условно), хранењето како основен животен нагон е безусловно, а изборот на менито е обележје на современиот живот со сите комплексни специфичности.
Општо лечење на алергиските и имунолошките заболувања
[уреди | уреди извор]Се претпоставува дека во основата на голем број заболувања постои автоимуниот механизам и поради тоа предизвикува огромно интересирање на научниците и истражувачките центри ширум светот. Се претпоставува а во догледно време веројатно и лабораториски ќе се докаже, дека многу заболувања се резултат на реакцијата антиген - антитело. Со тоа сознание и фармацевската индустрија ќе ни понуди соодветни ефикасни лекови, односно заштита. Во досегашното искуство на медицината, основен начин на лечење на алергиските и имунолошките заболувања е избегнување на присуство, на штетниот алерген. Доколку тоа не е доволно или не е можно тогаш се презема и лекување на ургентните состојби, етиолошко лекување и систематско лекување. Ургентните состојби не се ретки и во голема мера го загрозуваат човечкиот живот. Во тие тераписки мерки не се утврдува причинителот туку се спасува човечкиот живот со сите можни средства со кои денес располага медицината, како што се симпатикамиметици: адреналин, кортикостероиди, антихистаминици, калциум итн. Симпатикамиметици - Адреналинот и неговите сродници се најефикасни средства во тешките алергиски состојби. Адреналинот се дава поткожно од 0.5 до 1 мл раствор адреналин. Во многу тешки случаи може да се даде минимална доза адреналин и интракардијанс. Картикостероиди - Почнувајќи од 1949 година картикостероидите со АСТН заземаат едно од наистакнатите места во терапијата на ургентните состојби во алергијата. Механизмот на неговите дејства не е точно познат. Се знае само дека тие претставуваат најефикасно антивоспалително средство воопшто. Калциум - Познато е дејството на калциумот врз пермеабилитетот на крвните садови, доаѓа до смалување и исчезнување на отокот и со тоа се објаснуваат поволните ефекти на калциумот.
Етилошко лечење на алергиските и имунолошките заболувања
[уреди | уреди извор]Во етиолошкото лечење денес се применуваат специфична десензибилизација односно хипосензибилизација, тимектомија, антилимфоцитен серум итн. Специфична хипосензибилизација - Често се употребува во последно време името хипосензибилизација од причина што со примена на оваа метода се постигнува дефинитивно десензибилизација на организмот. Хипосензибилиза-цијата се спроведува на тој начин што со претходно тестирање се утврдува постоењето и јачината на сензибилизацијата спрема извесен алерген. Тимектомија - Улогата на тимусот е докажана во имунолошките реакции на организмот, посебно кај реакција на преосетливост. Меѓутоа тимектомијата како метод на лечење на автоимуните болести дало поволни резултати кај заболувањето муастхениа гравис и тоа во детството кога дејството на тимусот на имунолошкиот систем е најизразено. Во примената на лекување на алергиските манифестации постои широка палета на лекови и средства кои можат да помогнат односно да ги намалат тегобите и симптомите како што се средствата за смирување, аспиринот, вакцинациите итн. Антибиотиците исто така се применуваат во одредени случаи на инфекција која е од примарно етиолошко значење како провокативен фактор на алергиската манифестација.
Аеробиолошки влијанија врз имуниот систем
[уреди | уреди извор]Аерозагадување по дефиниција претставува атмосферска акумулација на супстанции до тој степен, да тие стануваат штетни по здравјето на луѓето, животните и растенијата и претставува голем проблем, кој е одговорен за порастот на инциденцата на респираторните заболувања. Постојат две форми на аерозагадување: индустриски смог и фотохемиски смог со тоа што, под терминот смог се подразбира комбинација на чад и магла. Индустрискиот смог настанува како резултат на согорување на фосилните масла кои содржат сулфур диоксид, оксиди на азот и честички од прав. Фотохемискиот смог се создава по пат на интеракција помеѓу сончевата светлина, јагленороден водород и азотни оксиди. Оваа форма на аерозагадување во голема мера е предизвикана од издувните гасови на автомобилите и е асоцирана со зголемени концентрации на озон, водороден пероксид и пероксиацетил нитрат. Оттука станува јасно зошто во летните месеци кога во глано владее висок атмосферски притисок, слабо струење на воздухот и долги сончеви денови, концентрациите на озонот, како најзначаен претставник на фотохемискиот смог, е најголемо.
Механизам со кој озонот предизвикува инфламација на дишните патишта
[уреди | уреди извор]Озонот е најјакиот оксиданс од сите аерозагадувачи. Тој делува токсично на клетките по пат на оксидација на аминокиселините и несатурираните масни киселини од клеточната мембрана, продуцирајќи слободни радикали или други токсични интермедиерни производи како што се: Х2О и разни алдехиди. Озонот кога доаѓа во допир со мукозата на дишните патишта реагира со природните антиоксиданси (глутатион, аскорбит и урична кис.) присутни во слузта која го препокрива епителот на дишните патишта. Оштетување на епителните клетки настанува дури тогаш кога големите концентрации на озон го надминат природниот антиоксидативен капацитет на дишните патишта. Слободните оксидативни радикали и нивните интермедиерни производи се способни да предизвикаат оштетување на клетките и се наречени со заедничко име РОС (реацтиве оџѕген специес). Тие можат да бидат цитотоксични кога се продуцираат во огромни колични или да влијаат на генската експресија и посттранслационата модификација на белковините кога се произведени во умерени количини. Главно место во интеракцијата помеѓу мукозата на дишните патишта и озонот е епителиумот на дишните патишта. Експозицијата на пациенти кои боледуваат од алергиски ринитис и астма со озон доведува до потенцирање на инфламаторната алергиска реакција пропратена со инфилтрација и активација на неутрофилите, еозинофилите и маст клетките. Истовремената експозиција на пациентите со алерген и озон што настанува во летните месеци доведува до влошување на алергиските заболувања. Озонот, на овој начин се поврзува со зголемената преваленција на алергиските болести на дишните патишта.
Заклучок
[уреди | уреди извор]Во последните децении, а посебно во годините на развојот на индустријата, техничко технолошкиот развој и урбанизирањето на земјата (а уште повеќе со се она што се случува последните години во Европа и балканските простори) голема палета или многу штетни фактори во најблиската човечка околина придонесуваат за се почесто појавување на алергиски манифестации во секојдневниот живот. Со поголема примена на инсектициди, хормони, нови лекови, укажува на неопходноста да се биде претпазлив и секогаш да се имаат на ум алергиските манифестации. Со ова не само што се сака да се насочи, односно алармира за се почесто заболување од алергиски имуни и автоимуни заболувања, туку и неопходна е потребата за профилакса и спречување на тие состојби и заболувања. Освен тоа во денешно време изменетата храна со многу зачини и конзервираната храна, придонесуваат од своја страна за зачестените алергиски манифестации на дигестивните органи. Извршувањето пресадување на органите во последните години, посебно бубрегот довело до голем број проблеми на спречувањето на алергиските, односно имунолошките реакции. Исто така се почеста е појавата на алергиски манифестации по примањето на лекови, а особено, пеницилин, сулфанамиди и некои психофармации. Тоа укажува на неопходноста да се биде претпазлив при примена на лекови кои најчесто предизвикуваат алергиски манифестации.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алергија на храна (македонски)
- Алергија на домашни миленици (македонски)
- Алергија на домашна прашина (македонски)
|