Прејди на содржината

Рожница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шематски приказ на десното човечко око, прикажувајќи ја рожницата одвоена од белката (sclera) и крајот на рожницата (limbus)

Рожница (латински: cornea) — дел од надворешната обвивка на окото (corneosclera, tunica fibrosa oculi). Таа е мазна, сјајна, проѕирна и многу чувствителна. Врши заштитна улога за окото и е особено важна како најсилниот оптички елемент на окото. Рожницата се образува во петтиот месец од внатреутробниот развој. Има мешано ембрионско потекло, што значи дека се образува по сложен механизам од редоследи на созревање на живото ткиво и потекнува од два слоја на исконскиот ембрион.[1][2]

  1. Najjar, Dany. „Clinical optics and refraction“. Архивирано од изворникот на 2012-05-29.Предлошка:MEDRS
  2. Finn, Peter (20 December 2012). „Medical Mystery: Preparation for surgery revealed cause of deteriorating eyesight“. The Washington Post.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]