Прејди на содржината

13 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:12, 26 јули 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (top: Правописна исправка, replaced: григоријански → грегоријански, Григоријански → Грегоријански)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

13 април — 103-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (104-и во престапна година). Остануваат 262 денови до крајот на годината.

Настани:

1898  Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1913  Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1943  Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-40 г. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990 г.
1970  Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало „Аполо 13“ и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна.

Родени:

1519  Катерина де Медичирегент на Франција и сопруга на францускиот крал Анри II († 1589).
1743  Томас Џеферсон — претседател на САД.
1883  Александар Василевич Александров — руски и советски композитор.
1885  Ѓерѓ Лукач — унгарски марксистички филозоф, естетичар и политичар († 1971.).
1901  Жак Лакан — француски психоаналитичар и психијатар († 1981).
1906  Антон Панов — македонски драмски писател († 1968).
1906  Семјуел Бекет — ирски писател и нобеловец († 1989).
1939  Шејмус Хини — ирски поет, нобеловец и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата († 2013).
1942  Киро Поповски — македонски правник и политичар.
1946  Ал Грин — американски пејач.
1946  Јосиф Татиќ — српски глумец.
1948  Драго Јанчар - словенечки писател и политичар.
1949  Кристофер Хиченс — англиски новинар и општественик.
1950  Марко Китевски — македонски фолклорист.
1955  Сафет Сушиќ — југословенски и босански фудбалер и тренер.
1963  Гари Каспаров — руски шахист-велемајстор, светски првак (1985. - 2000).
1967  Валентина Божиновска — македонска глумица и политичарка.
1977  Анхел Висиосо — шпански велосипедист.
1976  Дарија Лоренци Флац — хрватска глумица.
1978  Силви ван дер Варт — холандска водителка и модел.
1978  Карлес Пујол — шпански фудбалер.
1983  Клаудио Браво — чилеански фудбалер.
1986  Николај Учиков — бугарски одбојкар.
1991  Игор Кобзар — руски одбојкар.
1991  Бранкица Михајловиќ — српска одбојкарка.
1996  Марко Грујиќ — српски фудбалер.
1999  Алесандро Бастони — италијански фудбалер.
2001  Неко Вилијамс — велшки фудбалер.

Починале:

1695  Жан де Лафонтенфранцуски поет и баснописец.
1992  Благоја Попов — македонски политичар и државник.
2012  Ташко Георгиевски — македонски писател и филмски сценарист.
2015  Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година.