Авеста
Дел од серијата за |
Зороастризмот |
---|
основно |
ангели и демони |
текст и верување |
записи и легенди |
историја и култура |
следбеници |
Авеста (перс.) е збирка на свети книги од религијата на старите Иранци (Парси), кои го задржале учењето на Заратустра (Зороастризам). Збирката е создадена уште додека бил жив Заратустра.
Авеста е најсветата книга на Зороастризмот, и за неговите следбеници има иста важност како и Библијата за христијаните или Куранот за муслиманите.[1]
Сите зачувани текстови на Авеста потекнуваат од периодот по падот на Сасанидското Царство, од 9 век п.н.е. до 13 век п.н.е.
Јазик
[уреди | уреди извор]Треба да се напомене дека Авеста е напишана со изворниот јазик на Индо-Иранците, т.е. на авестиски јазик, како што се нарекува денес.
Делови од Авеста
[уреди | уреди извор]Авеста е збир на повеќе целини, и се состои од следниве збирки текстови: Венидад, Висперад, Хорде Авеста, Јасна и Јашт.
Јасна е третата по ред збирка текстови во Авеста, и во неа се наоѓаат молитви што се изговарани при принесување на жртви и во текот на церемонијата јасна.
Јашт е четврта по ред збирка текстови во Авеста, во која се наоѓаат химни (дваесет и две), посветени секоја на по едно од божестава од зороастризмот. Со овие химни им се укажувала чест на сите божествени суштества кои се заслужни за добриот збор, дело и мисла.
Хорде Авеста се состои главно од молитви за врховниот бог Ахура Мазда, но содржи и легенди и митови од персиската прататковина, а Венидад и Висперад содржат религиозни закони и парсиски догми.
Исто така, во Авеста се вметнати итн. фрагменти, делова кои се најдени подоцна, а во кои се наоѓаат разни изреки и совети за добар живот. Понекогаш, фрагментите обично не се наведуваат како дел на Авеста.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Boyce 1984, стр. 1.
„Авеста“ на Ризницата ? |