Прејди на содржината

Севница

Координати: 46°0′33″N 15°18′14″E / 46.00917° СГШ; 15.30389° ИГД / 46.00917; 15.30389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:26, 6 октомври 2022; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Севница
Sevnica
Lichtenwald
Поглед на Севница
Грб на Севница
Севница is located in Slovenia
Севница
Севница
Местоположба на Севница.
Координати: 46°0′33″N 15°18′14″E / 46.00917° СГШ; 15.30389° ИГД / 46.00917; 15.30389
Држава Словенија
Традиционален регионШтаерска
Статистички регионПосавски
ОпштинаСевница
Прво споменување1275
Површина
 • Вкупна5,0 км2 (20 ми2)
Надм. вис.&10000000000001831000000183,1 м
Население (2020)
 • Вкупно4.533
 • Густина910/км2 (2,400/ми2)
Час. појасUTC+1
Пошт. бр.8290
Рег. таб.KK

Севница (словенечки: Sevnica; германски: Lichtenwald[1]) — град кој се наоѓа на левиот брег на реката Сава во средна Словенија. Градот е центар на општината Севница. Таа е една од трите поголеми населби во Долносавската долина. Стариот град Севница лежи под замокот Севница, кој се наоѓа на врвот на ридот, додека новиот дел од градот се протега по рамнината меѓу ридовите до Савската долина, формирајќи уште едно градско јадро на сливот на реките Севничка и Сава.[2]

Етимологија

[уреди | уреди извор]
Севница, 1830 година

Населбата првпат била потврдена во писмени записи во 1275 година на германски како Лихтенвалде (Lichtenwald) (и како Лихтенвалде (Lihtenwalde) во 1309 година, Литенуелд (Lietenueld) во 1344 година, Лихтенвалд (Liechtenwald) во 1347 година и Сиелница (Sielnizza) во 1581 година). Словенечкото име веројатно потекнува од хидроним кој се однесува на потокот Севничка (првпат посведочен во 1488 година како Зелниц (Zellnitz). Ова име е изведено од придавката se(d)lьnъ „припаѓање на населба, село“. Словенечкото име не е поврзано со германското име, кое се однесува на листопадни шуми.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Замокот Севница со „Лутеранската визба“, каде што проповедал словенечкиот протестантски автор Јуриј Далматин во 16 век.

Со векови, градот Севница се наоѓал на границата на два историски региони на Хабсбуршкото царство: Крањска и Штаерска. За прв пат се споменува во пишаните документи кои датираат од 1275 година со неговото германско име Лихтенвалде (германски: Lichtenwald). Во тоа време таа била една од најважните населби долж долниот дел на реката Сава. Во периодот на доцниот среден век, таа била ексклава на архиепископијата Салцбург. Градот бил освоен од хабсбуршкиот цар Максимилијан I во 1490 година, како одмазда за сојузот на архиепископот со Матија Корвин во војната водена против Хабсбурзите. Потоа, тој бил инкорпориран во Војводството Штаерскадо 1918 година.

Во 1322 година се здобил со статус на пазарен град, со проширени пазарни права во 1513 година. Помеѓу 14 и 17 век, градот многу страдал од честите османлиски напади и никогаш целосно не го вратил своето претходно богатство. Во 16 век бил важен центар на протестантската реформација во словенечките земји; Во градот проповедал и словенечкиот лутерански автор Јуриј Далматин.

Помеѓу 1809 и 1813 година, тој бил пограничен град помеѓу Илирските провинции под француска управа и Австриското Царство. Во средината на 19 век, Севница стана важен центар на словенечката национална преродба; во 1869 година се одржи еден од првите масовни собири на движењето Обединета Словенија.

Во 1862 година добил железничка врска, што ја поттикнало локалната економија. Во 1938 година е завршена пругата од Севница до Требње.

За време на Втората светска војна, кога областа била припоена од Нацистичка Германија, поголемиот дел од нејзините словенечки жители биле протерани и заменети со Германци преселени од округот Готче.[4][5] Многу жители на Севница загинале во нацистичките концентрациони логори. По војната, градот почнал да се развива како индустриски центар во новоименуваниот Посавски регион.

Стариот дел на Севница и замокот

Парохиската црква во градот е посветена на Свети Никола и припаѓа на Римокатоличката епархија Целје. Изградена е во 1862 година. Другите цркви во градот се посветени на Свети Флоријан, Богородица и Света Ана, сите припаѓаат на истата парохија.

Економија

[уреди | уреди извор]

Компанијата Лиска, една од најголемите компании за долна облека во Европа, е со седиште во Севница. Друга важна компанија е компанијата за производство на мебел Стилс.

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  • Меланија Трамп (родена 1970 г.), поранешна манекенка, прва дама на САД (2017–2021)
  1. Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 20.
  2. „Občina Sevnica“. www.obcina-sevnica.si. Посетено на 2021-11-21.
  3. Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. p. 374.
  4. Ferenc, Tone (1995). "Posavje". Enciklopedija Slovenije. 9. Ljubljana: Mladinska knjiga. p. 156.
  5. Čepič, Zdenko; Guštin, Damijan; Vončina, Dejan (2005). Podobe iz življenja Slovencev v drugi svetovni vojni. Ljubljana: Mladinska knjiga. p. 57.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]