Прејди на содржината

Стокхолм

Координати: 59°19′46″N 18°4′7″E / 59.32944° СГШ; 18.06861° ИГД / 59.32944; 18.06861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:11, 16 јули 2023; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Знаменитости на градот: Јазично подобрување, replaced: карактеристик → одлик)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Стокхолм
Знаменитости на Стокхолм
Знаменитости на Стокхолм
Знаме на СтокхолмЛого на Стокхолм
Грб
Стокхолм is located in Шведска
Стокхолм
Стокхолм
Координати: 59°19′46″N 18°4′7″E / 59.32944° СГШ; 18.06861° ИГД / 59.32944; 18.06861
Основан13 век
Површина
 • Градска188 км2 (73 ми2)
 • Градска381,63 км2 (14,735 ми2)
 • Метро6.519 км2 (2,517 ми2)
Население (31 декември 2011)
 • Градско864.324
 • Густина4,600/км2 (12,000/ми2)
 • Градскo1,372,565
 • Градска3.597/км2 (9,320/ми2)
 • Метро2.091.473
 • Метро320/км2 (830/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+46-8
Мреж. местоstockholm.se
Главна улица за трговија во градот Дротнингатан
Стар град на Стокхолм
Стокхолм ноќе
Стокхолмшко метро
Стариот дел на Стокхолм

Стокхолм (шведски: Stockholm) — главен и најголем град во Шведска. По процената од 2004, градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители.

Градот е основан во 1252 година на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската академија на науките, Карловиот институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија, медицина и литература.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на градот води потекло од старошведските зборови Сток (Stock) и Холм (holm) што во буквален превод значи „место на островче“. Ова има смисла, ако се знае дека најстариот (денес средиштен) дел од градот се наоѓа токму на островот Хелгеандхолмен.

Географија

[уреди | уреди извор]

Положба на градот

[уреди | уреди извор]

Градот Стокхолм се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Оддалеченост на Стокхолм од важните градови во околината:

Природни услови

[уреди | уреди извор]

Релјеф: Стокхолм се развил во близина на источниот брег на Балтичко Море. Градот се развил на стратегиско место каде оддалеченоста помеѓу големото шведско езеро Меларен и Балтичко Море е најмала. Затоа, дадената положба стратегиски е многу важна - градот е формиран како би го штител влезот во системот езера, кои е „срж“ на внатрешноста на земјата. Градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина на градот се движи помеѓу 0-50м.

Клима: Според Кепановата класификација климата на Стокхолм е умерено-континентална. Поради северната положба на градот, дневната светлост многу варира од повеќе од 18 часа во средината на летото, до само 6 часа при крајот на декември. Покрај оваа положба, Стокхолм има релативно благи температури и многу топло и сончево време во текот на целата година од поголемиот број други места на слична латитуда, или дури и од некои што се наоѓаат појужно, во главно поради влијанието на топлата Голфска струја. Градот годишно има околу 1.981 сончеви часови.

Летата се топли и пријатни со просечна дневна температура од 20-22°С и најниска температура од 13°С, но температурата често преминува и над 25°С (77 °F). Зимите се ладни со просечна температура од -5°С до 1 °C, но исто така ретко паѓа испод -10°С. Годишната количина на дожд е 539 мм со 164 влажни денови. Снег претжно паѓа во периодот од декември до март.

Води: Стокхолм се наоѓа во близина на источниот брег на Шведска, односно западниот брег на Балтичко Море. На даденото место Балтичко Море е најјужно, т.е. тука бреговите на Шведска и соседна Финска најмногу се доближуваат, што стратегиски е доста значајно. Во однос на внатрешноста исто така се гледа стратегиско значење на Стокхолм, бидејќи градот е сместен на кратката река Нордстерм, која ги поврзува блиското езеро Меларен (трето по големна во државата) и Балтичкото Море. Реката исто така ги дели историските покрајни Упланд и Седеманланд, па и градот е поделен измеѓу нив.

Средишните делови на Стокхолм се наоѓаат на 14 острови кои се наставуваат на Стокхолшкиот арипелад. Скоро 30% од градот го сочинуваат пловни патишта и уште 30% го сочинуваат паркови и зелени површини (податок од 2009 година). Стокхолм од Европската комисја ја добил титулата „Прва Европска Зелена престолнина“.

Историја

[уреди | уреди извор]
Stockholmsområdet vid 3 000 f.kr.
Illustration av olika historiska vattenstånd i Stockholmstrakten med hjälp av Västerbron

Подрачјето на градот Стокхолм било населено во раниот среден век. Првото спомнување на градот поврзан со денешното име се поврзува со 1252 година. Првобитно, градот се развил како пристаниште за извоз на железна река од рудникот во градската област Бергслаген. Благодарејќи на ова градот брзо станал значајно средиште на трговијата. Градот наскоро станал ханзетска испорака на доселениците од Германија. Тие ја сочинувале градската власт до 1478 година.

Престолнина на Шведска градот станал во 1436 година. Со ослободување на Шведска од данската врховна власт во 1520 година во градот се случил масакар. Во 1523 година тука е крунисан првиот шведски крал Густав Васа. Шведска брзо станала најважна алка во политиката на Северна Европа.

Овие околности овозможиле брз пораст и развиток на градот, посебно трговијата, така овој град во 1600 година ја преминал цифрата од 10.000 жители. Во 1634 година Стохолм и официјално станал престолнина на државата. во 1710 година од чума страдале околу 20.000 жители или 36%.

Во втората половина на 19 век, со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани Летните олимписки игри 1912.

По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку население како и во градот.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Сообраќај: Стокхолм е најважен сообраќаен центар во Шведска и еден од најважните во Северна Европа. Градот е најважен центар на автопатиштата и железничките пруги во државата, а градското пристаниште е огромно и современо.

Во Стокхолм постојат дури три аеродроми:

Јавен превоз: Според својата големина, Стокхолм има совршено развиена и разгранета мрежа на јавен превоз. Според последните податоци тоа претставува и еден од најскапите јавни превози во светот. Јавниот превоз го сочинуваат: метро, два системи на градска и три системи на приградска железница, мрежа од трамвајски и автобуски линии. Стокхолмското метро е далеку најважен вид на јавен превоз, и има дури 3 линии.

Во 1912 година во Стокхолм се одржани Летните олимписки игри.

Знаменитости на градот

[уреди | уреди извор]

Стокхолм е познат по својот сочуван стар алштат, но и по бројните „зелени зони“ на градот (паркови, алеи, парк-шуми), по што е и еден од првите во светот. Во близина се наоѓа Стариот град (Гамла стан) со средновековни одлики - неправилна мрежа на улуци и плоштади на островот.

Северно од Стариот град се наоѓа дел од градот кој настанал во времето на академизмот, поточно кон крајот на 19 век и почетокот на XX век, препознатлив по булеварите, алеите, палатите и градбите на управата за култура. Тоа претставува политичко и економско „срце“ на градот.

Од поединечните градби потребно е да се издвојат:

  • Германска црква (Tyska kyrkan) во Стариот град, од 16 век;
  • Куќа на племето (Riddarhuset), од 17 век;
  • Воден дворец (Bondeska palatset), од 17 век;
  • Државен универзитет (Tessinska palatset), од 17 век;
  • Кралската шведска опера, кон крајот на 19 век;
  • Градската куќа на Стокхолм, во првата третина на XX век;
  • Стокхолмската градска читална, во првата третина на XX век.

Градот веќе со децении е центар на современата архитектура, па така во последните години се подигнати многу градби и раскошни „хајтек“ згради.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]