Преработка од 15:39, 18 септември 2023; направена од InternetArchiveBot(разговор | придонеси)(Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5)
Принцевски Острови (грчкиΠριγκηπονήσια, турскиKızıl Adalar) — архипелаг од девет острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно Море и јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул, Турција[1]. Опфаќаат површина од 10 км2, со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15 000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем.
Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторни возила, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.
Овие острови биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Овде биле праќани во егзил најчесто претендентите за престолот во Византија. Денеска, овие острови се една од најголоемите туристички атракции во земјата.