Прејди на содржината

Сит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:20, 9 август 2024; направена од Andrew012p (разговор | придонеси) (Семејството на Сит)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Сит
Фреска на Сит
СопружникАзура
ДецаЕнос
РодителиАдам (татко)
Ева (мајка)

Сит (хебрејски: שֵׁת — „положба“, грчки: Σηθ) — третиот син на Адам и Ева. Сит се споменува во родословието на Исус Христос.

Ева родила трет син, Сит, откако Каин го убил Авел, и откако Бог ги проколнал Каин и неговото потомство: „И Адам повторно ја запозна својата жена, и таа роди син и му го даде името Сит, бидејќи, рече таа: Бог одредил да имам друго потомство наместо Авел, кого Каин го уби“. (Бит. 4:25).

Според книгата Битие, Сит живеел 912 години.[1] Според масоретскиот текст на Стариот завет, тој е роден во 130 година од создавањето на светот, го родил синот Енос на возраст од 105 години, починал во 1042 г. од создавањето на светот. Според Септуагинтата, се родил во 230 година, го родил синот Енос на возраст од 205 години, починал во 1142 г.

Апокрифи и преданија

[уреди | уреди извор]

Преданието вели дека Сит го измислил пишувањето.[2] Според Јосиф Флавиј, Сит живеел добродетелен живот и неговите потомци го следеле неговиот пример. Тие ја измислиле астрономијата и ги запишале своите откритија на камени и циглени столбови за да не бидат заборавени. Еден од овие столбови се чувал во Сирија, иако некои луѓе мислат дека може да е во друга област.[3]

Има и апокрифен текст наречен „За Адам и Ева“, кој зборува за Сит.[4]

Семејството на Сит

[уреди | уреди извор]

Според Книгата на јубилеите, Сит се оженил за својата сестра Азура.[5] Ерменскиот историчар Мхитар Ајриванеци ја нарекува жената на Сит, Азора.

Според книгата Битие, Сит родил син, Енос.[6]

Според Книгата на јубилеите, синот на Сит, Енос, имал жена, сестра му Ноама.

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет
  1. „... така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре“ (Бит. 5:8).
  2. Сиф // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски)
  3. Иосиф Флавий. Иудейские древности, 1:2:3. (руски)
  4. „Книга: Апокриф о Адаме и Еве“. www.e-reading.life (руски). Посетено на 2024-08-03.
  5. Книга IV, 2-й абзац // Книга Юбилеев / пер. А. В. Смирнов. — СПб.: Амфора, 2000. — ISBN 5-8301-0183-1. (руски)
  6. Бит. 5:6

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]