Прејди на содржината

Ли Харви Освалд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:06, 12 август 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Атентат: Печатна грешка, replaced: оемрви → оември)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Ли Харви Освалд
Роден(а)18 октомври 1939(1939-10-18)
Њу Орлеанс, Луизијана, САД
Починал(а)24 ноември 1963(1963-11-24) (возр. 24)
Далас, Тексас, САД
Причина за смртУбиен од Џек Руби
НационалностАмериканец
Други имињаАлек Џ. Хидел
О. Х. Ли
СопружникМарина Прусакова (м. 1961)
Потпис

Ли Харви Освалд (18 октомври 193924 ноември 1963) — американски маринец, кој спрема заклучоците на двете владини истраги, е осомничен за извршување на атентат на Џон Кенеди, претседател на Соединетите Американски Држави на 22 ноември 1964.
Во 1964 Вореновата комисија востанови дека Освалд делувал сам, а во 1970 е утврдено дека, иако Освалд бил тој кој пукал, претседателот Кенеди е убиен како резултат на заговор, но не се појави ниту еден друг осомничен. Два дена по атентатот, Освалд бил убиен од Џек Руби. Освалд починал на 24 ноември 1963 во болницата „Parkland Memorial“, во која, пред два дена, починал и Џон Кенеди. Убиството на Ли Харви Освалд претставувало прво убиство во историјата кое емитувано на телевизија во живо.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ли Харви Освалд е роден во Њу Орлеанс во сојузната американска држава Луизијана, два месеци по смртта на неговиот татко. Уште како дете, Освалд често упаѓаше во невољи, затоа што спрема тврдењата на психијатарот бил емоционално пореметена личност. Освалд бил исфрлен од училиште и се придружил на морнарскиот корпус на САД. Потоа пребегал во СССР, каде што барал државјанство, но бил одбиен. Во 1962 се вратил во САД со сопругата Марина, државјанка на СССР и нивната ќерка. Во јуни 1962 Освалдовците се селат во Форт Ворт во Тексас. Во октомври истата година Ли Харви се вработува во тексашка книжарница во Далас.

На 22 ноември 1963 снајперист од шестиот кат на спомната зграда испукал три куршуми кон колоната на автомобили во кој бил и американскиот претседател Џон Кенеди, при кои смртно го ранил истиот и го повредил тексашкиот гувернер Џон Конолиј. По еден час Освалд е приведен во сала на локално кино. Освалд е исто така оптужен за убиство на полицаецот Џ. Д. Типит, кој е убиен многу брзо по убиството на Кенеди. На 24 ноември, кога полицијата го водела од градскиот затвор во окружниот затвор Освалд, пред телевизиските камери, смртно бил ранет од Џек Руби и тоа во средина на толпа полицајци и новинари. Руби, сопственик на ноќен клуб во Далас, тврдел дека бил избезумен од убиството на престедателот.
За истрагата на убиството на Кенеди е основана посебна комисија, предводена од претседателот на врховниот суд Ерл Ворен. И покрај многубројните теории на заговор комисијата во својот заклучок во 1964 година утврди дека Освалд делувал сам. Во 1979 комисијата на американскиот конгрес признала дека постои можност за завери и изјави дека исто така постои можност во убиството да е вмешана уште една личност. Во врска со овој атентат се напишани доста книги, колумни во весници, а снимени се и голем број документарни серии. Меѓутоа најголемиот успех го постигна играниот филм "ЏФК" на Оливер Стоун со Кевин Костнер во главната улога.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Теорија на еден куршум