Јос ван Емден
Ван Емден на Курне-Брисел-Курне 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Јос ван Емден | ||
Роден | 18 февруари 1985 Схидам, Холандија | ||
Висина | 1,86 м | ||
Маса | 74 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за хронометри | ||
Професионални клубови | |||
2006–2008 2008- | Рабобанк Континентал Тим Рабобанк | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 25 февруари 2019 |
Јос ван Емден (холандски: Jos van Emden; р. 18 февруари 1985) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Познат е како специјалист за хронометри.
Кариера
[уреди | уреди извор]Ван Емден започнал со возење во 2005 година. Во текот на втората година, освоил четири етапи на три различни трки, станувајќи победник на две други етапни трки и завршил седми на Светското друмско првенство под 23 години. Следната година ја остварил својата прва професионална победа, со победата на Минстерланд Џиро.[2]
Неговиот прв настап на некоја голема трка дошол во 2009 година, кога учествувал на Џиро д’Италија. Една година подоцна завршил деветти на две различни етапи на истата трка и остварил две хронометарски победи во една недела, победувајќи на пролозите на Делта Тур Зеланд и Стер ЗЛМ Тур. Подоцна истата година станал национален хронометарски првак.[3]
Ван Емден покренал медиумско внимание кога ја запросил својата девојка во текот на хронометарот на Џиро д’Италија 2014. Откако прифатила, ја завршил етапата како 120. од 156 велосипедисти.[4][5]
Во 2015 година, Ван Емден завршил втор на поединечниот хронометар на Трката околу Калифорнија, седејќи на жешкото столче цел ден пред да биде поразен од Петер Саган.[6] Два месеци подоцна, Ван Емден првпат учествувал на Тур де Франс. Бил петти на воведниот хронометар кој се случил во неговата родна земја.[7] Неговата најголема победа дошла на поединечниот хронометар на Енеко Тур, со што го презел и водството на трката.[8]
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[9]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Етапа 4 Тур де Норманди
- 1. Етапа 1 Тур ди Лоар ет Шер
- Гран при Вилем Тел
- 1. Пролог
- 1. Етапа 1
- 1. Краен пласман Росеритет ДНВ ГП
- 1. Етапа 1
- 1. Краен пласман Триптик де Бараж (под 23 години)
- 1. Етапа 2
- 2007
- 1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
- 1. Минстерланд Џиро
- 2008
- 1. Етапа 7 Тур де Норманди
- 1. Етапа 1 Рона-Алпи Изер Тур
- 1. Етапа 5 Вуелта Сиклиста а Леон
- 2010
- 2. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- 1. Пласман за млад возач
- 1. Пролог
- 1. Пролог Стер ЗЛМ Тур
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2011
- 1. Стадспрејс Герардсберген
- 3. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- 1. Пролог
- 5. Краен пласман Енеко Тур
- 2013
- 1. Минстерланд Џиро
- 4. Краен пласман Трка околу Хајнан
- 2014
- 3. Национално хронометарско првенство
- 10. Париз-Тур
- 2015
- 1. Етапа 4 (ITT) Енеко Тур
- 3. Национално хронометарско првенство
- 6. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
- 2016
- 2. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 5. Краен палсман Енеко Тур
- 8. Светско хронометарско првенство
- 2017
- 1. Дварс дор Вест Вландерен
- 1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
- 4. Национално хронометарско првенство
- 5. Европско хронометарско првенство
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Ле Самин
- 2018
- 1. Етапа 5 (ТТТ) Трка околу Британија
- 5. Национално хронометарско првенство
- 10. Париз-Тур
- 2019
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка ОАЕ
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 166 | 116 | 159 | — | — | 107 | — | 120 | 117 | 99 |
Тур | — | — | — | — | — | — | 121 | — | СО | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Cheery Christmas for ambitious Team Jumbo-Visma“. Џамбо-Висма. Team Oranje Road BV. 21 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 4 јануари 2019.
- ↑ „Јос ван Емден“. De Wielersite (холандски). Посетено на 13 август 2015.
- ↑ „Jos van Emden Nederlands Kampioen tijdrijden“. De Volkskrant (холандски). De Persgroep Nederland. 24 јуни 2010. Посетено на 13 август 2015.
- ↑ „Јос ван Емден застана на хронометарот на Џиро д'Италија за да ја запроси својата девојка“. The Guardian. Guardian Media Group. 30 мај 2014. Посетено на 5 јуни 2014.
- ↑ „Van Emden haalt internationale pers“. NOS (холандски). Nederlandse Omroep Stichting. 30 мај 2014. Посетено на 5 јуни 2014.
- ↑ „Van Emden enorm teleurgesteld na mislopen zege in Californië“. NU.nl (холандски). Sanoma Media Netherlands Group. 16 мај 2015. Посетено на 13 август 2015.
- ↑ Хорселс, Максим (4 јули 2015). „Jos van Emden: 'Ben echt ontzettend blij'“. WielerFlits.nl (холандски). Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 13 август 2015.
- ↑ „Tijdritzege en leiderstrui Van Emden in Eneco Tour“. NOS (холандски). Nederlandse Omroep Stichting. 13 август 2015. Посетено на 13 август 2015.
- ↑ „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јос ван Емден“ на Ризницата ? |
- Матична страница (холандски)
- Јос ван Емден на Твитер
- „Достигнувања на Јос ван Емден“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Јос ван Емден“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Јос ван Емден“. ProCycling.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Стеф Клемент |
Национален хронометарски првак 2010 |
Наследник Стеф Клемент |
|