Јужните Американски Држави — или попознати како Американски Југ (англиски: South), или едноставно „Југ“, се составени од југоисточните и југоцентралните држави на САД. Поради уникатното културно и историско наследство, вклучувајќи го и она на Индијанците (домородните Американци), раните европски населби на Шпанци, Англичани, Французи, Шкоти, Ирци и Германци, доведување на стотици илјади Африканци како робови, присуството на голем број на Афроамериканци во населението, поддршката за работа на робовите, како и последиците од падот на Конфедерацијата во Граѓанската војна, Југот развил свои обичаи, литература, музички стилови и разни кулинарски специјалитети, кои влијаеле на традиционалната американска култура.