Прејди на содржината

Џохар Дудаев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џохар Мусаевич Дудаев
Дудин Муса-кIант Жовхар
Прв Претседател на Ичкерија
На должноста
9 ноември 1991 – 21 април 1996
Потпретседател Зелимхан Јандарбиев
Наследник Зелимхан Јандарбиев
Лични податоци
Роден(а) 15 февруари 1944
Јалхори, Чеченија
Починал(а) април 21, 1996(1996-04-21) (возр. 52)
Гехи-Чу, Чеченија
Националност Чеченија
Партија КПСС (1968)
Сопружник Алија Дудаева
Професија генерал-мајор
Вероисповед ислам
Потпис

Џохар Мусаевич Дудаев (роден на 15 февруари 1944 — починал на 21 април 1996) — чеченски сепаратист, првиот претседател на самопризнаената Чеченска Република Ичкерија. Во минатото бил генерал-мајор на воздухопловните сили на СССР и единствениот генерал во Советската армија од чеченско потекло.

Роден е на 15 февруари 1944 година во селото Јалхори, Чеченија. Во 1962 година стапил на служба во советската армија. Стигнал до титула генерал-мајор од воздухопловните сили. Учествувал во војната во Авганистан во периодот од 1979 до 1989 година. Во годините 1987-1990 бил командант на дивизијата за стратегиски бомбардери во Естонија.

Во 1990 година Зелимхан Јандарбиев го убедил Дудаев да се врати во Чеченија и да основа национално-револуционерно движење. Во октомври 1991 година со одлука на Врховниот Совет на РСФСР, Чечено-Ингушката република била поделена на дела - Чеченија и Ингушетија. Оваа одлука довела до катализација на националните процеси и многубројни вооружени судири.

На 27 октомври 1991 година бил избран за претседател на Чеченија. Со премолчено одобрение на претседателот започнал прогонот на руското население во републиката. На 1 ноември со својот прв указ ја прогласил независноста на Чеченската Република Ичкерија. На 7 ноември претседателот на Русија Борис Елцин издал декрет за воведување на вонредна состојба во Чеченија. Како одговор на ова Дудаев вовел воена состојба. На 3 март во Рига, Дудаев изјавил дека Чеченија ќе седне на масата за преговори, само во случај доколку Москва ја признае нејзината независност.

На 12 март 1992 година парламентот на Чеченија го прифатил уставот на републиката, со која ја прогласила независноста на Чеченија. Чеченските власти, речиси немале некој поголем организиран отпор и го презеле руското оружје на нивна територија. На 17 април 1993 година Дудаев го распуштил Советот на министри на чеченската република, Парламентот, Уставниот суд и Градското собрание на Грозни и вовел на целата територија на републиката директна претседателска власт и полициски час.

Во декември 1994 година рускиот претседател Борис Елцин го потпишал указ за влегување на руските војници во Чеченија. Од тој момент започнала и потрагата на чеченскиот претседател Дудаев. Против него биле направени три обиди за атентат кои завршиле неуспешно. На 21 април 1996 година во текот на војната во Чеченија, откако претходно и темелно ја разработиле операцијата, руските тајни служби лоцирање сигнал од сателитски телефон на Дудаев во регионот на селото Гехи-Чу, на 30 километри од Грозни. Претходно биле подигнати 2 бомбардери Су-24. Дудаев бил разнесен со наведуван проектил во 1996 година. Авионот го насочил проектилот кон сигналот од мобилниот телефон на Дудаев, додека тој договорал примирје со руски офицери