Австриско-турска војна (1787-1791)
Австриско-турска војна (1787-1791) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Свето Римско Царство | Османлиско Царство |
Австриско-турската војна која се водела во периодот од 1787 до 1791 година била последната австриско-турска војна. Оваа војна ја започнала Австрија поткрепена од Русија која водела војна со Османлиското Царство во Руско-турската војна (1787-1792)
Тек на војната
[уреди | уреди извор]По крајот на претходната Австриско-турска војна во 1781 година, Австрија уште тогаш започнала да се подготвува за нова војна со Османлиите. Уште во тој период голем број на австрињски единици ја преминале границата и влегле во Хрватска и Унгарија.
Императорот на Светото Римско Царство Јосиф II бил личен пријател и сојузник на Катерина II[1]. Откако во 1787 година Отоманското Царство објавила војна на Русија, австрискиот император дал поддршка на стратешкиот сојузник. Во јануари 1788 година Австрија објавила војна на Османлиите. И покрај објавувањето на војна, австриската војска се наоѓала распоредена од река Днестер до границата на империјата кај Јадранско Море. За активните дејства против Османлиите била ангажирана само една армија чија цел била да се заземе тврдината Хотин.
Во кампањата од 1789 година Австријците одлучиле да концентрираат во Србија и Хрватска. За соработката со руските војници во Молдавија бил создаден посебен корпус кој имал 18.000 војници. Заедничката руско-австриска војска ги победила османлиската во Битката кај Фокшани и во Битката кај Римник. Поразот на Турците во овие битки довело до протерување на Турците од Банат и во крајот на септември довело до паѓање на Белград. Австриските сили ја зазеле Влашка и влегле триумфално во Букурешт.
Во следната 1790 година силите на Австрија ја презеле тврдината Оршова, по кое следувала несупешна опсада тврдината Журжу. Во јуни, Австријците ги победиле Османлиите кај Калафат. По оваа победа до австриските сили пристигнала вест во која пишувало дека Османлиите ќе го нападнат Букурешт. По ова Австрија побарала помош од Русија. Најмногу од оваа победа стравувале Велика Британија и Прусија главно поради зголемување на руската моќ, а од друга страна пак сакале да ја придобијат Австрија во анти-француската коалиција.
Во февруари 1790 починал Јозеф II и неговиот наследник Леополд II решил да започне со Отоманското Царство мировни преговори, ставајќи ги во опасност руските војници. По долги преговори, во месец август 1791 година бил потпишан Свиштовскиот договор.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Britannica, 1988