Прејди на содржината

Акинџија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Акинџија

Акинџија — припадник на нередовните отомански коњанички единици кои биле или Турци или имале друго потекло, а кои напаѓале непријателски територии за плен. Тие биле од суштинско значење за ширењето на Османлиите во периодот помеѓу 14 и 16 век. Во Југоисточна Европа постоеле 4 главни групи акинџии, со наследно право на водачи од лозите Михалоглу, Малкочоглу, Тураханоглу и Евреносоглу.

Во текот на нападите користеле лак и стрела и напаѓале во групи. Тие биле толку успешни што можеле да победат тешка коњаница бидејќи нивните коњи биле многу брзи. Освен лак и стрела користеле и меч.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 18. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)