Прејди на содржината

Алфонсо VIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфонсо VIII
Alfonso VIII de Castilla
На позиција1158 – 1214

Алфонсо VIII (11 ноември 1155, Сорија - 5 октомври, 1214) бил крал на Кастиља од 1158 година до неговата смрт, како и крал на Толедо.[1]. Тој најмногу е познат по големата улога која ја одиграл во времето на Реконквистата, и пропаѓањето на Алмохадската династија[2].

По неговиот пораз во Битката кај Аларкос, тој ја предводел христијанската коалиција предводена од Кралство Кастиља, Кралство Арагон, Кралство Португалија и Кралство Навара во големата победа над муслиманите во Битката кај Лас Навас де Толоса во 1212 година, настан кој го означил почетокот на протерувањето на муслиманите од Пиринејскиот Полуостров.

  1. „Titles of the European kings“. Архивирано од изворникот на 2009-07-29. Посетено на 2009-07-29.
  2. Medieval Iberia: an encyclopedia, 61.