Алјаски Залив
Алјаски Залив (англиски: Gulf of Alaska) — водна површина во вид на триаголник, чиј врв на Островот на Принцот од Велс во близина на пристаништето Валдиз е најсеверното пристаниште во Северна Америка кое не е заробено од мраз. Две страни од триаголникот се протегаат оттаму сè до ’ртот Спенсер (во близина на ледничкиотЗалив) на југоисток и островот Кодијак и Алјаскиот Полуостров на југозапад. Топлата струја на Алјаска се движи низ заливот по должината на југоисточниот брег на Алјаска, а неговото продолжение, Алјаскиот тек, тече покрај полуостровот Алјаска кон средината на Северниот Тихи Океан. Јужниот дел на заливот се наоѓа над длабок амбис (длабочинска рамнина), а на југозапад се протега до источниот дел на Алеутскиот Ров, на југоисток до островот Кодијак. По должината на брегот на Алјаскиот Залив има неколку длабоки фјордови и ракави. Од многуте големи ледници, на пр. ледникот Хабард, се одвојуваат ледени брегови и од овие ракави полека пливаат кон морето.
Граници
[уреди | уреди извор]Според Меѓународната хидрографска организација, Алјаскиот Залив ги има следниве граници:[1]
На север. Брегот на Алјаска.
На југ. Линија од ’ртот Спенсер, северниот крај на [крајбержните води на Југоисточна Алјаска и Британска Колумбија] до ’ртот Кебач, југоисточната граница на [Беринговото Море], така што сите соседни острови се вклучени во Алјаскиот Залив.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алјаски Залив - Атлас на светот (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
|