Аналитичка филозофија
Аналитичка филозофија е стил на филозофирање кој се појавува во земјите од англиско говорно подрачје во ХХ. век. Во Обединетото Кралство, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Скандинавија, најголем дел од универзитетските институти се декларираат како аналитички.[1] Поимот аналитичка филозофија се однесува на следниве нешта:
- Начин на филозофирање[2][3] кој се одликува со аргументативна јасност и прецизност (преку формалната логика и анализа на јазикот) и честа потреба да се зборува за или користат сознанијата на математиката и природните науки.[4][5][6]
- Конкретни теориски движења во раниот ХХ. век кои претставуваат историски предвесници на современата аналитичка филозофија: делата на Бертранд Расел, Лудвиг Витгенштајн, Џ. Е. Мур, Готлоб Фреге и логичките позитивисти. Во оваа потесна смисла, аналитичката филозофија се одликува со неколку одлики (некои од нив се во голема мера отфрлени од страна на современите аналитички филозофи), како на пример:
- Начелото на логичкиот позитивизам дека не постојат одредени филозофски факти, односно дека целта на филозофијата е логичко разјаснување на мислите. Ова тврдење стои наспроти фундаментализмот, според кој филозофијата е посебна наука (или научна дисциплина) која ги истражува фундаменталните/основните разлози и начела на светот.[7] Следствено, многу аналитички филозофи сметаат дека нивните размисли се продолжение или подвид на сознанијата на природните науки. Ова е став кој потекнува уште од Џон Лок, кој ја опишува својата работа како „потчинета“ на достигнувањата на научници како Њутон. Во текот на ХХ. век, Вилијард Ван Орман Квајн највлијателно ја промовира идејата за поврзаноста на филозофијата со науката.[8]
- Начелото дека логичко појаснување на мислите може да се постигне преку анализа на логичката форма на филозофските искази.[9] Логичката форма на еден исказ е начин на негово претставување (најчесто со употреба на формална граматика и симболизмот на еден логички систем), негово сведување на составните делови, и изнаоѓањето на сличноста помеѓу исказот и нему сличните. Сепак постојат несогласувања помеѓу аналитичките филозофи за точната логичка форма на секојдневниот јазик.[10]
- Занемарувањето на општи филозофски системи во полза на поограничени, но попрецизно изразени сознанија[11] или секојдневниот јазик.[12]
Според еден познат пасус од делото на Расел:
Модерниот аналитички емпиризам [...] се разликува од оној на Лок, Беркли и Хјум бидејќи вклучува математика, но и моќна, одлично развиена логичка апаратура. Поради тоа е способен, во однос на некои проблеми, да изнајде конечни одговори, кои се повеќе научни, отколку филозофски. Ја има предноста, во споредба со систематските филозофии, да ги решава проблемите еден по еден, наместо со еден замав да мора да создаде сеопфатна теорија на целиот универзум. Неговите методи, во оваа смисла, се налик научните. Не се сомневам, сè додека филозофското знаење е возможно, дека само преку овие методи треба да се истражува; Исто така не се сомневам, дека со овие методи многу антички проблеми се решливи.[13]
Аналитичката филозофија најчесто е противставена со други филозофски традиции, особено континенталните филозофии како егзистенцијализмот и феноменологијата, но и томизмот, марксизмот и индиската филозофија.[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Без исклучок, најдобрите оддели по филозофија во САД се од аналитичката традиција, а помеѓу водечките филозофи во САД, сите освен мал број би биле класифицирани како аналитички филозофи. Practitioners of types of philosophizing that are not in the analytic tradition—- како феноменологија, класичниот прагматизам, егзистенцијализам или марксизам—- feel it necessary to define their position in relation to analytic philosophy.“ Џон Серл (2003) Contemporary Philosophy in the United States in N. Bunnin and E.P. Tsui-James (eds.), The Blackwell Companion to Philosophy, 2nd ed., (Blackwell, 2003), p. 1.
- ↑ See, e.g., Avrum Stroll, Twentieth-Century Analytic Philosophy (Columbia University Press, 2000), p. 5: "[I]t is difficult to give a precise definition of 'analytic philosophy' since it is not so much a specific doctrine as a loose concatenation of approaches to problems." Also, see Stroll (2000), p. 7: "I think Sluga is right in saying 'it may be hopeless to try to determine the essence of analytic philosophy.' Nearly every proposed definition has been challenged by some scholar. [...] [W]e are dealing with a family resemblance concept."
- ↑ See Hans-Johann Glock, What Is Analytic Philosophy (Cambridge University Press, 2008), p. 205: "The answer to the title question, then, is that analytic philosophy is a tradition held together both by ties of mutual influence and by family resemblances."
- ↑ Brian Leiter (2006) webpage "Analytic" and "Continental" Philosophy Архивирано на 15 ноември 2006 г.. Quote on the definition: „'Analytic' philosophy today names a style of doing philosophy, not a philosophical program or a set of substantive views. Analytic philosophers, crudely speaking, aim for argumentative clarity and precision; draw freely on the tools of logic; and often identify, professionally and intellectually, more closely with the sciences and mathematics, than with the humanities.“
- ↑ Glock, H. J. (2004). „Was Wittgenstein an Analytic Philosopher?“. Metaphilosophy. 35 (4): 419–444. doi:10.1111/j.1467-9973.2004.00329.x.
- ↑ Colin McGinn, The Making of a Philosopher: My Journey through Twentieth-Century Philosophy (HarperCollins, 2002), p. xi.: „analytical philosophy [is] too narrow a label, since [it] is not generally a matter of taking a word or concept and analyzing it (whatever exactly thatthat might be). [...] This tradition emphasizes clarity, rigor, argument, theory, truth. It is not a tradition that aims primarily for inspiration or consolation or ideology. Nor is it particularly concerned with 'philosophy of life,' though parts of it are. This kind of philosophy is more like science than religion, more like mathematics than poetry – though it is neither science nor mathematics.“
- ↑ Видете ја Аристотеловата Метафизика (Втора книга 993a).
- ↑ Видете ги на пример, текстовите на Квајн „Две догми на емпиризмот“ и „Натурализирана епистемологија“.
- ↑ A.P. Martinich, „Introduction,“ во Martinich & D. Sosa (eds.), A Companion to Analytic Philosophy (Blackwell, 2001), стр. 1: „To use a general name for the kind of analytic philosophy practiced during the first half of the twentieth century, [...] 'conceptual analysis' aims at breaking down complex concepts into their simpler components.“
- ↑ Wittgenstein, op. cit., 4.111
- ↑ Scott Soames, Philosophical Analysis in the Twentieth Century Vol. 1 (Princeton UP, 2003), стр. xv: „There is, I think, a widespread presumption within the tradition that it is often possible to make philosophical progress by intensively investigating a small, circumscribed range of philosophical issues while holding broader, systematic questions in abeyance. What distinguishes twentieth-century analytical philosophy from at least some philosophy in other traditions, or at other times, is not a categorical rejection of philosophical systems, but rather the acceptance of a wealth of smaller, more thorough and more rigorous, investigations that need not be tied to any overarching philosophical view.“ Видете на пример, „Philosophical Analysis“ (каталогизирано под името „Analysis, Philosophical“) во Encyclopedia of Philosophy, Vol. 1 (Macmillan, 1967), esp. sections on "Bertrand Russell" at p. 97ff, "G.E. Moore" at p. 100ff, and "Logical Positivism" at p. 102ff.
- ↑ Видете ги на пример делата на Џ. Е. Мур и Џ. Л. Остин.
- ↑ A History of Western Philosophy (Simon & Schuster, 1945), стр. 834.
- ↑ A.C. Grayling (ed.), Philosophy 2: Further through the Subject (Oxford University Press, 1998), стр. 2: „Analytic philosophy is mainly associated with the contemporary English-speaking world, but it is by no means the only important philosophical tradition. In this volume two other immensely rich and important such traditions are introduced: Indian philosophy, and philosophical thought in Europe from the time of Hegel.“ L.J. Cohen, The Dialogue of Reason: An Analysis of Analytical Philosophy (Oxford University Press, 1986), p. 5: "So, despite a few overlaps, analytical philosophy is not difficult to distinguish broadly [...] from other modern movements, like phenomenology, say, or existentialism, or from the large amount of philosophizing that has also gone on in the present century within frameworks deriving from other influential thinkers like Aquinas, Hegel, or Marx." H.-J. Glock, What Is Analytic Philosophy? (Cambridge University Press, 2008), p. 86: „Most non-analytic philosophers of the twentieth century do not belong to continental philosophy.“