Анатомија на човекот
Анатомијата на човекот, која заедно со физиологијата и биохемијата, е основна медицинска наука чија првична цел е изучувањето на морфологијата на човечкото тело на возрасен човек.[1] Анатомијата е поделена на голема анатомија и микроскопска анатомија.[1] Големата анатомија (позната и како топографска анатомија) е делот од анатомијата која ги проучува деловите од човечкото тело кои можат да се видат самостојно без никакви препарати, со еден збор, поглемите или покрупните делови.[1] Микроскопската анатомија пак е делот од анатомијата кој ги проучува помалите делови од телото кои најчесто можат да се видат со помош на микроскоп, овдека спаѓаат и хистологијата (науката која се занимава со тоа како се организирани ткивата)[1] и цитологијата (наука која ги проучува клетките). Анатомијата, физиологијата (наука која ги изучува животните манифестации на материјата) и биохемијата (наука која ги проучува хемиските процеси и хемиските претворби) се комплементарно - основни медицински науки кои најчесто се изучуваат заедно.
Многу често анатомијата на човечкото тело е поврзувана со науки како ембриологијата, компаративната анатомија и филогенетиката,[1] преку заеднички корени во еволуцијата. На пример, поголемиот дел од човечкото тело е поткрепено на античкиот сегментен шаблон кој се појавува кај сите ‘рбетници.
Човечкото тело е составено од биолошки системи, кој пак се составени од органи, кој пак се составени од ткива, кој се составени од клетки и сврзни тиква.
Историјата на анатомијата, е карактеризирана веќе подолго време, од непрекинатото развивање на сфаќањата за функциите на органите и градбата на телото. Методите исто така драматично се развиваат, напредокот се потврдува со испитувањето на животните преку анализа на добро сочувани мртви тела од луѓе до комплексно развиените техники кој се појавија во дваесеттиот век.
Органски системи
[уреди | уреди извор]Органски системи кај човекот се:
- системот за движење, составен од:скелетен систем, мускулен систем и систем на зглобови и врски
- дишниот систем
- системот за циркулација
- ендокриниот систем
- системот за излачување
- системот за осетливост
- нервниот систем
- системот за варење
- лимфен систем
Делови на телото
[уреди | уреди извор]Делови на телото кај човекот се:
- глава (лат. caput) составена од: череп (лат. cranium), лице (лат. facies) и черепна празнина (лат. cavum cranii)
- врат (лат. collum)
- труп составен од граден кош (лат. thorax), стомак (лат. abdomen) и карлица (лат. pelvis) со три празнини: градна (лат. cavum thoracis), стомачна (лат. cavum abdominis) и карлична празнина(лат. cavum pelvis)
- екстремитети кои можат да бидат: долни (лат. membrum inferius) и горни (лат. membrum superius)