Андреа Пенезиќ
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
13 ноември 1985 Загреб, Хрватска | ||
Националност | Хрватска | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | лев Бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Шиофок | ||
Број | 32 | ||
Сениорски клубови | |||
2003–2008 2008–2010 2010–2014 2014–2018 2018- |
Локомотива Загреб Подравка Копривница Крим Вардар Шиофок | ||
Репрезентација | |||
Хрватска | 141 (633) | ||
Андреа Пенезиќ (родена на 13 ноември 1985 година)[1] е хрватска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Шиофок.
Таа исто така е поранешена репрезентативка на хрватската женска ракометна репрезентација.[2]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци, Локомотива и Подравка
[уреди | уреди извор]Андреа Пенезиќ започнала да тренира ракомет кога била 5-то одделение, во ОУ Отон Ивековиќ во загрепскиот кварт Кустошија во рамките на една секција на основното училиште од која на иницијатива на нејзиниот прв тренер, професорот Антун Смиљаниќ бил основан и Ракометниот клуб Кустошија Загреб (денешен ЖРК Загреб) во 1995 година. Андреа се покажала како најталентирана ракометарка на новоформираниот клуб и добила повик да игра во сите младински категории на хрватската репрезентација.
Во 2000 година се преселила во еден од посилните клубови во Хрватска, Локомотива Загреб, каде воглавном седела на клупа во четирите најосетливи години во развојот на младите играчи. Така, успешната кариера која и се предвидувала на Андреа како една од најталенираните хрватски играчки, била доведена во прашање поради големото кочење во развојот, бидејќи покрај тоа што играла малку тоа го правела само во одбрана.
Сепак, со заминувањето во Подравка од Копривница под водство на тренерот Здравко Зовко Пенезиќ пронашла простор за игра и напредок. Во својата прва сезона постигнала 55 гола во натпреварите од Лигата на шампионите. Во двете сезони во клубот, Пенезиќ и помогнала на Подравка да го освои хрватското првенство двапати (2008-2009 и 2009-2010) и Купот на Хрватска двапати (2008-2009 и 2009-2010).
Крим
[уреди | уреди извор]Во летото 2010 година, Пенезиќ потпишала за словенечкиот Крим.[3] Во сезоната 2012-2013 играла со клубот во полуфиналето на Лигата на шампионите против Ларвик, но и покрај победата во гости од 24-22 во првиот натпревар норвешкиот клуб се пласирал понатаму со победа од 27-19 во реваншот во Словенија; Пенезиќ постигнала вкупно 7 гола во полуфиналниот двомеч, 4 во првиот и 3 во вториот натпревар. По големата финансиска криза со која се соочил Крим во текот на сезоната 2013-2014, повеќето добри играчи морале да го напуштат клубот, а меѓу нив била и Пенезиќ.[4]
Вардар
[уреди | уреди извор]Во јануари 2014 година, Пенезиќ заедно со нејзината колешка од Крим Барбара Лазовиќ потпишала за Вардар.[5] Во интервју за eurohandball.com Пенезиќ изјавила: Со обзир на финансиските проблеми во кои се најде Крим многу играчи си отидоа и не можевме да избориме пласман во Лигата на шампионите. Жал ми е за тоа што се случи затоа што се работи за голем клуб со долга традиција и се надевам дека набрзо повторно ќе фи видам во европските натпреварувања. Вардар го одбрав затоа што верувам дека е одлична екипа, со голем број одлични играчи и сакав да бидам дел од колектив кој има големи амбиции во Европа. Со овој тим ќе пробам да ја освојам Лигата на шампионите, но тоа ќе биде тешка задача.[6] Во првата сезона во црвено-црниот дрес, Андреа му помогнала на Вардар да ги освои првенството и купот на Македонија. Таа исто така била најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 102 постигнати гола колку што имала и Кристина Њагу од Будуќност, но Вардар бил елиминаран во полуфиналето на фајнал форот и морал да се задоволи само со третото место.
Во февруари 2017, Пенезиќ го продолжила договорот со Вардар за уште една година.[7]
Шиофок
[уреди | уреди извор]Во март 2018, Пенезиќ заедно со својата соиграчка од Вардар, Татјана Хмирова, потпишале едногодишен договор со унгарскиот Шиофок.[8]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Пенезиќ ја претсавувала својата репрезентацијата на Европското првенство во 2008 година[9] каде што Хрватска завршила на шестото место, а таа била во топ десетте стрелци на турнирот.
Исто така таа била дел од хрватската репрезентација и на Светското првенство 2011 и Олимпискиот турнир 2012 на кои Хрватска го заземала 7-мото место и во двата случаи.
Титули
[уреди | уреди извор]- Хрватско првенство
- Победници: 2009, 2010
- Куп на Хрватска
- Победници: 2009, 2010
- Словенечко првенство
- Победници: 2011, 2012, 2013, 2014
- Куп на Словенија
- Победници: 2011, 2012, 2013, 2014
- Суперкуп на Словенија
- Победници: 2014
- Македонско првенство
- Победници: 2015
- Куп на Македонија
- Победници: 2015
- ЕХФ Лига на шампиони
Награди
[уреди | уреди извор]- Лев бек во Ол стар тимот ан Светското првенство за жени во 2011 година: 2011[10]
- Најдобар стрелец во Лигата на шампионите: 2015 (заедно со Њагу) и 2017
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Andrea Penezić Profile“. European Handbal Federation. Архивирано од изворникот на 2014-10-25. Посетено на 28 September 2011.
- ↑ „2014 European Championship Roster“ (PDF). EHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-12-13. Посетено на 7 December 2014.
- ↑ Penezić to Krim
- ↑ Kriza trese Krim, igračice dva mjeseca bez plaće: Penezić u Vardar
- ↑ „Пенезиќ и Лазович за уште посилен ЖРК Вардар“. Архивирано од изворникот на 2017-05-13. Посетено на 2017-05-12.
- ↑ Andrea Penezić za EHF: S Vardarom ću pokušati osvojiti Ligu prvaka Архивирано на 12 мај 2017 г. hrvatskareprezentacija.hr
- ↑ Андреа Пенезиќ потпиша нов едногодишен договор со Вардар Архивирано на 21 февруари 2017 г. zrkvardar.mk
- ↑ Пенезиќ и Хмирова претставени во Шиофок! sportski.mk
- ↑ „Official squads, Women's EURO 2008. Croatia team roster“. European Handball Federation. Архивирано од изворникот на 17 December 2008. Посетено на 15 January 2009.
- ↑ „Heja Norge: Norway World Champion 2011!“. International Handball Federation. 18 December 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-08. Посетено на 19 December 2011.