Антверпен
Антверпен Antwerpen | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Антверпен | ||
Округ | Antwerp | ||
Управа | |||
• Градоначалник (список) | Bart De Wever (N-VA) | ||
• Влад. парт. | 1. N-VA 2. CD&V 3. Open Vld | ||
Површина | |||
• Вкупна | 204,51 км2 (7,896 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 523.248 | ||
• Густина | 26/км2 (66/ми2) | ||
Пошт. бр. | 2000-2660 | ||
Повик. бр. | 03 | ||
Мреж. место | www.antwerpen.be |
Антверпен или Анверс (хол. Antwerpen, фр. Anvers) е општина во Белгија во регионот Фландрија во покрајната Антверпен. Се наоѓа на брегот на реката Шелда, 88 километри пред влевањето во Северно Море. Според проценките од 2007 година во општината живееле 466,203 жители. Антверпен е главен град на истоимената покрајна.
Антверпен е познат и како една од најголемите пристаништа во Европа, но и по обработката и трговијата со дијаманти. Стопански, Антверпен е прв град во Белгија.
Легенда за името на градот
[уреди | уреди извор]Според легендата, градот го добил името по легендата за дивиот Антигон кој живеел покрај реката Шелда. Тој земал данок од нои кои сакале да пловат по реката. На оние кои одбивале да му платат тој им ги сечел рацете и ги фрлал во реката. Конечно, младиот херој Брабо ја отсекол раката на дивиот Антигон и ја фрлил во реката и од таму името Антверпен (хол. hand werpen - да фрлиш рака). Во градот се продаваат колачи во облик на рака, како сеќавање на оваа легенда.
Население
[уреди | уреди извор]Според проценките од 2007 година во градот живееле 466,203 жители.
1984. | 2000. |
---|---|
488.425 | 446.525 |
Култура
[уреди | уреди извор]Антверпен е град во кој се створени многу познати уметници: Рубенс, Ван Дајк, Јакоб Јорданс, Јан Бројгел Постариот и Јан Бројгел Помладиот. Познати споменици и институции од културно значење за градот се: Опера, Рубенов Музеј, Богородичина катедрала, куќи во стилот на ар деко, Унивезитет и Академија на уметноста и други, додека зоолошката градина во Антверпен, од 1843 година е една од најстарите во светот.
Во Антверпен се одржани Летни олимписки игри во 1920 година.
Религија
[уреди | уреди извор]Во Антверпен постои една од најголемите еврејски заедници во Европа. Правоверните Евреи ја сочинуваат четвртината од населението. Градот е седиште на римокатоличката бискупија.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Антверпен е второ пристаниште во Европа, по Ротердам, и петто во светот според количината на робата. Секоја година низ неа поминуваат повеќе од 150 милиони тони роба, од тоа повеќе од 40% во контејнери. Најмногу се транспортира железо, челик, овошје, дрвни производи, автомобили и шеќер. Антверпен е најголемиот центар на хемиска и петрохемиска индустрија во Европа. Севкупно, во градот работат околу 125,000 луѓе.
Антверпен е познат и како светски центар на трговија со дијаманти. Во него постојат околу 1500 претпријатија кои се занимаваат со преработна на дијаманти. Околу 70% од производството на дијамантите се продава во Антверпен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Антверпен“ на Ризницата ? |
- Официјален портал на градот Антверпен Архивирано на 3 февруари 2011 г.
- Богородична катедрала во Антверпен
- Универзитет во Антверпен Архивирано на 26 јули 2014 г.
- Слики од Антверпена Архивирано на 20 април 2008 г.
|
|