Прејди на содржината

Архив

Од Википедија — слободната енциклопедија

Архив е установа во кој трајно се чува и стручно се обработува архивскиот материјал и се дава на користење.

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Во 19 век, па потоа и во 20 век се создавани првите дефиниции за архивот. Во текот на овие два века настанале четири гледишта за архивот:

  • според потеклото,
  • според содржината на архивскиот материјал,
  • според видот на организацијата,
  • според целта.

Според овие дефиниции архивот е збир од списи и други документи кои настанале при работата на физички и правни лица во нивната деловна или празна работа, а кои се определени да бидат трајно чувани на едно место како извори и докази за минатото. Во таа смисла, архивот треба да ги содржи сите напишани историски извори во форма на оригинали или копии, како и друг вид ракописи и печатен материјал. Архивот претставува установа на акумулација на сведоштва кои со векови се создавале и кои денес се создаваат со работата на државните, културно-образовните, стопанските и други органи, организации, институции, поединци. Архивот претставува огромен трезор на архивска документација која говори за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот развој на една држава, кои на корисниците им дава изворни и објективни информации за минатото.

Поврзано

[уреди | уреди извор]