Прејди на содржината

Асунсион

Координати: 25°17′47″S 57°38′29″W / 25.29639° ЈГШ; 57.64139° ЗГД / -25.29639; -57.64139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Асунсион
Asunción (шпански)
Paraguay (гварански)
Знаме на АсунсионАмблем на Асунсион
Амблем
Прекар(и): Мајка на градовите
Асунсион is located in Парагвај
Асунсион
Асунсион
Координати: 25°17′47″S 57°38′29″W / 25.29639° ЈГШ; 57.64139° ЗГД / -25.29639; -57.64139
Држава Парагвај
Основан15 август 1537
Управа
 • ГувернерЕванхелиста Троче де Галегос
Површина
 • Градска117 км2 (45,2 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004300000043 м
Население (2009)
 • Градско637,249
 • Метро1,982,773
Мреж. местоhttp://www.mca.gov.py

Асунсион (во превод „вознесение“, шпанско целосно име, La Muy Noble y Leal Ciudad de Nuestra Señora Santa Maria de la Asunción, кратко, Asunción; гварански: Paraguay) е главен и најголем град во Парагвај.

Областа наречена „Гран Асунсион“ ги вклучува градовите Сан Лоренсо, Фернандо де ла Мора, Ламбаре, Луке, Мариано Роке Алонсо, Њемби Сан Антонио, Лимпио, кои се дел од Централниот оддел. Во областа Голем Асунсион има повеќе од 1,9 милиони жители. Асунсион се наоѓа на 25 ° 16'S 57 ° 40'W (-25,2667, -57,6667). Општина Асунсион е регистрирана наберзата Асунсион, како BVPASA: MUA, уникатна одлика на секој град. Асунсион е дом на националната влада и индустриски и културен центар на земјата.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Религија

Поголемиот дел од населението на Асунсион се следбеници на Римокатоличката црква. Сепак во градот постојат оратории и верски објекти и на останати малцински религиски групации, како што се Мормоните, Будистите, Евреите и други. Во последните години се појавиле и атеистички и агностички движења.[1]

Јазик

Најголем јазик во Асунсион е шпанскиот јазик, кој го зборуваат околу 56.9% од целокупното население на градот. Втор најголем јазик во градот е гваранскиот јазик, кој го зборуваат околу 11.1% од населението. Околу 27.4% од асунсионското население зборува на хопара, јазична мешавина (пиџин) од шпански и гварански. Околу 4.5% од населението зборуваат на друг јазик.[2]

Население

Асунсуон има население од околу 540.000 жители.[3] Околу 30% од населението на Парагвај, кео брои нешто околу 6 милиони, живее во метрополитенската област Голем Асунсион. 65% од вкупното градско населеие на Асунсион е под 30 години.[4]

Населението на градот се зголемило во последните неколку декади, како последица на внатрешната миграција во Парагвај, односно доселување на луѓе од внатрешноста на Парагвај во Асунсион и регионот. Првичното доселување на население било како последица на екононмскиот развој во 1970-те години, а подоцна како резултат на економската рецесија во внатрешноста на Парагвај. Така, со тек на времето се развила метрополитенската област Асунсион, која покрај Асунсион ги вклучува и градовите: Капијата, Луке, Сан Лоренсо, Лимпио, Њемби, Ламбаре, Итаугва, Фернандо де ла Мора, Вилја Елиса, Маријано Роке Алонсо и Сан Антонио. Овие градови во апсорбирале новото доселено население поради ниските цени на земјиштето и лесната достапност на Асунсион.

Асунсион бил означен како најевтин град за живеење од страна на Консалтингот за човекови рерсурси Мерсер.[5]

Структура на населението на Асунсион по возраст и пол.
возраст население (попис 2002) мажи жени
0 до 4 г. 45 382 23 058 22 374
5 до 9 г. 46 120 23 330 22 324
10 до 14 г. 46 272 22 985 23 287
15 до 29 г. 155.675 71 885 83 790
30 до 59 г. 164 367 75 871 88 496
60 и повеќе год. 54 296 21 686 32 610
вкупно 512 112 238 815 273 297

Демографски развој на Асунсион.[6]

Поглед кон стариот дел на Асунсион.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Окрузи

Асунсион, административно, е поделен на шест окрузи:

Окрузи во Асунсион
Зона 13
Ла Енкарнасион
Ла Катедрал
Ла Реколета
Сантисима Тринидад
Сан Роке

Карта на окрузите во Асунсион.

Соседства

Шесте окрузи на Асунсион се поделени на 70 соседства:

соседство население (2002) соседство население (2002) соседство население (2002) соседство население (2002)
1. Ита Енрамада 4845 24. Семинарио 5070 47. Пиноза 6621 70. Марискал Лопес 5025
2. Санта Ана 5775 25. Виста Алегре 12 611 48. Хара 13 554
3. Бањадо Санта Ана 8374 26. Панамби Рета 2386 49. Банко Сан Мигел 953
4. Роберто Л. Петит 20 201 27. Панамби Вера 2591 50. Таблада Нуева 6573
5. Републикано 8429 28. Сан Пабло 21 787 51. Вирхен дел Уерто 4809
6. Пиризал 4022 29. Терминал 4305 52. Вирхен де ла Асунсион 9983
7. Сан Висенте 15 412 30. Иподромо 8348 53. Бела Виста 6657
8. Бањадо Такумбу 10 958 31. Назарет 7133 54. Санто Доминго 2591
9. Обреро 19 823 32. Вилја Аурелија 9871 55. Кањада дел Ибарај 3166
10. Такумбу 13 366 33. Лос Лаурелес 3517 56. Лас Ломас 5604
11. Сахонија 14 873 34. Марискал Естигарибија 7711 57. Мадам Линч 8589
12. Ита Пита 4225 35. Сан Кристобал 6618 58. Салвадор дел Мундо 3883
13. Сан Антонио 9544 36. Ерера 5149 59. Њу Гаузу 1342
14. Д-р Франсија 10 925 37. Санта Марија 4591 60. Мбокајати 6512
15. Ла Енкарнасион 4928 38. Итај 3054 61. Мбурукуја 8377
16. Каредрал 3676 39. Сан Хорхе 4844 62. Сантисима Тринидад 4515
17. Хенерал Дијаз 6068 40. Икуа Сати 6687 63. Вирхен де Фатима 6064
18. Петироси 11380 41. Манора 1898 64. Сан Рафаел 10 732
19. Сан Роке 6355 42. Вилја Мора 4114 65. Ботанико 9982
20. Рикардо Бругада 10 455 43. Реколета 10 230 66. Зебалјос Куе 18 553
21. Сан Фелипе 5679 44. Тембетари 3515 67. Лома Пита 6231
22. Лас Мерседес 4827 45. Мбурикао 7691 68. Сан Блас 3651
23. Сиудад Нуева 8584 46. Хенерал Кабалјеро 8128 69. Санта Роса 3546
Поглед кон Гран Асунсион.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Асунсион е збратимен со:

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-11. Посетено на 2012-11-09.
  2. http://www.dgeec.gov.py/
  3. „Paraguay Facts and Figures“. MSN Encarta. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2009-07-07. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  4. „MECDigital " Demografía“. Mec.gov.py. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2011-03-13.
  5. „Worldwide Cost of Living Survey 2007“. Mercer.com. 2007-06-18. Посетено на 2011-03-13.
  6. http://estadisticas.mca.gov.py/wp-content/uploads/2010/05/C00104_cm.jpg[мртва врска]
  7. „Cancillería. Secretaría de Relaciones Exteriores. Asuntos Federales y Electorales. Hermanamientos“. Cancilleria.gov.ar. Посетено на 2012-06-05.
  8. Documento de declaración de hermanamiento entre las capitales latinoamericanas. Municipalidad de Madrid, URL último acceso el 18/11/2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]