Прејди на содржината

Ауди

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ауди (германски: Audi AG) - германски производител на автомобили, со седиште во градот Инголштат.

Audi F103

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоците на „Ауди“ датираат од 1899 година, кога германскиот инженер Аугуст Хорх, основал ортачка автомобилска фирма, а десетина години подоцна основал потполно сопствена фирма, нарекувајќи ја според латинскиот превод на неговото презиме - „Audi“. Во 1932 година, неговата фирма се споила со три други автомобилски фирми: „DKW“, „Horch“ и „Wanderer“, формирајќи ја заедничката фирма со името „Auto Union AG“. Современата ера на „Ауди“ започнала во 1960-тите, кога со спојувањето на „Auto Union AG“ и „NSU“ била формирана новата фирма со сегашното име „Ауди“.[1]

Производство

[уреди | уреди извор]

Голем чекор напред во производниот асортиман на „Ауди“ настапил во 1980 година, кога бил лансирано спортското купе со погон на четири тркала, наречено „кватро“ (quattro), како прв патнички автомобил со постојан погон на сите четири тркала. И подоцна, иновативноста останала заштитен знак на „Ауди“, како што е случајот со воведувањето на новата технологија за осветлување „Matrix LED“; со првиот автомобил на погон на природен гас, воведен во сериско производство, „Audi A3 Sportback g-tron“ итн. [2]

Организација и менаџмент

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Моќна приказна проткаена со иновации и нови технологии“, Капитал, број 895, 23.12.2016, стр. 31.
  2. „Моќна приказна проткаена со иновации и нови технологии“, Капитал, број 895, 23.12.2016, стр. 31.