Прејди на содржината

Баку

Координати: 40°23′43″N 49°52′56″E / 40.39528° СГШ; 49.88222° ИГД / 40.39528; 49.88222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Баку
Bakı
Разни знаменитости во Баку
Разни знаменитости во Баку
Грб на Баку
Прекар(и): Град на ветриштата
Земја Азербејџан
Управа
 • ГрадоначалникХаџибала Абуталибов
Површина[1]
 • Градска3,125 км2 (1,207 ми2)
Надм. вис.&09999999999999971999999−28 м
Население (2012)[3]
 • Градско3,202,300
 • Густина996,38/км2 (258,060/ми2)
 • Градскo3,525,000[2]
 • Метро4,308,740
ДемонимБакујци[4] азерски: Bakılı
Час. појасAZT (UTC+4)
Пошт. бр.AZ1000
Повик. бр.(+994) 12
Рег. таб.10–90 AZ
Мреж. местоbaku-ih.gov.az

Баку (азерски: Bakı; персиски: بادکوبه/Бадкубeх[5][6]) — главен град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Апшеронскиот Полуостров. Современото Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот стопанскиот дел од градот и делот изграден од советските власти. Според пописот од 2012 г., Баку има 3.202.300 жители[7]. Околу 3 милиони жители живеат во околната област.

Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел од градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Изграден е огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.

Денес Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според проценките од 2007 година во Баку има 2.075.000 жители, а главните етнички групи се:

Во текот на XX век, етничката структура на градот значително се изменила како последица на нафтениот бум кон крајот на XIX век кој условил голем прилив на населението од околните земји, а потоа во текот на војната со Ерменците со повод на Нагорно-Карабах.

Година Ерменци Азери Грузијци Иранци Евреи Руси Вкупно
1897 19.060 40.148 971 9.426 2.341 37.399 111.904
1903 26.151 44.257 / 11.132 / 56.955 155.876
1913 41.680 45.962 4.073 25.096 9.690 76.288 214.672

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Баку се наоѓа на западниот брег на Каспиското Море.

Месец Јануари Февруари Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври Ноември Декември Годишно
Просек (°C) 3 3 6 11 17 22 25 25 21 16 11 6 13
Врнежи (см) 3.6 2.0 2.0 2.0 1.3 0.8 0.3 0.8 2.0 3.3 3.0 3.3 23.9
Извор: Weatherbase

Религија

[уреди | уреди извор]

Над 94% од населението на Баку е претено со муслиманска вероисповед. Околу 4% се христијани (припадници на Руската и Грузиската православна црква). Во Баку живеат и Евреи.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Аеродромот „Хајдар Алиев“ го опслужува Баку, а за време на СССР во Баку е изградено и метро. Моментално тој има две линии со вкупна должина од околу 30,2 км и 21 станица. Останатите видови на јавен превоз слабо функционираат. Превозот најмногу се одвива со минибус, кој како и во другите делови на поранешниот СССР се нарекува маршутка. Тие застануваат и каде и да им мавне патникот покрај патот, а во Баку постојат и некои тролејбуски линии.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Administrative, density and territorial units and land size by economic regions of Azerbaijan Republic for January 1. 2007“. Архивирано од изворникот на 24 November 2007. Посетено на 17 July 2009.
  2. Demographia: World Urban Areas – Demographia, 2016
  3. The State Statistical Committee of the Republic of Azerbaijan, 2.5 Population by sex, economic and administrative regions, urban settlements at the beginning of 2012 посет. 2 октомври 2012 г
  4. Thomas de Waal (2010). The Caucasus: An Introduction. Oxford University Press. стр. 16. ISBN 0-19-975043-2.
  5. Енциклопедија Британика (уред.). „Baku“ (англиски). Посетено на 2021-07-31.
  6. Web.archive.org (уред.). „Culture & Religion on Podium: Politicizing Linguistics“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 2021-07-31.
  7. Bakı şəhəri - Azərbaycan Dövlət Statistika Komitəsi (азербејџански)