Барометар
Барометар – направа за мерење на воздушниот притисок, со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина[1].
Италијанскиот научник Галилео Галилеј во 1640 година докажал дека воздухот има тежина. Во 1644 година Еванџелиста Торичели ја одредил тежината на атмосферскиот воздух. Исто така утврдил дека промената на притисокот на воздухот ја менува висината на живиниот столб. Со тоа биле дадени основите на барометарот.
Видови барометри
[уреди | уреди извор]Според начинот на работа постојат два вида барометри: метални и со течност.
Барометар со течност
[уреди | уреди извор]Барометрите со течност често користат живин столба за мерење според Торичелевиот принцип. Тоа е стаклена цевка која е затворена на едниот крај, а на другиот крај потопена во сад со жива (кој е отворен за дејство на атмосферскиот притисок). Притисокот на воздухот ја притиска живата во садот и ја тера во тесната стаклена цевка толку повеќе колку што притисокот е поголем. На цевката е означена скала, од која директно се отчитува притисокот на атмосферскиот воздух. Може да се рече дека тежината на живиниот столб одржува рамнотежа со притисокот на воздухот.
Над живата во цевката се наоѓа безвоздушен Торичелиев простор (вакуум), па истиот не влијае на висината на живиниот столб. На ниво на море висината на живиниот столб е околу 760 милиметри.
Скалата е означена во милиметри жива, бари, милибари, или паскали. На висината жива во мала мера влијае и температурата, што се зема во обѕир кај професионалните уреди.
Конструкцијата на овие барометри може да биде различна, со сад со жива, само со свиена цевка, со подвижен и неподвижен сад, итн.
Метален барометар
[уреди | уреди извор]Металниот барометар се нарекува и анероид или холостерик. Најчести се Бурдоновите и Видиевите конструкции. Основен елемент на Видиевиот барометар е анероидна вакуумска метална капсула која ги менува своите димензии под влијание на атмосферскиот притисок. Преку механизам овие промени се пренесуваат на стрелка која ја покажува вредноста на скалата. Анероидната капсула има внатрешна пружина.
Бурдоновиот барометар е еластична сплескана и спирална вакуумска комора од гума или сличен материјал. Притисокот го свива цевчето и ова придвижување преку механизам се пренесува на стрелката на скалата.
Металните барометри се добри за мерење на промените на притисокот, но вредностите не се точни како кај живините. Заради лесното ракување и отпорноста се користат во авионите за мерење на висината и за одредување на приближната надморска височина кај други уреди.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Војна енциклопедија, Београд, 1970., књига прва, стране 494 и 495.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|