Бланца (Севница)
Бланца Blanca | |
---|---|
Слика од 1938 година | |
Местоположба во Словенија. | |
Координати: 45°59′33.6″N 15°23′21.8″E / 45.992667° СГШ; 15.389389° ИГД | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Штаерска |
Статистички регион | Посавски |
Општина | Севница |
Површина | |
• Вкупна | 2,42 км2 (0,93 ми2) |
Надм. вис. | 172,2 м |
Население (2020) | |
• Вкупно | 242 |
• Густина | 100/км2 (260/ми2) |
Час. појас | UTC+1 |
Пошт. бр. | 8283 |
Рег. таб. | KK |
Бланца (словенечки: Blanca) — населба на левиот брег на реката Сава во Општина Севница во централна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Долна Штаерска. Населбата сега е вклучена во Посавскиот статистички регион.[1] Населбата го опфаќа маалото Агреж на запад и селата Сухо и Врхек на североисток. Железничката линија од Љубљана до Загреб минува по левиот брег на Сава, а во населбата има и мала железничка станица.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Бланца за прв пат се споменува во историски записи во 1309 година како Бланиц (Blanitz). Името потекнува од Blanica, деминутив на застарената именка blana (чешки blana „ливада, пасиште“).[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Праисториски гробни могили биле пронајдени во областа во 1892 година, што сведочи за рано населување на областа. Во 1874 година било основано училиште. За време на Втората светска војна, траект преку Сава во Бланца бил користен за главен контакт со партизанските единици во Долна Штаерска. Во 1949 година бил изграден граѓански центар, а во 1954 година пожарна. Населбата со проточна вода се снабдувала од акумулацијата Лопатец во 1966 година.[3]
Хидроцентрала
[уреди | уреди извор]На реката Сава од периодот помеѓу 2005 и 2008 година беше изградена хидроцентрала во близина на населбата. Таа има просечен годишен капацитет од 144 GWh, што одговара на приближно 1% од сегашното производство на електрична енергија во Словенија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Občina Sevnica“. www.obcina-sevnica.si. Посетено на 21 ноември 2021.
- ↑ Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. p. 64.
- ↑ Savnik, Roman (1976). Krajevni leksikon Slovenije, vol. 3. Ljubljana: Državna založba Slovenije. p. 388.