Прејди на содржината

Будимпешта

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Координати: 47°29′33″N 19°03′05″E / 47.49250° СГШ; 19.05139° ИГД / 47.49250; 19.05139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Будимпешта
Главен град
Главен град на Унгарија
Magyarország fővárosa
Знаме на БудимпештаCoat of arms of Budapest
ДржаваУнгарија
РегионЦентрална Унгарија
Обединување на Будим, Пешта и Обуда17 ноември 1873
Управа[1]
 • ГрадоначалникГергељ Карачоњ
Површина[2]
 • Главен град525,2 км2 (2,028 ми2)
 • Градска2.538 км2 (980 ми2)
 • Метро7.626 км2 (2,944 ми2)
Надм. вис.[5]{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „н“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „н“
}}
најниска (Дунав) 96 m
највисока (врвот Јанош) 527 м
Население (2017)[7][8]
 • Главен град1,752,286[6]
 • Ранг1st (9th in EU)
 • Густина3.388/км2 (8,770/ми2)
 • Градскo2,997,958[4]
 • Метро3,011,598[3]
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број1011–1239
Повикувачки број1
ISO 3166HU-BU
NUTS кодHU101
ИЧР (2018)0.901[9]многу висок · 1st
Мреж. местоBudapestInfo Official
Government Official

Будимпешта (унгарски: Budapest) — главен град на Унгарија[10] и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар.[11] Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556[12], што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км2.[13] Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.[13][14]

Аквинк (Aquincum) кој претставува келтскa колонија[15] е и директниот потомок на Будимпешта[16], станувајќи главен град на римската провинција Долна Панонија.[15] Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура[17] во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење[18], со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола[19]. Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.

Почитувана како една од најубавите градови на Европа,[10][20][21] нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот.[20][22] Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.

Историја

[уреди | уреди извор]
Будим во Средниот век, од Нирнбершката хроника (1493)

Познатата историја на Будимпешта почнува со римскиот град/колонија познат под името Аквинк (Aquincum), основан околу 89 година од новата ера, на место на стара келтска населба во близина на местото каде што настанала Обуда. Аквинкум од 106 година, па сè до крајот на IV век бил главен град на римската провинција Долна Панонија. На местото на денешна Пешта бил изграден градот Контра или Транс Аквинкум (Contra Aquincum или Trans Aquincum).

Областа околу 900 година ја освоиле Унгарците, кои после еден век го формирале Кралството Унгарија. Кога ја уништиле Монголите во 1241 година, Пешта веќе била значајно и големо место, и поради тоа повторно била брзо изградена, но Будим бил седиште на кралскиот двор од 1247, а во 1361 година станал главен град на Унгарија. Периодот на ренесансата доста влијаел за развитокот на градот. Значителе дел на градбите вклучувајќи ја и библиотеката се изградени во тој стил.

Османлиите го освоиле поголемиот дел на Унгарија во XVI век, и го прекинале развојот и растот на градот: Пешта од југ ја зазеле во 1526 година, а Будим 15 години подоцна. Додека Будим бил седиште на турскиот управник, Пешта била многу запуштена до 1686 кога ја освоиле Хабсбуршките владетели.

Пешта од 1723 година била седиште на административниот апарат на кралството, кој најмногу растел во XVIII и XIX век, и иницирал изразит раст во XIX век.

„Музејот на убавите уметности“ - градба во типичен ренесансен стил

Спојувањето на трите региони под една администрација, кое било иницирано од страна на унгарската револуционерна влада во 1849, брзо било поништено по повторното воспоставување на власт во тој регион на Хабсбурците. Конечно оваа одлука била спроведена од страна на автономната унгарска кралска влада, воспоставена под дејство на Австроунгарија во 1867 година. Бројот на станари во „обединетата“ престолнина пораснал во периодот од 1840 до 1900 година на 730 000.

Во XX век, поголем дел од станарите на градот бидел дел од преградието Ујпешт (Нова Пешта). Таа двојно го зголемила бројот на вкупното населенио во градот помеѓу 1890 и 1910 година. Поголем дел од индустријата на земјата се концентрирала во градот. Човечките загуби на Унгарија од Првата светска војна, а потоа и губењето на што повеќе територии од кралството (1920) како причини задале само привремен удар на бројот на населението, а Будимпешта станала престолнина на малата, но сега суверена држава. До 1930 подолгото градско јадро броело милион станари, со додатни 400 000 во предградијата.

Околу третина од 200 000 Евреи во Будимпешта биле убиени за време на нацистичкиот геноцид за време на германската окупација во Втората светска војна. Градот драстично бил рушен за време на советската опсада во зимата 1944, а се опоравил во 1950-тите и 1960-тите. Будимпешта за време на 1980-тите ја поделила судбината со градовите во другите европски држави, кога бројот на станари се намали под дејство на емиграцијата и намалениот наталитет.

Географија

[уреди | уреди извор]
Будимпешта гледана од сателит.

Површината на Будимпешта од 525 км2 лежи во централна Унгарија оградена со населби натрупани во округот Пешта. Престолнината се протега на 25 и 29 километри во правец југ-север, односно исток-запад. Реката Дунав навлегува во градот од север; подоцна ги опкружува двата острова, Обуда и Маргит.[13] Третиот остров Чепел е најголем од дунавските острови на Будимпешта. Реката што ги дели двата дела на градот е 230 m долга на најтесната точка во Будимпешта. Пешта лежи на рамното земјиште од Големата котлина, додека Буда е на ридесто земјиште.[13] Највисоката точка на врвовите во Будимпешта е врвот Јанос на 527 метри надморска височина. Најниска точка е линијата на реката Дунав која се наоѓа на 96 метри надморска височина. Шумите на Буда врвовите се еколошки заштитени.

Градот има променливо умерена клима која се одликува со снежното време на Трансданубија, променливата континентална клима на рамната и отворена Голема котлина на исток и скоро полусредоземното време на југ.[23]

Климатски податоци за Будимпешта
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 18.1
(64.6)
19.7
(67.5)
25.4
(77.7)
30.2
(86.4)
34.0
(93.2)
39.5
(103.1)
40.7
(105.3)
39.4
(102.9)
35.2
(95.4)
30.8
(87.4)
22.6
(72.7)
19.3
(66.7)
40.7
(105.3)
Прос. висока °C (°F) 1.2
(34.2)
4.5
(40.1)
10.2
(50.4)
16.3
(61.3)
21.4
(70.5)
24.4
(75.9)
26.5
(79.7)
26.0
(78.8)
22.1
(71.8)
16.1
(61)
8.1
(46.6)
3.1
(37.6)
15.0
(59)
Сред. дневна °C (°F) −1.6
(29.1)
1.1
(34)
5.6
(42.1)
11.1
(52)
15.9
(60.6)
19.0
(66.2)
20.8
(69.4)
20.2
(68.4)
16.4
(61.5)
11.0
(51.8)
4.8
(40.6)
0.4
(32.7)
10.4
(50.7)
Прос. ниска °C (°F) −4.0
(24.8)
−1.7
(28.9)
1.7
(35.1)
6.3
(43.3)
10.8
(51.4)
13.9
(57)
15.4
(59.7)
14.9
(58.8)
11.5
(52.7)
6.7
(44.1)
2.1
(35.8)
−1.8
(28.8)
6.3
(43.3)
Најниска забележана °C (°F) −25.6
(−14.1)
−23.4
(−10.1)
−15.1
(4.8)
−4.6
(23.7)
−1.6
(29.1)
3.0
(37.4)
5.9
(42.6)
5.0
(41)
−3.1
(26.4)
−9.5
(14.9)
−16.4
(2.5)
−20.8
(−5.4)
−25.6
(−14.1)
Прос. врнежи мм (ин) 38.5
(1.516)
36.7
(1.445)
37.4
(1.472)
47.2
(1.858)
64.5
(2.539)
69.8
(2.748)
50.4
(1.984)
49.5
(1.949)
42.7
(1.681)
46.9
(1.846)
59.9
(2.358)
49.3
(1.941)
592.8
(23.339)
Извор: www.met.hu[24]

Градскиот парк на Будимпешта го има едно од најголемите површини со мраз. Тој е дом на унгарското бенди. Б групата од Светското првентство во Бенди 2004 било одржано баш на ова место [1] Архивирано на 23 септември 2015 г., како и Светското бенди првенство за жени од 2007 [2] Архивирано на 21 јули 2011 г.. Будимпешта е исто така дом на Будимпешта Хонвед ФК, спорстки клуб најдобро познат по неговиот фудбалски тим.

Население

[уреди | уреди извор]

Вака изгледа историскиот развиток на населението во Будимпешта, почнувајќи од 1870 година:

Уметничка слика на Будимпшта (1894–1896).
Унгарската кралска палата (слика од 1930 г.).
Унгарскиот дом на операта и музиката, изградена за време на Австроунгарија.
Година Население
1870 302.085
1880 402.706
1890 560.079
1900 861.434
1910 1.110.453
1920 1.110.453
1930 1.442.069
1941 1.712.791
1949 1.590.316
1956 1.764.000
1958 1.560.079
1960 1.804.606
1970 2.001.083
1980 2.059.226
1990 2.016.681
2001 1.712.791
2005 1.695.814
2009 1.712.210
2010 1.721.556

Етнички групи

[уреди | уреди извор]

Население по националност според пописот од 2001 година.[25]:

Според Demographical Portrait проценката за населението во 2009 изгледа вака: 95,6% домородни Унгарци (91% етнички Унгарци, 4,6% Роми) и 4,4% странци (етнички Унгарци од Трансилванија, Романија, Војводина и Србија).[26]

Население според деноминации:[27]

На почетокот откако се обединиле трите града во 1873 година, Будимпешта имала 10 окрузи. На 1 јануари 1950, Будимпешта се обединила со неколку соседни гратчиња и бројот на окрузите се зголемил и тоа на 22 (Град Будимпешта). Во тоа време се направила и промена во редот, како и во големината на окрузите. Денеска постојат 23 окрузи, 6 во Буда, 16 во Пешта и 1 на островот Чепел. Секој округ може да биде поврзан со еден или повеќе делови на градот кои се именувани според поранешните гратчиња во состав на Будимпешта.[28]

Панорама на Будимпешта, покажувајќи ја Пешта од ѕидовите на Буда замокот.
Панорама фотографирана навечер од ридот Гелерт, ги покажува од лево кон десно Црквата Свети Матијаш, замокот Будим, Ланчениот мост и Парламентот на Република Унгарија.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Околу Будимпешта е концентрирана речиси 60% од индустријата на Унгарија. Тука се центрите за машинство, металургија и лесна индустрија. Повеќе индустриски претпријатија се наоѓаат во населбата Ујпешт и Обуда. Многу светски компании за производство на домашна опрема ги имаат сместено своите фабрики тука.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Зградата на Унгарскиот парламент.

Нео-готскиот парламент, освен другите работи коишто ги поседува, ја поседува и Светата Круна на Унгарија. Базиликата Свети Стефан (или Свети Стефан), каде што се чува Светата десна рака на пронаоѓачот и оформувач на првата унгарска држава Стефан I или Иштван I е исто така голема атракција. Унгарската кујна како и кафе културата се дел од главните знаменитосто на Будимпешта. Кремеш е првата кремпита направена специјално за кралицата Сиси. Денеска уште постојат римски остатоци во „Музејот Аквинкум“ како и остатоци од историски мебел во Замок-музејот „Нагитетени“

Буда замокот и реката Дунав, како и нејзините два брега се официјално признати и заштитени како Светско наследство на УНЕСКО.

Поранешната Кралска палата е исто така еден од симболите на Унгарија – и претставувал сцена за борби и војни од XIII век па наваму. Денеска на ова место се наоѓаат два импресивни музеја како и „Националната библиотека на Унгарија“. Соседната Сандор палата содржи канцеларии како и официјалната вила на Претседателот на Унгарија. Друго обележје на Будимпешта е Црквата Св. Матијас која е стара околу седумстотини години. Веднаш до неа се наоѓа споменик на првиот крал и пронаоѓач на Унгарија Св. Стефан, а позади се наоѓаат Рибарските кули, од каде што се добива голем панорамски поглед врз целиот град. Статуите на Турул, митската птица која е заштитник на Унгарија, се наоѓаат во округот замок и дванаесеттиот округ.

Светата Круна, клучен симбол на целата Унгарија.

Во Пешта најголема знаменитост претставува авенијата Андраси. Булеварите Кодали и Октогон од двете страни се оградени со големи продавници и згради кои се споени едни до други. Помеѓу нив и Плоштадот на хероите, куќите се одделени и поврзани заедно. Под сево ова се наоѓа најстарата континентална европска метро станица, станица од која повеќето денешни станици го презеле изгледот. Плоштадот на хероите доминира со статутите на сите унгарски кралеви и врвни луѓе значајни за историјата на Унгарија, како и со гробот на непознатиот војник. Од страните се наоѓаат „Музејот на убавите уметности“ и „Палатата на уметноста“, а позади е Градскиот парк отворен со Замокот Вајданхуниад. Еден од бисерите на авенијата Андраси е Унгарската оперска куќа. Паркот на статуите, чија тема се статуите од комунистичката ера е сместен надвор од центарот и до него може да се стигне со јавен транспорт.

Градот е домаќин на најголемата синагога во Европа (Дохани уличната синагога),[29] како и втората најголема работилница во светот.[30] Синагогата е сместена во еврејскиот округ оддалечена само неколку блока од центарот на Будимпешта. Градот исто така се гордее со третиот најголем парламент во светот, некогаш дури бил и најголем. Третата најголема црква во Европа (Есзтергом базилика), како и вториот најголем Барок замок во светот.

Во 2010 година, светски најголемата панорама била направена во (и на) Будимпешта.[31]

Островот Маргит.

Во реката Дунав се наоѓаат седум острови: Шипјард, Маргарет, Чепел, Палотај сзигет (сега полуостров), Непзигет, Харос-сзигет и Молнар-сзигет.

Најпознати острови се:

  • Островот Маргит е долг 2,5 км и зафаќа површина од 0.965 км2. Островот се состои од парк и е популарна рекреатицвна атракација како за туристите, така и за мештаните. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет (југ) и Арпад (север). Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот. За време на денот, островот во главно е зафатен со луѓе посветени на спортот или кои само се одмораат. За време на летото (најчесто за време на викендите), најчесто млади луѓе одат на островот на ноќни завави на некоја тераса од островот, или одат на рекреација со шише алкохол клупа или во трева (оваа форма на завава некогаш се нарекува забава на клупа)
  • Островот Чепел е најголемиот остров во Дунав на унгарска територија. Долг е 48 км, широк од 6 до 8 км и зафаќа површина од 257 км2.
  • Хајогиари-сзигет (или Обудаи-сзигет) е остров кој е подигнат од човек, сместен во третиот округ. Овој остров е домаќин на повеќе активности како бордање, скијање на вода преку денот, а за ноќниот живот се грижат дискотеките на негова територија. Ова е островот каде што познатиот Сзигет Фестивал се одржува, на кој има околу 100 изведби во една година, а го посетуваат околу 400.000 луѓе. Многу проекти се планираат за изградба на овој остров. Дел од нив се: најголем забавен центар во Европа, згради за живеење, хотели, казина и морнарница.
  • Лупа-сзигет е најмалиот остров на Будимпешта, сместен во северниот регион.

Една од причините поради што Римјаните први ја колонизирале областа која се наоѓала западно од реката Дунав и го оснавале нивниот регионален главен град кај Аквинкум (сега дел од Обуда во северна Будимпешта) е можноста да ги користат и уживаат во термалните извори. И денеска сѐ уште постојат урнатини на огромни бањи коишто биле изградени за време на тој период. Денешните бањи коишто биле изградени за време на отоманскиот период (1541-1686) се користеле и за бањање и за медицински услуги, и некои од нив дури се користат и денеска. Будимпешта во 1920-тите, доби репутација за град на бањите, поради економскиот потенцијал кој се вложувал во бањите. Како резултат на тоа во 1934 година и официјално Будимпешта била избрана за „Град на бањите“. Денеска бањите најмногу се користат од странана постарата генерација на луѓе, но со исклучок, во бањите „Магична бања“ и „Синтрип“ постојат т.н. диско клубови на вода каде што помладите претпочитаат да одат за време на летата. Градењето на „Кирали бањите“ започнало во 1565 година и поголем дел од зградата која е присутна денеска датира од оттоманскиот период, вклучувајќи ја познатата купола базен.

„Бањите Рудас“ не се бањи кои се одлична централна положба - тие се поставени на крива теста линија земја помеѓу ридот Гелерт и реката Дунав и претставуваат одличен пример на архитектура која датира од отоманскиот (или турскиот) период. Главната одлика е осумаголниот базен, кој добива светлина од купола со пречник од 10 м, поддржана од осум столбови.

Бањите Сечењи

Бањите и хотелот „Гелерт“ биле изградени во 1918 година, иако во минатото на истото место имало турски бањи, а во средниот век на истото место имало болница. Во 1927 бањите биле проширени со цел да се изгради брановиот базен како и уште едната бања кој била додадена во 1934 година. Со неговите шарени мозаици, мермерни столбови, обоени прозорци и скулптури, несомнено претставува еден од најубавите бањски комплекси во Будимпепта.

„Бањите Лукакс“ исто така се наоѓаат во Буда и тие се турски според „потеклото“, но сепак тие биле повторно подигнати кон крајот на XIX век. Во исто време биле подигнати и бањите и центарот за медицински третмани. Од 1950-тите овие бањи се сметаат за центар на интелектуалците и артистите.

„Сзеченуи термалните бањи“ претставуваат еден од најголемите бањнски комплекси во цела Европа, и единствената „стара“ термална бања која се наоѓа во Пешта. Внатрешната медицинска бања датира од 1913 година, а надворешните базени од 1927. Во целиот бањски комплекс има атмосфера на величественост која се добива од специфичните светла, најголеми базени кои потсетуваат на римските бањи, помалите бањски кади кои потсетуваат на бањската култура на Старите Грци, како и сауните и нуркачките базени кои се преземени од традицијата која се развивала во Северна Европа. Трите надворешни базени (од кои едниот е базен за забава) се отворени целата година, дури и во зима. Внатре има околу десет посебни базени, а тука се и на располагање различни видови медицнски третмани.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Аеродром

[уреди | уреди извор]
Меѓународниот аеродром на Будимпешта - Лист Ференц.
Карта на будимпештанското метро.

Меѓународниот аеродром Liszt Ferenc е најголемиот во земјата. Има два терминали кои се оддалечени од себе неколку километри. Помалиот, терминалот 1 е место каде што слетуваат low cost компаниите. Значително поголемиот терминал 2 е поделен на 2А каде слетуваат Malev, Air Malta, Moldavian Airlines, CSA Czech Airlines, Carpatair и 2В на којшто слетуваат сите останати компании.

Мостот Megyeri автопатот M0 , северен сектор.
Замок Хил жичарницата.

Будимпешта е најзначајниот унгарски патен терминал; сите главни автопати се сместени таму. Градот е и главен железнички терминал.

Прстенскиот пат M0 околу Будимпешта скоро била комплетиран и им овозможува на луѓето да одат околу Будимпешта од исток до запад и од север до југ, сепак нема директен пат од запад до север - мора да се оди преку југ.

Јавен транспорт

[уреди | уреди извор]

Јавниот транспорт на Будимпешта е овозможен од БКВ.[32] Јавниот транспорт во Будимпешта и не е толку скап. Билетот за превоз чини 0.75 евра во коиск или 0.85 евра доколку се купи во возило. Доколку планирате да го шетате целиот град, убава опција е и дневниот билет кој чини 4,6 евра, блок од 10 билети (6,6 евра) или тродневен билет (9,7 евра).

Метрото се состои од три линии - М1 (југозапад-североисток), М2 (исток-запад) и М3 (север-југ). Тоа е е во добра состојба и е едно од првите во светот. На линијата М1 сѐ уште се користат старите дрвени вагони, кои се нарекуваат и милениумски, бидејќи првата линија била изградена 1896 година на 1000 годишнината од унгарската нација.

Трамвајот е најдоброто превозно средство за туристи. Поспоро е од метрото, но и поинтересно бидејќи за време на возењето може панорамски да се разгледува градот.

Таму каде што не оди трамвајот, одат автобусите. Будимпешта има густа мрежа на автобуски линии. Ноќните автобуси се добро организирани и обично тргнуваат на секои 15 до 60 минути од 23-04 часот.

Железнички станици

[уреди | уреди извор]

Унгарските главни железнички станици се раководени од страна на МАВ. Постојат три главни железнички терминали во Будимпешта, Келети (која оди кон исток), Ниугати (која оди кон запад) и Дели (која оди кон југ), раководејќи и со домашните и меѓународните шински сервиси. Будимпешта била една од главните станици на „Ориент Експрес“ кога сообраќал на линијата Виена-Париз. Постои и предгратска железничка станица која е работи под името ХЕВ.

Водни патишта

[уреди | уреди извор]

Реката Дунав тече низ Будимпешта на нејзиниот пат кон Црното Море. Реката е доста пловна па поради тоа Будимпешта историски претставува најзначајно пристаниште (кај Чепел). Во летните месеци брод со подводни крила, плови на релација кон Виена и назад.

Железничката станица „Келети“

Трговски центри

[уреди | уреди извор]
Божиќна атмосфера во Будимпешта.

Будимпешта изобилува со хипермаркети како Аuchan, Tesco и Cora каде што храната е евтина, а изборот е огромен. За електронски апарати се задолжени Electro World и Media Markt. Особено интересен е трговскиот центар Nagy Vásárcsarnok каде што цените не се фиксни.

Сместување

[уреди | уреди извор]

Во Будимпешта постои сместување од сите категории и цени. Најскапите хотели се во близината на кралската палата, додека најевтините се од другата страна на реката, во предградието на Пешта.

Образование

[уреди | уреди извор]
Главната зграда на „Будимпештанскиот факултет за Технологија и Економија“. Овој универзитет е најстариот универзитет за технологија во светот, отворен во 1782.
Главната зграда на „Универзитетот Корвинус“.

Будимпешта е унгарскиот главен центар на образование и претставува дома на повеќе универзитети:

  • „Универзитет за Технологија и економија“
  • „Универзитет Корвинус“
  • „Еотвос Лоранд“
  • „Универзитет Семмелвеис“ (медицински универзитет)
  • „Свети Стефан, факултет за ветеринарни науки“
  • „Бизнис факултет - Будимпешта“
  • „Пазмани Петар Католички Универзитет“
  • „Кароли Гаспар - Универзитет на Унгарската Реформирана Црква“
  • „Еврејски Теолошки Универзит - Универзитет за Еврејски Студии“
  • „Централен Европски Универзитет“
  • Андраси Гуила - Унивезитет за германски јазик
  • „Мохоли-Наги - Универзитет за Уметност и Дизајн“
  • „Лизт Ференк - Академија на Музиката“

Хронолошка историја на Будимпешта

[уреди | уреди извор]
„Музеј Аквинкум“ (Аквинкум бил главен град на Панонија).
Гробот на турскиот дервиш Ѓул Баба во Будимпешта.
Реосвојување на замокот Буда (1686).
Буда и Пешта (1850).
Булеварот Андраси (1896)
Буда замокот преку ден.
Унгарскиот парламент.
Палатата Грешам.
Слаткарницата Гербеауд.
Година Настан
П.н.е.  Неолитски, бакарни-, бронзени и железни култури, Келтите направиле свои населби во денешна Будимпешта.
I век Римјаните ги пронашле населбите познати како Аквинкум, Контра-Аквинкум и Кампона. Аквинкум станал најголемиот град во Дунавскиот регион и еден од главните градов на Панонија.
V век Година на Хуните. Нивниот водач Атила изградил град за него тука (денешна Будимпешта) според последните извори.
896 После пронаоѓањето на Унгарија, Арпад, водач на Унгарците, се населува во „градот на Атила“, односно Аквинкум.
X век Од седум до десет унгарски племиња колку што биле на број, четири се населиле на територијата на денешна Будимпешта: Меѓер, Кесзи, Јено и Ниек.
1046 Епископот Гелерт умире во рацете на паганите на местото каде што денеска се наоѓа ридот Гелерт.
1241 За време на татарската инвазија, двата града биле уништени. Кралот Бела IV го изградил првиот кралски дворец на кралскиот рид во 1248 година. Новиот град го зема името Буда од неговиот претходник (денеска Обуда). Пешта била заградена со градски ѕидови.
1270 Света Маргарет умира во манастир на Островот на Зајаците (денешен Маргарет).
1458 Матијас Корвиниј бил избран за нов крал. За време на неговото владеење Буда станала главната точка на европската ренесанса. Умрел во 1490 година, откако Виена била освоена во 1485 г.
1541 Почеток на отоманската окупација. Отоманските паши изградиле голем број џамии и бањи во Буда.
1686 Буда и Пешта бил реосвоени од Отоманците под хабсбуршко водство. Двата града биле комплетно уништени во борбите.
1690-ти Неколку стотици Германци се населуваат.
1773 Бил избран првиот градоначалник на Пешта.
1777 Марија Тереза Австријска го префрлила „Будимпештанскиот факултет“ на кралскиот рид.
20 мај 1795 Игњат Мартиновиќ и други јакобински водачи се погубени на Вермезо или „Полето на крвта“.
1810 Оган во округот Табан.
1825 Почеток на реформаторската ера. Пешта станува културен и економски центар на државата. Првиот Национале театар бил изграден, заедно со „Унгарскиот Национален Музеј“ и Ланчаниот мост.
1838 Најголема поплава во последно време во март. Пешта била целосно поплавена.
15 март 1848 Почеток на револуцијата и војната за независност (1848-49). Пешта е заменета со Братислава која сега е главен град на Унгарија и седиште на владата и парламентот.
1849 Австријците го окупираат градот во ран јануари, но унгарската армија за национална одбрана го презема повторно во април, заземајќи ја тврдината во Буда на 21 мај, после 18 дневен отпор. Во јули, хабсбуршката армија повторно ги зазема двата града.
6 октомври 1849 Лајос Батијани, првиот унгарски премиер е погубен.
1867 Компромис меѓу Австрија и Унгарија.
1873 Поранешните градови: Пешта, Буда и Обуда се обединуваат, и со тоа унгарската столица е официјално воспоставена под името Будимпешта.
1878 Електрична струја е инсталирана во центарот на градот.
1893 Електрификацијата на цела Будимпешта е завршена
1896 Милениумски славења, Милениум метрото и мостот на слободата се отворени.
1909–1910 Уличната електрификација е проширена и во предградијата, блиските гратчиња и села добиваат градска струја.
1910 Се случува попис со резултати 880.000 луѓе во Будимпешта и 55.000 во најголемото предградие Ујпешт (сега дел од Будимпешта). Кога станува збор за религиите 60,9% се припадници на католицизмот, 23,1% се Евреи, 9,9% калвинисти и 5,0% лутеранци. Ујпешт е составена од 65,9% католици, 18,4% Евреи, 9,7% калвинисти и 4,5% лутеранци. Процентот на етнички Германци во Будимпешта е 9,0%, а во Ујпешт 5,7%, додека 2,3% од населението се изјаснува како словачко.
1918–1919 Револуција и 133 дена од формирањето на Унгарската Советска Република (март-август 1919) на чело со Бела Кун. Формирана е првата комунистичка влада во Европа после Октомвриската револуција во Русија.
1924 Подигната е Националната унгарска банка.
1925 Унгарското радио започнува со пренос.
1933 Растурањето на собранието на табанците започнува.
19 март 1944 Будимпешта е окупирана од Германците. Во тој период на окупација, имало околу 184.000 Евреи и помеѓу 65.000 до 80.000 христијани кои биле сметани за Евреи во градот. Помалку од половина од нив (околу 119.000) успеале да се спасат во тогашните минати 11 месеци.
26 дек. 1944 - 13 фев. 1945 Советските и романските ја опсадиле Будимпешта од 15 до 18 јануари. Германците кои се повлекувале ги уништиле си мостови на Дунав. На 18 јануари, Пешта целосно била окупирана од СССР. Буда замокот потпаднал под окупација на 13 февруари. Втората светска војна ги одзела животите на околу 200.000 жители на Будимпешта и видно го уништила градот.
23 окт. - 4 ноем. 1956 Настанува унгарска револуција, а завршува со инвазија на голема советска сила.
1960-ти Штетите настанати од војните во поголем број биле поправени. Главниот мост или мостот Елизабет бил завршен во 1965 година.
1970–1972 Првата фаза на исток-запад метрото започнува.
1982 Првата фаза на север-југ метрото започнува.
1987 Замок ридот и бреговите на Дунав се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
1990 Градот е дом на 2.016.100 граѓани.
2002 Булеварот Андраси е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Милениум метрото, и Плоштадот на хероите.
2006 Унгарски протести.
2006 200 км од 1000 км во главно ниво, под раководство на локалната власт е се обновени после 80 км во претходната година. Најдолгите светски трамваји Siemens Combino Supras почнуваат со работа на Големиот Булевард, а до крајот на годината 150 Волво 7700 автобуси ги замениле застартените БКВ флоти. Реконструкцијата на метро линијата 2 завршила.
2008 Источниот дел на автопатот M0 заедно со мостот Меѓери околу градот е завршен и пуштен во употреба. Новиот северен железнички исто така бил завршен и пуштен во употреба.
2008 Во текот на годината, 400 км на пат[33] биле реконструирани како дел од програмот за реконструкција на патиштата во пар со цевки (греење и вода) и било извршено проширување или замена на канализацискиот состав на оние места каде што било потребно.
2009 Во периодот 2007-2009 била завршена комплетната реконструкција на Мостот на слободата[34] заедно со патеките во трамвајската зона.
2009 Почнала реконструкцијата на мостот Маргит[35] и е планирана да заврши во 2011.
2010 Центрите за прочистување на вода започнуваат со работа на нормален начин.
2010 Тунелот од метро линијата 4 е завршен.

Интернационални врски

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Будимпешта е збратимена со:[36][37][38]

Држава Град Округ / Регион / Држава Датум
Австрија Австрија Виена Виена 1990
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Сараево Кантон Сараево 1995
Бугарија Бугарија Софија Град Софија
Кина НР Кина Пекинг Пекинг 2005[39]
 Хрватска Загреб Загреб 1994[40]
 Франција Париз Париз 1956
 Германија Берлин Берлин 1992[41]
 Германија Франкфурт Хесен 1990
 Индонезија Џакарта Џакарта 2009[42]
 Израел Тел Авив Округ Тел Авив 1989[43]
 Италија Фиренца Тоскана 2008[44]
 Полска Варшава Полска 2005[45]
 Португалија Лисабон Дистрикт Лисабон 1992
 Романија Букурешт Букурешт 1991
 Словачка Кошице Регион Кошице 1997[46]
 Јужна Кореја Дежон Дежон 1994
 Тајланд Бангкок Бангкок 2007
 Украина Лавов Украина 1993[47]
 САД Форт Ворт Тексас 1990[48]
 САД Њујорк Њујорк 1992[49]

Исто така некои од окрузите на градот се збратимени со мали градови или окрузи на некои други големи метрополи.

Партнерство

[уреди | уреди извор]

Будимпешта како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Будимскиот крал и кралицата“ (Будимски краљ и краљица) - српска народна песна.[51]
  • „Што се саит под Будима града“ - македонска народна песна.[52]
  • „Ние, среќните пештанци“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[53]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • DK Publishing, Budapest: Eyewitness Travel Guildes (2007). DK Travel. 978-0756624354. Отсутно или празно |title= (help)
  • Barber, Annabel (2004). Visible Cities Budapest: A City Guide. Somerset.
  • Ungvary, Krisztian (2006). The Siege of Budapest: One Hundred Days in World War II. Yale University Press. 978-0300119855.
  • Molnar, Miklos (2001). A Concise History of Hungary. Cambridge Concise Histories (Fifth printing 2008. изд.). Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 9780521667364.
  1. „The Municipality of Budapest (official)“. 11 September 2014. Посетено на 11 September 2014.
  2. „Budapest“. Encyclopædia Britannica. 11 September 2014. Посетено на 11 September 2014.
  3. „Metropolitan Area Populations“. Eurostat. 21 October 2019. Посетено на 18 November 2019.
  4. „Functional Urban Areas – Population on 1 January by age groups and sex – 2019“. Eurostat. 2020. Посетено на 18 November 2019.
  5. „Best view in Budapest from the city's highest hilltop“. stay.com – Budapest. 11 September 2014. Архивирано од изворникот на 23 June 2010. Посетено на 11 September 2014.
  6. „Population by type of settlement – annually“. Hungarian Central Statistical Office. 12 April 2016. Посетено на 12 April 2016.
  7. „Gazetteer of Hungary, Hungarian Central Statistical Office, 2012“ (PDF). Посетено на 2 October 2013.
  8. „Budapest City Review“. Euromonitor International. December 2017. Посетено на 8 May 2014.
  9. „Sub-national HDI - Subnational HDI - Global Data Lab“. globaldatalab.org.
  10. 10,0 10,1 „Beauty and the Feast“. Time. 2002-03-18. Архивирано од изворникот на 2008-10-09. Посетено на 2008-05-22. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. „Budapest“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2008. Посетено на 2008-01-30.
  12. „Gazetteer of the Republic of Hungary“ (PDF). Hungarian Central Statistical Office. 2009-01-01. Посетено на 2009-08-25.[мртва врска]
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Török, András. „Budapest“. Encarta. Архивирано од изворникот на 2008-03-28. Посетено на 2008-04-06.
  14. Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15.
  15. 15,0 15,1 „Aquincum“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2008. Посетено на 2008-05-22.
  16. Sugar, Peter F.; Péter Hanák, Tibor Frank (1990). A History of Hungary. Hungary before the Hungarian Conquest. Indiana University Press. стр. 3. ISBN 025320867X. Посетено на 2008-05-19.
  17. Drake, Miriam A. (2003). „Eastern Europe, England and Spain“. Encyclopedia of Library and Information Science. CRC Press. стр. 2498. ISBN 0824720806. Посетено на 2008-05-22.
  18. Molnar, A Concise History of Hungary, Chronology pp. 15
  19. . "A Roster of World Cities". Loughborough University.  (консултирано на 2008-05-22)
  20. 20,0 20,1 „Nomination of the banks of the Danube and the district of the Buda Castle“ (PDF). International Council on Monuments and Sites. Посетено на 2008-01-31.
  21. Lyman, Rick (2006-10-03). „Budapest Is Stealing Some of Prague's Spotlight“. The New York Times. Посетено на 2008-01-29.
  22. „World Heritage Committee Inscribes 9 New Sites on the World Heritage List“. Unesco World Heritage]] Centre. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  23. „Budapest:When to go“. Lonely Planet. Архивирано од изворникот на 2008-04-17. Посетено на 2008-04-06.
  24. „Monthly Averages for Budapest, Hungary (based on data from 1901–2010)“. Hungarian Meteorological Service]]. Архивирано од изворникот на 2008-11-12. Посетено на 2010-06-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  25. „Population by nationalities“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Посетено на 2008-05-30.[мртва врска]
  26. „Budapest's population is increasing“. Index.hu. 2010. Посетено на 2010-03-30.
  27. „Population by religions, denominations“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Архивирано од изворникот на 2005-04-22. Посетено на 2008-05-30.
  28. Budapest Corner, Downtown and Districts, Архивирано од изворникот на 2011-07-08, Посетено на 2010-08-13
  29. Kulish, Nicholas (2007-12-30). „Out of Darkness, New Life“. The New York Times. Посетено на 2008-03-12.
  30. „In the Neighbourhood: the Synagogue“. Hotel Ambra.
  31. http://www.70-billion-pixels-budapest.com/index_en.html
  32. Rail, Evan (2007-08-12). „36 Hours in Budapest“. The New York Times. Посетено на 2008-01-29.
  33. „Road Reconstruction Portal“. Official Webpage of the Local Government of Budapest. Архивирано од изворникот на 2010-10-09. Посетено на 2010-09-26.
  34. „Article on Infrastructural Investments“. Official Webpage of the Local Government of Budapest.[мртва врска]
  35. „News on the reconstruction of Margaret Bridge“. Official Webpage of the Local Government of Budapest. 2008-06-10.[мртва врска]
  36. „Sister City - Budapest“. Official website of New York City. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2008-05-14. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  37. „Sister cities of Budapest“ (унгарски). Official Website of Budapest. Архивирано од изворникот на 2005-03-09. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  38. „Who knows less about Budapest? A quiz with mayor candidates“ (унгарски). Index. Посетено на 2008-01-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  39. „Sister Cities“. Beijing Municipal Government. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 2009-06-23.
  40. „Intercity and International Cooperation of the City of Zagreb“. © 2006–2009 City of Zagreb. Архивирано од изворникот на 2017-07-07. Посетено на 2009-06-23.
  41. „Berlin's international city relations“. Berlin Mayor's Office. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2009-07-01.
  42. „The Jakarta Post - Hungarian envoy builds new links with RI“. The Jakarta Post.
  43. „Tel Aviv sister cities“ (хебрејски). Tel Aviv-Yafo Municipality. Архивирано од изворникот на 2009-02-14. Посетено на 2009-07-01.
  44. „Hízelgő a magyar fővárosnak: Firenze testvérvárosának fogadta“. Népszabadság (унгарски). Ringier. 2008-05-17. Посетено на 2008-05-30.
  45. „Miasta partnerskie Warszawy“. um.warszawa.pl. Biuro Promocji Miasta. 2005-05-04. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2008-08-29.
  46. „Partnership towns of the City of Košice“ (словачки). © 2007-2009 City of Košice Magistrát mesta Košice, Tr. SNP 48/A, 040 11 Košice. Архивирано од изворникот на 2009-08-17. Посетено на 2009-07-12. Надворешна врска во |publisher= (help)
  47. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-18. Посетено на 2010-08-16.
  48. „Fort Worth Sister Cities“. fwsistercities.org. Посетено на 17 February 2010. Text " The world is ready. The time is now." ignored (help)
  49. „NYC's Sister Cities“. Sister City Program of the City of New York. 2006. Архивирано од изворникот на 2008-05-21. Посетено на 2008-09-01.
  50. „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.
  51. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
  52. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 83.
  53. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 19-20.

наслов на врска

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Статијата „Будимпешта“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).