Прејди на содржината

Валтер Ратенау

Од Википедија — слободната енциклопедија

Валтер Ратенау (германски: Walther Rathenau; 1867-1922) - германски индустријалец и политичар.

Валтер Ратенау

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ратенау бил директор на картелот за електрична енергија, а за време на Првата светска војна бил главен снабдувач на набавките на суровини за германското министерство на војната. По завршувањето на војната, тој објавил многу влијателен памфлет во кој се залагал за продолжување на военото планирање на германската економија и во мирновременски услови. Како прогресивен интернационалист и Евреин, тој бил убиен во атентат во 1922 година, наскоро по неговото именување за министер за надворешни работи.[1]

  1. F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 186-187.