Прејди на содржината

Вестминстер

Координати: 51°29′58″N 0°08′00″W / 51.4995° СГШ; 0.1333° ЗГД / 51.4995; -0.1333
Од Википедија — слободната енциклопедија
51°29′58″N 0°08′00″W / 51.4995° СГШ; 0.1333° ЗГД / 51.4995; -0.1333
Вестминстер
Westminster

Вестминстерската палата
Вестминстер во рамките на Greater London
Вестминстер

Вестминстер во рамките на Голем Лондон
Мреж. реф. TQ295795
    - Черинг Крос 0.8  (0.5 ми)  СИ
Лондонска околија Вестминстер
Церемонијална грофовија Голем Лондон
Регион Лондон
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град LONDON
Поштенска област SW1
Повикувачки број 020
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент Град Лондон и Град Вестминстер
Лондонско собрание Западен Центар
Список на места: ОК • Англија • Лондон

Вестминстер (анг. Westminster) — реон во централниот дел на Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската палата како и Британскиот парламент.

Вестминстер се наоѓа југозападно од Сити и 0,8 км југозападно од Черинг Крос.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон.

Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес.

Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски модел на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој модел е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска Империја.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]